Општа хемија

1.

Наслов на наставниот предмет

ОПШТА ХЕМИЈА

2.

Код

HM-101

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

1/I

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Слоботка Алексовска
Проф. д-р Валентин Мирчески

9.

Предуслови за запишување на предметот

Нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку интерактивна настава, лабораториски и нумерички вежби, студентите треба да се здобијат со знаења од основите на хемија, вклучувајќи ја структурата на супстанците, структурата на градивните единки, основните законитости по кои се одвиваат хемиските промени на супстанците и номенклатурата на основните групи неоргански соединенија. Покрај тоа, студентите треба да ги совладаат и основите на хемиското сметање и да се стекнат со практични знаења од општа хемија.

11.

Содржина на предметната програма:
Ќе бидат дефинирани и проучени основните поими на хемиската наука, супстанците и нивната поделба, како и основните особини на гасовитите, течните и цврстите супстанци. Ќе биде проучена основната структура на атомот на што ќе се надоврзат хемиските симболи и хемиските формули. Во продолжение ќе бидат проучени главните групи неоргански соединенија и нивната номенклатура. Особено ќе биде посветено внимание на електронската структура на атомот, врската со Периодниот систем на елементите и атомските својства кои периодично се менуваат. Ќе бидат проучени основните законитости по кои се одвиваат хемиските реакции, нивните енергетски ефекти, нивната брзина и состојбата на хемиска рамнотежа. Покрај ова, ќе бидат проучувани и растворите, рамнотежните процеси во раствори на електролити, како и основните особини на оксидационо-редукционите процеси.

12.

Методи на учење: Предавања, лабораториски вежби, нумерички вежби, домашна работа

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+2+3 часа неделно

Предавања 60 часа

Нумерички (теоретски) вежби 30 часа

Лабораториски вежби 45 часа

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудито­риски), семинари, тимска работа

75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

0 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

90 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

70 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

20 бодови

17.3.

Активност и учество

10 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Валентин Мирчески, Иван Грозданов

 

ОПШТА ХЕМИЈА и Лабораториски практикум по Општа хемија

Интерни скрипти

 

2013

2.

Џон В. Хил, Ралф Х. Петручи, Тери В. Меккрири, Скот С. Пери (превод на македонски јазик)

ОПШТА ХЕМИЈА

Табернакул

2011

3.

Рејмонд Х. Чанг (превод на македонски јазик)

 

ХЕМИЈА

Табернакул

2010

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Филиповиќ-Липановиќ

Opća и anorganska kemija

Школска књига, Загреб

1973

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.