- д-р Вера Јордановска

Предмети



Биографија

Д-р Вера ЈОРДАНОВСКА, редовен професор (во пензија), е родена на 30 октом­ври 1938 г. во с. Ехлоец, Кичевско. Со средно обра­зование се здобила во Скопје (Гимназија „Јосип Броз Тито”) и во учеб­ната 1957/58 г. се запишала на студии по хемија на При­родно-матема­тичкиот факултет во Скопје. Дипло­мирала во 1961 г. Во учебната 1973/74 г. се запишала на постдипломски студии на Природно-матема­тички­от факултет во Скопје, насока за неор­ганска и аналитичка хемија. Магистрирала на Хемискиот факултет во Скопје во 1979 г., под менторство на проф. д-р Димче Тошев, бранејќи ја темата „Јонско-изме­нувачка спектрофото­мет­риска метода за опреде­лување микро­количини ванадиум во некои природни води на СР Македонија”. Во учебната 1979/80 г. била на сту­дис­ки престој на Fakulteta za naravoslovje in tehnologijo во Љуб­љана, кадешто под рако­водство на проф. д-р Јоже Шиф­тар работела врз својата докторска дисертација. На Универзитетот “Едвард Кардељ” во Љубљана, во 1982 г., ја од­бранила тезата „Dvojni oziroma kompleksni sulfati - sintezne, strukturne in termo­ana­lizne razis­ka­ve” и се здо­би­ла со академскиот степен доктор на науки. По дипломирањето, од 1961 до 1964 г., работела во фаб­ри­ката „Лафома” во Скопје како аналитичар. Во 1964 г. е избрана за асистент. Во ова звање е повеќепати преизби­рана, а во 1982 г. (по докторирањето) е избрана за доцент на Хемискиот факул­тет во Скоп­је. За вонреден професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје е избрана во 1988 г., а за редовен професор во 1993 г. Во пензија заминува во октомври 2002 г. Изведувала настава по повеќе предмети: општа хемија (за студентите биолози), органска хемија (за студентите од Педагошката академија), хемија (за студентите од интер­дис­цип­­линар­ните студии за заштита при работа и интердисциплинарните студии за инженерство на животната средина), основи на неорганската хемија и систематика на елементите (за сту­дентите по хемија). На постдипломските студии по хемија и е дове­рено изведување настава по коорди­на­циона хемија. Работи во подрачјата на неорганската, орган­ската и анали­тич­ката хемија, а посебно на структурната хемија и комплек­сни­те сое­ди­ненија. Се зани­ма­ва со синтеза на нови со­един­е­нија, нивна иден­ти­фи­кација и испитување на нив­ните својства. Ги употребува спектро­скоп­ските, дифрак­ционите и термичките методи, како и методот на атомската апсорпциона спектро­метрија. Досега објавила 88 трудви (45 во меѓу­на­род­ни списанија, 6 во нацио­нал­ни списанија печатени надвор од Република Македонија, 26 во нацио­нални списанија издавани во Маке­донија и 3 во зборници на трудови). Од 30 соопштенија на конгреси/сове­ту­ва­ња, 12 се презентирани на интер­на­цио­нални научни собири, 12 на национални собири одр­жани надвор од Македонија и 6 на собири одржани во РМ. Има издадено збирка задачи по општа хемија. Била раково­дител на два и учесник во повеќе научноистражувачки проекти. Според Science Citation Index, објавените резултати од науч­на­та ра­бо­та на про­фе­сор Јордановска се цитирани 145 пати. Била рецензент на десетина трудови за интерна­ци­онални списанија. Д-р Јордановска била ментор на две магистерски работи одбранети на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Го владее со англискиот и германскиот јазик.

Престои

Освен студискиот престој на универзитетот во Љубљана, била на четиримесечен студиски престој во Институтот за неорганска хемија во Ерланген, Германија (1982), како и на краток престој на Институтот за хемија во Рим, Италија (1985).

© 2023. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.