СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА
Се известуваат студентите на Институтот за хемија дека право на полагање испит во ноемвриската испитна сесија во учебната 2026/2027 година имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2026/2027 година и уредно го имаат заверено летниот семестар во учебната 2025/2026 година.
Во оваа испитна сесија студентите имаат право да полагаат само еден испит од летниот семестар во учебната 2025/2026 година.
Термини за полагање:
Пријавување на испитите
Студентите задолжително треба да ги пријават испитите електронски, преку системот iKnow, во периодот од 16 до 27 октомври 2026 година, како и во хартиена форма, во Одделението за студентски прашања.
На денот на полагањето студентите задолжително треба да носат индекс.
од Институтот за хемија
Почеток на наставата по Инструментални аналитички методи
Предавањата по предметот Инструментални аналитички методи за студентите од трета година, сите насоки, ќе почнат во вторник, 06.10.2026 година, во 8.00 часот, во предавална 101.
Предметен наставник: проф. д-р Марина Стефова
ТЕОРЕТСКА НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА
Предавањата од Теоретска неорганска хемија ќе почнат на 7.10.2026 (среда) од 10 ч. во П124.
Предметен наставник:
проф. д-р Билјана Пејова
Термин за првиот час по предметот УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Првиот час по предметот УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА ќе се одржи на 07.10.2025 година, среда, со почеток во 9.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
Термин за првиот час по предметот ХЕМИЈА (за студентите од Нутриционизам и Математика-физика)
Првиот час по предметот ХЕМИЈА (за студентите од Нутриционизам и Математика-физика) ќе се одржи на 05. 10. 2025 година, понеделник, со почеток во 10.00 часот, во предавална 125 на Институтот за хемија.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I
Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година ќе се одржи на 05. 10. 2025 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
Важни напомени за конкурирање на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
- УППИ 2026 образец
Соопштение за третата (августовско-септемвриска) испитна сесија во учебната 2025/2026 година
ЛИНК ДО СООПШТЕНИЕТО ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
Термини за ТРЕТАТА испитна сесија воучебната 2025/2026 година од надворешните професори
КОНКУРСИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПРВ, ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА
Увид, консултации и оцени кај проф. Миха Буклески
Увид во испитите, консултации и земање оцена по предметите кај професор Миха Буклески, во деновите:
- 29.6.2026, понеделник, од 10 до 12 h, просторија 306
- 1.7.2026, среда, од 10 до 12 h, просторија 306