Содржина на предметната програма:
I. Својства на гасови. Прв принцип на термодинамиката и термохемија. Втор принцип на термодинамиката. Ентропија. Трет принцип на термодинамиката. Критериуми за спонтано течење на процесите.
II. Фази, компоненти и степени на слобода. Гипсово правило на фази. Фазни дијаграми на еднокомпонентни системи. Правило на лостот. Фазни дијаграми на двокомпонентни системи (дијаграми на парни притисоци, дијаграми температура–состав, фазни дијаграми течно–течно, фазни дијаграми течно–цврсто).
III. Хемиска кинетика. Брзина на хемиската реакција. Кинетички равенки и временски закони. Константи на брзината, ред и молекуларност на реакцијата. Формално кинетички опис на некои елементарни реакции. Температурна зависност на константите на брзина. Константа на Михаелис и Ментен.
IV. Почетоци на квантна механика. Затајување на класична механика. Дуализам бран-честичка. Шредингерова равенка. Принцип на неопределеност. Честичка во сфера.
V. Основи на молекулската спектроскопија. Експериментални техники. Интензитети на спектрални линии. Вибрации на двоатомски молекули. Вибрации на полиатомски молекули. Електронски спектри.
VI. Хемија на површините. Теориски основи. Колоидно-дисперзни системи. Методи за добивање и својства на колоидни системи. Двоен електричен слој. Зета потенцијал. Стабилност на колоидни системи.
VII. Цврста состојба. Основни кристалографски поими. Кристални решетки. Определување на рамнини на решетката. Рендгенска дифракција.
Литература:
1. Peter Atkins, Julio dePaula, Atkins’ Physical Chemistry, eighth edition (превод на македонски), Oxford University Press, 2006
2. Б. Шоптрајанов, Г. Јовановски, Л. Андреева, В. Стефов, Практикум по физичка хемија I и физичка хемија II, УКИМ, 2003
3. Г. Јовановски, Б. Шоптрајанов, Л. Андреева, Практикум по структура на молекули, УКИМ, 2009
4. Б. Шоптрајанов, Физичка хемија 1, Интерна скрипта, 1990
5. Б. Шоптрајанов, Физичка хемија 2, Интерна скрипта, 1990