- д-р Благоја Топузовски

Предмети



Email b@t.com

Биографија

Д-р Благоја ТОПУЗОВСКИ, редовен професор, роден e на 10 февру­ари 1932 г. во Галичник. Средно образование завршил во гимназијата „Цветан Димов” во Скопје. Во учебната 1951/52 година се запишал на студии по хемија на Филозоф­скиот факул­тет во Скопје. Дипломирал во 1956 година на матичниот факул­тет. Док­торската дисертација ја рабо­тел под менторство на проф. Иван Филиповиќ (професор на Универ­зитетот во За­греб). Док­то­рирал на Природно-мате­матичкиот факултет во Скоп­је во 1965 година, бранејќи ја тезата „Испитување на ком­плек­сите на метални јони во раствори од глицеринска ки­­се­­лина”. Од 1955 година бил ангажиран на Катедрата за хеми­ја на Филозофскиот факултет за изведување на практичната настава по аналитичка хемија. Во 1958 година Благоја Топузовски е при­мен за асис­тент на Хемискиот институт при Природно-мате­матич­киот факултет во Скоп­­је. По докторирањето (во 1967 година) избран е за доцент. За вонреден професор избран е во 1973 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а за редо­вен - во 1979 година на Хе­мис­киот факултет во Скопје. Од 1 октомври 1996 година е во пензија. Проф. Топузовски изведувал настава по физичка хемија (за студентите по хе­мија), општа хемија (за студентите по физика) и долга низа години, настава по меди­цин­ска хемија (за сту­дентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет). Проф. Топузовски бил ментор при изработката на една докторска дисертација и две мегистерски работи, а бил член на комисии за одбрана на повеќе докторски и магистерски тези. Повеќе години бил член на Унијата на хемиските друштва на поранешна Југославија за изработка на хемиската терминологија. Проф. Топузовски реализирал 4 кратки студиски престои на Карловиот универзитет во Прага. Научно­ис­тражувачката работа му била од областа на електроана­литичката хемија. Се за­нимавал со определување на константите на стабилност на метални јони со лиганди на органски киселини. Тој е основоположник на поларографските испитувања на Институтот за хе­мија. Бил раководител и учесник на повеќе научноистражувачки проекти. Во текот на работниот век проф. Топузовски вршел многубројни одговорни функции: бил про­декан на Хемискиот и на Природно-математичкиот факултет, шеф на Институтот за хе­мија, раководител на Заводот за неорганска хемија и претседател на Советот на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје. За својата работа е одликуван со Орден на трудот со златен венец. Добитник е и на Медал за воени заслуги. По кратко боледување, почина на 1 јуни 2019 година во Скопје.

Книги

Објавил 35 трудови (четири трудови во меѓународни списанија и 32 пре­тежно во национални спи­са­нија и зборници на трудови издавани во Маке­до­ни­ја). Неговите трудови се цитирани 7 пати. Од 50-те соопштенија, 20 се презентирани на национални собири надвор од Република Македонија и 30 на национални со­бири одржани во Македонија. Автор е на четири учебници за средното насочено образование и на едно учебно пома­гало за полагање на квали­фикациониот испит на Медицинскиот факултет во Скопје.

© 2023. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.