Д-р Василка АЛЕКСИЌ, редовен професор (во пензија), е родена на 30 ноември 1938 г. во Прилеп. Средното образование го завршила во Прилеп и во Скопје. Во учебната 1956/57 г. се запишала на студии на групата за хемија при Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1961 г., како првенец на својата генерација и воедно како студент што најбрзо ги завршил студиите (три години и седум месеци) во историјата на високошколската настава по хемија. Докторирала во 1974 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје со одбрана на тезата „Студии во редот на N-супституирани тиоамиди - прилог кон изучувањето на реактивоспособноста на тиоамидната група”, под менторство на проф. д-р Мирослава Јанчевска-Николовска. По дипломирањето, работела во електрохемискиот комбинат „Биљана” во Скопје. Во 1963 г. е примена за асистент на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје и во ова звање е преизбирана неколку пати. Набрзо по докторирањето (1975 г.) е избрана за доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1982 г. е избрана за вонреден професор на Хемискиот факултет во Скопје, а во 1987 за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во пензија заминува во октомври 2001 г. Во периодот откако е првпат избрана за наставник, проф. Алексиќ држела настава по повеќе предмети: хемија за студентите од Градежниот факултет, хемија за студентите од Шумарскиот факултет, неорганска хемија за студентите од Фармацевтскиот факултет, неорганска хемија I и II за студентите по хемија и неорганска хемија и хемиска технологија за студентите на групата биологија-хемија. Држела настава и по предметот хемија на Вишата техничко-технолошка школа во Врање. Научната работа на проф. Алексиќ е од областа на органската синтеза. Од вкупно 41 печатен труд два се печатени во меѓународни списанија, 18 во списанија во Република македонија а 21 во зборници од научни собири во и надвор од Република Македонија. Презентирала и 40 соопштенија (3 на интернационални собири, 5 на национални собири надвор од РМ и 20 на национални собири во РМ). Напишала едно учебно помагало за полагање на квалификациони испити и три учебника за средно образование. Напишала едно учебно помагало за полагање на квалификациони испити и три учебници за средно образование. Проф. Алексиќ има напишано (заедно со проф. Јорданоски) и учебник по неорганска хемија за студентите од Шумарскиот факултет во Скопје. Учествувала во изработката на 6 научноистражувачки проекти. Била продекан за настава и наука на Хемискиот факултет (1979-1981) и раководител на Заводот за неорганска хемија (1989-1991).Учествувала во изработката на 6 научноистражувачки проекти. Била продекан за настава и наука на Хемискиот факултет (1979-1981) и раководител на Заводот за неорганска хемија (1989-1991).