- д-р Корнелија Стојанова

Предмети



Биографија

Д-р Корнелија СТОЈАНОВА, редовен професор (во пензија), е родена на 24 де­кем­­ври 1936 г. во Штип. Средното образование го завр­ши­ла во родното место. Во учебната 1955/56 г. се запишала на студии по хемија на Филозофскиот факул­тет во Скопје. Ди­п­ло­мирала во 1960 г. на Природно-математич­киот фа­кул­­тет во Скопје. Магис­тер­ската ра­бота „Испитување на комплексите на јоните од олово и кадмиум во раствори од монохлор­килибарна киселина” ја работела под менторство на проф. д-р Благоја Топу­зовски. Магистрирала во 1978 г. на Хемискиот факул­тет во Скопје. Докторската дисертација „По­ла­рографска студија на реакцијата на паладиум хлорид со урина и со некои нејзини состојки” ја работела под мен­тор­ство на проф. д-р Д. Јовановиќ (Белград) и проф. д-р Бла­гоја Топузовски и ја одбранила во 1983 г. на Хемискиот факул­тет во Скопје. Во 1960 г. е вработена во Електрометалуршкиот комбинат „Југохром” во Јегу­нов­це. Во 1962 г. е примена за асистент на Хемискиот ин­сти­тут при Природно-математич­киот факултет во Скопје. Во ова звање е преизбирана пове­ќепати. Во 1983 г. е избрана за доцент на Хемискиот факултет во Скопје. На Природно-матема­тич­киот факул­тет во Скопје е избрана за вонреден (1988 г.) и редовен про­фе­сор (1993 г.). Пензионирана е во октомври 2001 г. Изведувала настава по физичка хемија I и II (за студентите од Рударско-геолош­киот факултет во Штип), одбрани поглавја од електрохемијата (за студентите од аналитич­ко-струк­тур­на­та насока на групата хе­ми­ја) и физичка хемија (за студентите на двопред­метните студии по биологија-хемија). На постдип­лом­ските студии по хемија и е доверено изведување настава по предметот современи електро­ана­ли­тички методи. Главно под­рач­је на научен интерес и е од областа на елек­тро­хе­ми­јата и анали­тич­ка­та хемија. Специјалност и е поларо­граф­ски­от метод. Досега објавила 33 трудови (8 во меѓународни списанија, 13 во домашни списанија, 8 трудови се објавени во Зборници на трудови од конференции во странство и 4 тру­до­ви се објавени во збор­ни­ци на трудови од домашни конференции). Нејзините трудови досега се цитирани 13 пати. Презентирала и 66 соопштенија (50 на интернационални собири и 16 на собири во Македонија). Била рецензент на 2 трудови во странски списанија и на 2 тру­да во домашни списанија. Била претседател на Научен одбор на една научна конференција и член на Научен/Орга­низа­ци­о­нен одбор на 5 научни конференции. Била и уредник на еден Зборник на трудови на научна конференција. Вкупниот број научно­ис­трa­жу­вач­ки проекти во кои учествувала е 15, од кои како раководител на два домашни проекти, член на 3 меѓународни проекти и на 10 домашни проекти. Била ментор на еден кандидат за магистерска работа и на 10 дипломски работи. Од 1989 до 1991 г. била раководител на Заводот за физичка хемија. Добитник е на Златна плакета во 1989 г., по повод 40 – годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, како и плакета по повод 50 години Природно-математички факултет (1946-1996). 

Книги

Позначајни 5 трудови на проф. Стојанова се: К. Стојанова, Љ. Стојадинови¸, С. Петровска-Јованови¸, Реакција на метилирани деривати на хистидин со паладиум хло­рид, Макмедпреглед5-6, 143-146 (1991); К. Стојанова, С. Петровска-Јованови¸, Б. Јорданоски, Опре­де­лу­ва­­ње на талиум во водите за пиење со примена на диференцијален пулс анодна стрипинг волтаметриски метод, ПрилозиОдделение заматематичко-технички наукиМАНУXIV, 43-52 (1993); V. Mirčeski, S. Petrovska-Jovanović, K. Stojanova, B. Jordanoski, Electrochemical behaviour of selenium(IV) during electrolysis by square-wave voltammetry after deposition on a hanging mercury drop electrode, JSerbChemSoc59, 573-580 (1994); K. Stojanova, R. Gulaboski, V. Mirčeski, S. Petrovska-Jovanović, Adsorptive stripping square-wave voltammetry in­ves­ti­ga­tion of creatine, Anal. Lett32, 2937-2950 (1999); V. Mirčeski, R. Gulaboski, S. Petrovska-Jovanović, K. Stojanova Caracteri­za­tion of the redox reactin of V(V) in amonia buffers by SWV, Portugal Electrochemcal Acta19, 25-41 (2001).

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.