СООПШТЕНИЕ за почеток на предавањата по предметот Општа хемија за Студиите по хемија (I семестар)
1. Предавањата по предметот Општа хемија за Студиите по хемија, Применета насока и Наставна насока, ќе започнат на 3.10.2019 (четврток) со почеток во 10:00 во предавална 124 (прв спрат) на Институтот за хемија, со Проф. д-р Слоботка Алексовска.
2. Предавањата по предметот Општа хемија, за Студиите по хемија, Применета насока-Аналитичка биохемија, ќе започнат на 3.10.2019 (четвртотк) со почеток во 10:00 во амфитеатарот на Институтот за хемија (втор спрат) со Проф. д-р Валентин Мирчески.
Проф. д-р Слоботка Алексовска и Проф. д-р В. Мирчески 2.10.2019
СООПШТЕНИЕ за почеток на предавањата по предметот хемија за Студиите по биологија, насока-нутриционизам
Предавањата по предметот хемија за Студиите по биологија, насока-нутриционизам ќе започнат на 7.10.2019 (понеделник) со почеток во 10:00 во предавална 124 (прв спрат) на Институтот за хемија, со Проф. д-р Валентин Мирчески.
Проф. д-р В. Мирчески 2.10.2019
Соопштение за студентите на наставните насоки
Се известуваат студентите од наставна насока дека:
- Наставата по предметот Методика на хемиско експериментирање 1 и Хемиско училишно експериментирање ќе започне на 17.10.2019 година (четврток) во 9 ч. во лабораторија 308.
- Наставата по предметот Општа методика во хемијата и Методика во хемијата со хоспитации 1 ќе започне на 16.10.2019 година (среда) во 10 ч. во лабораторија 308.
- Студентите кои го имаат запишано предметот Хоспитации и Алтернативни концепти во хемијата да се јават кај предметниот наставник на 16.10.2019 година (среда) во 10 ч. во кабинет 309.
- Студентите кои го имаат запишано предметот Историја на хемијата да се јават кај предметниот наставник за договор.
Управување со квалитет во хемиска лабораторија - термини за предавања и вежби
Термини за предавања и вежби по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија се:
настава: понеделник 8-10 пред.124
вежби: среда 8-10 медиотека
Првиот (воведен) час ќе биде на 7 октомври.
проф. д-р Горан Стојковиќ
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО 2019/20 ГОДИНА
На ден 01.10.2019 година (ВТОРНИК) ќе се одржи првиот академски час со почеток во 12:00 часот, во амфитеатарот "проф. д-р Ордан Печијаре"- (кој се наоѓа на приземје во горната зграда на Факултетот).
Новите студенти кои се запишани на сите студиски програми на Природно–математичкиот факултет во Скопје во учебната 2019/2020 година, ќе бидат поздравени од деканот на Факултетот проф. д-р Ицко Ѓоргоски.
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.
По свеченоста, индексите на новите студенти на студиските програми на Институтот за хемија ќе им бидат врачени од раководителот на институтот во предавална 124 на Институтот за хемија (прв кат) и ќе бидат запознаени со распоредот, наставниците и правилата на студирање.
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВ ЧАС ПО ПРЕДМЕТИТЕ БИОХЕМИЈА 1-А И БИОХЕМИЈА 1-Б, ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ХЕМИЈА, СИТЕ НАСОКИ
Предавањата по БИОХЕМИЈА 1 (А и Б ниво) ќе започнат на 08.10.2019 година (вторник), со почеток во 10 часот во предавална 125 на Институтот за хемија.
проф. д-р Наташа Ристовска
СООПШТЕНИЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ТРЕТА ДЕКАДА НА 4 И 7 ОКТОМВРИ 2019
Постапувајќи по барања на студентите, ќе се одржи дополнителна трета декада за полагање на еден испит, која на Институтот за хемија ќе се реализира во амфитеатар од 10 часот на 4 октомври (петок) за писмени испити и на 7 октомври за усмени испити.
Студентите имаат право да полагаат испит по еден предмет и мора да се пријават кај библиотекарот за да биде евидентирано име и презиме, број на индекс и по кој предмет ќе полагаат испит најдоцна до среда, 2 октомври, во 15 часот.
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДЕМОНСТРАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА
|
Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет има потреба од ангажирање на демонстратори за реализација на практична настава во академската 2019/20 година. Како демонстратори може да бидат ангажирани студенти на втор и трет циклус студии на хемија кои оствариле просечен успех од најмалку 8,00 на претходните циклуси од студиите на хемија. Конкурсот за демонстратори ќе биде објавен од Природно-математичкиот факултет во октомври, но за навремено започнување на подготовките за практична настава, заинтересираните кандидати да се пријават веднаш кај раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова. Пријавата со потребните документи (уверение за завршени студии, потврда дека се студенти на втор/трет циклус или дека се во процедура на запишување на втор/трет циклус, CV, мотивациско писмо) ќе треба да се поднесе по објавување на огласот од ПМФ, во втората половина на октомври (на веб страницата на факултетот и институтот). Од Управата на Институтот за хемија |
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I за студентите од сите насоки
Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе се одржи на 07. 10. 2019 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Термин за првиот час по предметите ВОВЕД ВО НУТРИЦИОНИЗАМ и НУТРИЦИОНИЗАМ
Првиот час по предметите Вовед во нутриционизам и Нутриционизам за студентите од биологија (насока нутриционизам) и хемија (сите насоки) ќе се одржи на 18.09.2019 година, петок, во 8.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева