Презентација на проектни задачи од праксата во Алкалоид АД Скопје
На 30 септември 2026 година, седум студенти од Институтот за хемија при ПМФ – УКИМ, учесници во летната пракса „Млади таленти“ во соработка со „Алкалоид“, ги презентираа резултатите од своите проектни задачи онлајн преку MS Teams, пред менторите од компанијата и професорите од Институтот.
Проектите опфатија теми од аналитичката хемија, контролата на квалитетот на лековите, фармацевтската регулатива, управувањето со документација и продажбата на хемикалии. Студентите покажаа способност за идентификување проблеми, примена на соодветни методолошки пристапи и аргументирање решенија засновани на научни концепти.
Презентациите на Стефанија Стојановска, Јована Величковска, Нина Талеска, Македонка Гошевска, Стефанија Кировска, Огнен Василевски и Тијана Димитровска ги потврдија придобивките од стручната пракса во реална индустриска средина и значењето на партнерството меѓу академската заедница и стопанството за развојот на практичните, аналитичките и истражувачките компетенции на студентите.
Проф. д-р Ioana Luiza Gaina од Универзитетот Бабеш-Бољ одржа гостинско предавање во рамките на Erasmus+
На 4 септември 2026 година, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет – УКИМ, проф. д-р Ioana Luiza Gaina од Факултетот за хемија и хемиско инженерство при Универзитетот Бабеш-Бољ во Клуж-Напока, Романија, одржа гостинско предавање во рамките на програмата Еразмус+, под наслов:
„Phenothiazine, Phenazathionium, and Porphyrin Dyes for Cell Staining, Photodynamic Therapy, and Materials Applications“.
Настанот придонесе за размена на научни знаења и искуства, запознавање со современи истражувачки теми и зајакнување на меѓународната академска соработка.
Научни успеси на Институтот за хемија на листата на 2% највлијателни научници во светот
Со особено задоволство ја споделуваме веста за научните признанија на нашите колеги, чии имиња се најдоа на Stanford/Elsevier листата на 2% највлијателни научници во светот.
На листата за долгорочно научно влијание повторно се вклучени проф. д-р Трајче Стафилов, проф. д-р Иван Грозданов и проф. д-р Валентин Мирчески, додека за првпат на неа се најде и проф. д-р Билјана Пејова.
Дополнително признание претставува и вклучувањето на проф. д-р Валентин Мирчески на листата за 2026 година, која го одразува научното влијание во текот на една година.
Овие достигнувања се потврда за континуираната посветеност на нашите колеги на научноистражувачката работа и за нивниот придонес во развојот на хемијата. Истовремено, тие се повод за гордост за Институтот за хемија и придонесуваат за афирмацијата на научната работа и за поголемата меѓународна видливост на македонската наука.
На нашите колеги им упатуваме искрени честитки за постигнатите резултати, со желби за нови научни успеси, инспиративни истражувања и понатамошен придонес кон развојот и афирмацијата на науката.
СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА
Се известуваат студентите на Институтот за хемија дека право на полагање испит во ноемвриската испитна сесија во учебната 2026/2027 година имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2026/2027 година и уредно го имаат заверено летниот семестар во учебната 2025/2026 година.
Во оваа испитна сесија студентите имаат право да полагаат само еден испит од летниот семестар во учебната 2025/2026 година.
Термини за полагање:
Пријавување на испитите
Студентите задолжително треба да ги пријават испитите електронски, преку системот iKnow, во периодот од 16 до 27 октомври 2026 година, како и во хартиена форма, во Одделението за студентски прашања.
На денот на полагањето студентите задолжително треба да носат индекс.
од Институтот за хемија
Почеток на наставата по Инструментални аналитички методи
Предавањата по предметот Инструментални аналитички методи за студентите од трета година, сите насоки, ќе почнат во вторник, 06.10.2026 година, во 8.00 часот, во предавална 101.
Предметен наставник: проф. д-р Марина Стефова
ТЕОРЕТСКА НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА
Предавањата од Теоретска неорганска хемија ќе почнат на 7.10.2026 (среда) од 10 ч. во П124.
Предметен наставник:
проф. д-р Билјана Пејова
Термин за првиот час по предметот УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Првиот час по предметот УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА ќе се одржи на 07.10.2025 година, среда, со почеток во 9.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
Термин за првиот час по предметот ХЕМИЈА (за студентите од Нутриционизам и Математика-физика)
Првиот час по предметот ХЕМИЈА (за студентите од Нутриционизам и Математика-физика) ќе се одржи на 05. 10. 2025 година, понеделник, со почеток во 10.00 часот, во предавална 125 на Институтот за хемија.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I
Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година ќе се одржи на 05. 10. 2025 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
Важни напомени за конкурирање на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
- УППИ 2026 образец