РАСПОРЕД НА ИСПИТИ (ТЕОРИЈА) ВО ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК 2019 Проф. д-р Валентин Мирчески
Предмети: НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА - Б ниво, ЕЛЕКТРОХЕМИЈА
I декада:
II декада:
Напомена:
Презентација на компанијата СИНЦЕРИТАС
Би сакале да ве поканиме на презентација на компанијата СИНЦЕРИТАС ДОО за студентите од Институтот по хемија која ќе се одржи во предавална бр. 124 (Институт 3А хемија) на 5 јуни 2019 година (среда) во 12 часот.
За време на презентацијата ќе претставиме можностите
Синцеритас ДОО е странска инвестиција, компанија за производство на медицински канабис која има за цел да произведе високо квалитетно масло од канабис за странски пазари. Компанијата спроведува највисоки фармацевтски стандарди, вложува во истражувања и развој во областа на медицинскиот канабис и вработува стручен кадар.
Фабриката на Синцеритас е нова, опремена со најнова технологија и најсовремени лаборатории и се наоѓа во Росоман.
Со задоволство ќе споделиме повеќе информации со вас за време за закажаната презентација.
Летна пракса во Џонсон Мети
Џонсон Мети Македонија со задоволство ја објавува својата програма за летна пракса за 2019та. Преку програмата, студентите ќе можат да аплицираат за летни пракси со полно работно време во еден од многуте оддели на компанијата, вклучувајќи ги Производство, ЧР, ИТ, Финансии, Логистика, Квалитет, Одржување, Инженерство, Континуирано подобрување и многу повеќе!
Програмата за летна пракса обезбедува единствена можност за добивање на вредно професионално искуство и за градење на вештини кои се потребни за започнување на кариера.
Можат да аплицираат студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), Природно-математички факултет (Институт за хемија), Машински факултет, Технолошко-металуршки факултет, Филолошки факултет, Филозофски факултет и Економски факултет.
Кандидатите за програма за пракса треба да ги исполнуваат следниве критериуми за квалификација:
Доколку сте заинтересирани за пракса, испратете ваша биографија со писмо за мотивација на англиски јазик на следнава е-маил адреса: mkjobs@matthey.com, Ве молиме да ја наведете програмата за пракса за која аплицирате во полето Предмет, во спротивно вашата апликација нема да биде земена предвид.
РОК ЗА ПРИЕМ НА АПЛИКАЦИИТЕ: четврток, 16 Mај 2019 година.
Оглас за вработување - супервизор на површинска заштита
Сите заинтересирани дипломирани студенти и студенти кои се на крајот со студиите, може да аплицираат на огласот за работа од компанијата „Вабтек-МЗТ“. За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ.
Целодневен студентски настан „Станица: Студентска”
Младински образовен форум (МОФ), во рамките на Проектот за образовни центри за советувањеи алумни стипендисти на Фондациите Отворено општество, на 23.4.2019 од 11 до 18 часот, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, по седми пат го организира целодневениотстудентски настан „Станица: Студентска”. Станица: Студентска 7.0. е еднодневен настаннаменет за студенти чија цел е да се промовира здружувањето помеѓу студентите, студентскиотактивизам, истражувачката работа, како и размената на знаење помеѓу академската заедница.
На овој настан, проф. д-р Владимир Петрушевски ќе одржи предавање со наслов „Експериментот на Милиграм: Покорност кон авторитет“.
За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ.
Семинарски работи 2018/2019 (Електрохемија)
|
ТЕМА |
СТУДЕНТ |
ТЕРМИН/2019 |
|
Ангела Ивановска Ивона Софрониевска Анамарија Ристеска |
19.04 |
|
Елена Стефова Драгана Стојмановиќ Мартин Анѓелковиќ |
19.05 |
|
Маринела Цветаноска Теодора Крстевска Марија Шомбевска |
26.04 |
|
Цонка Коцева Ивана Илиоска Николина Стоилковска |
26.04 |
|
Ангела Рафаиловска Александра Гараловска Елена Стефановска |
03.05 |
|
Марија Илиевска Милица Станковска Кристина Ѓорѓевиќ |
03.05 |
|
Мариана Штерјоска Савица Јованоска Драгана Стојиќ |
10.05 |
|
Александар Пижов Фатиме Реџеп Резарта Сулејмани |
10.05 |
|
Стефанија Стојковска Мјелма Шеху |
17.05 |
Повелете на уште еден ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ на Институтот за хемија!
На 4 април 2019 година, четврток, со почеток во 18:30 на Институтот за хемија ќе се одржи хемиски спектакл по повод Меѓународната година на Периодниот систем. Повелете, преку смеа, да го прославиме овој јубилеј и да научиме некои од својствата на елементите преку спектакуларни експерименти.
Влезот е бесплатен, а местата во амфитеатарот се ограничени. Затоа, ве молиме донесете најмногу 10 ученици од училиштето за да сите можат непречено да го следат настанот.
www.facebook.com/events/303281790355425/
Резултати мартовска дополнителна сесија 2019 Неорганска хемија-Б ниво
|
име и презиме |
бодови |
оцена |
|
|
|
|
|
Неорганска хемија-Б ниво |
||
|
Деспина Илиевска |
174 |
9 |
|
Маја Тодоровска |
124 |
7 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Проф. В. Мирчески |
|
|
|
25.03.2019 |
|
|
|
консултации: |
|
|
|
26.03.2019 во 12:00 |
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА АПРИЛСКА СЕСИЈА
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека априлската испитна сесија ќе се одвива од 15 до 19.04.2019 г.
Право за полагање имаат:
1. студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2018/2019 година (запишано X, XII, XIV, XVI и XVIII семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа,
2. студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2018/2019 г. (запишано II, IV, VI и VIII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните предмети од зимскиот семестар во уч.2018/2019 г.
Пријавувањето на испитите априлската испитна сесија ќе се одвива од 1 до 5.04.2019 г.
Задолжително е електронско пријавување од 1 до 5.04.2019 год. преку “i-know” и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса (кодот задолжително треба да се впише во полето-таксени марки, упатство http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/up.pdf).
Од Деканатот на ПМФ
ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
И оваа година Алкалоид АД Скопје објавува оглас за прием на практиканти-студенти од III и IV год. на студиските програми од хемија.Информации за огласот се дадени во прилог на ова соопштение. Пријавете се! Ви посакуваме многу среќа!