Академик д-р Глигор Јовановски

Биографија

Акад. д-р Глигор ЈОВАНОВСКИ, редовен професор (во пензија), е роден на 17 јули 1945 г. во с. Нистро­во, општина Гостивар. Основното училиште го за­вршил во Маврово, а средното во Скоп­је (Педагошка гимназија “Никола Карев”). Една година (1964/65) работел како учител во родното место, а во учебната 1965/66 г. се запишал на Природно-мате­ма­тичкиот фа­култет во Скопје (група хемија). Ди­пло­мирал во 1969 г. Во 1974 г. ги завршил пост­дип­лом­ските студии на Све­учи­лиштето во Загреб, Природос­лов­но-мате­матички фа­кул­тет, Хемиски отсек, одбранувајќи ја маги­стер­ската ра­бота под наслов „Kristalna struktura tetrakis(trifluoroacet­oksi­mer­kuri) metana”. Докторирал, исто така, на Свеучилиш­тето во Загреб, одбра­нувајќи ја (во 1981 г.) докторската дисер­тација под наслов „Struk­turna istraži­vanja saharinata nekih metala”. По едногодишно волонтирање на Институтот за хеми­ја, во 1971 г. бил избран за асистент по физичка хеми­ја. Во 1982 г. бил избран за доцент, во 1988 г. за вон­­реден професор, во 1993 г. за редовен профе­сор, а во 1999 г. преизбран за редовен про­фе­сор на Инсти­тутот за хемија при Природ­но-матема­тичкиот фа­кул­тет во Скопје. Изведувал настава по пред­ме­ти­те физичка хемија на РГФ во Штип, одбрани поглавја од физичка хемија за студентите на Биолошкиот институт, како и предме­ти­те физичка хемија III, физичка хемија IV, наука за материјали I, наука за материјали II и мето­ди за испитување на кристални супстан­ци за сту­дентите по хемија. Изведувал настава по пред­ме­ти­те струк­ту­ра на атоми и хемиска врска, структура на молекули и кристалохемија на додип­лом­ски­те студии, како и по предметите дифракциони методи за испитување на кристали и методологија на науч­но­ис­тра­жувачката работа на постдипломските студии на Институтот за хе­мија при ПМФ. Притоа, за првпат ги осмислува и организира курсевите по кристалохемија на додипломските студии по хемија, како и предметот дифракциони методи за испитување на кристали на постдипломските студии на Институтот за хемија. Главните подрачја на научен интерес му се од областа на рендгенската струк­турна анали­за и вибрационата (инфрацрвена и раманска) спектроскопија. Повремено во истражувањата ги користи и методот на нуклеар-магнетската резо­нан­ца, потоа термалните методи и атомската апсорпција.

Бил 4 години (1990–1993) член на Уре­ду­вач­киот одбор и 4 години (1993–1997) главен уред­ник на списанието Гласник на хемичарите и техно­ло­­зите на Македонија. Од 1997 г. е член на Уреду­вач­ки­от совет на истово списание. Професор Јовановски бил прет­се­да­тел на Научните одбори на 2 научни мани­фес­­тации, потоа претседател на Органи­за­ци­о­ниот од­бор на 1 научна манифестација, како и уредник на еден Збор­ник на трудови од научна конференција. Освен тоа, бил член на повеќе Организациони и Научни одбори на раз­лични научни мани­фес­­тации. Учес­твувал во изработката на вкупно 39 научноистра­жу­вач­ки проекти, од кои 13 се ме­ѓународни и 26 домашни од кои на 3 меѓународни и на 7 домашни проекти бил рако­во­дел. Бил учесник и во два проекта за унапредување на образованието. Бил ментор на 2 кандидата за докторска дисертација, на 3 кандидата за магистерска работа и на 15 кандидати за дипломска работа.Покрај дру­го­то, бил раководител на Заво­дот за физичка хемија (1985–1987 и 2002–2003), шеф на Ин­сти­тутот за хемија при ПМФ (1986–1988), рако­во­дител на пост­дипломските студии на Инсти­ту­тот за хемија при ПМФ (1983–1986), продекан за настава и наука на ПМФ (1993 - 1995) и декан на Природно-математичкиот факултет (1995–1997). Во 1994 и 1995 г. бил прет­се­да­тел на стручната коми­си­ја за доделување на ре­пуб­лич­ката наг­ра­да “Климент Охридски”, во 2004 и 2005 г. член на комисијата за најпрестижната репуб­лич­ка наг­ра­да “11 Октом­ври”, а во 2005 и 2006 г. член на Коми­си­ја­та за наградата “Гоце Делчев”. Бил делегат во гран­ска­та заед­ница на насоченото образо­ва­ние во хемиската индустрија, како и делегат во Собранието на Уни­јата на хе­миските друштва на Југо­славија. Член е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, потоа на Хрватската кристалографска асоцијација и на American Chemical Society. Го познава англискиот јазик, а се служи и со рускиот. За редовен член на Маке­дон­ска­та академија на науките и уметностите - МАНУ е избран во 2006 г. Носител е на Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

Книги

Во коав­тор­ство со други со­ра­бот­ни­ци има објавено 2 монографии и 2 универзи­тет­ски учебни помагала.

Престои

Престојувал  околу 4 години на Природословно-математичкиот факул­тет во За­греб (1972–1974; 1979–1981), 10 месеци (1983 - еден месес; 1984 - еден месес; 1985 - осум месеци) на Хемискиот институт при Уни­вер­зи­­тетот во Упсала, Швед­ска. Реали­зи­­рал и два покуси престоја (1984 и 1989 - 2 седмици) на Хемискиот факул­тет при Универзитетот во Софија, Бугарија и на Универзитетот во Зиген, Германија (2001 - 3 седмици). Сорабо­ту­вал или соработува со универ­зи­те­­тите во Упсала, Шведска; Загреб, Хрватска; Хале и Зиген, Герма­ни­ја; Белград, Србија; Imperial College, Лон­дон, Англија; Софија, Бугарија; Токио, Јапонија, Цукуба, Јапонија, како и со научните институти „Руѓер Бош­ко­виќ”, Загреб, Хрватска и „Јожеф Стефан”, Љубљана, Сло­ве­ни­ја.

Трудови и конф.

Академик Јовановски досега има објавено вкупно 161 труд. Од нив, 103 трудови се печатени во списанија надвор од Македонија, од кои 98 имаат фактор на вли­ја­ние (impact factor - IF), а 3 од нив се прегледни, Останатите 34 трудови се објавени во списанија од Ма­ке­до­нија (5 прегледни), 10 во зборници на трудови надвор од Македонија и 14 во зборници на трудови во Маке­до­нија. Како позначајни меѓу нив се трудовите:

  • G. Jovanovski, B. Kamenar, Two ionic sac­cha­ri­nates: (1a) so­di­um saccharinate 2/3 hydrate, C7H4NO3S)Na×2/3H2O; (1b) magnesium disaccharinate hep­ta­hyd­ra­te, (C7H4NO3S)2Mg×7H2O, Cryst. Struct. Comm., 11, 247–255, 1982; 
  • G. Jovanovski, J. Thomas, I. Olovsson, A defor­ma­tion elec­tron density of potassium oxalate mono­hyd­ra­te at 100 K, Acta Crystallogr., B43, 85–92, 1987;
  • G. Jovanovski, Metal saccharinates and their complexes with N-donor ligands, Croat. Chem. Acta, 73, 843–868, 2000; 
  • P. Makreski, G. Jovanovski, B. Kaitner, T. Stafilov, B. Boev, D. Cibrev, Minerals from Macedonia. X. Separation and identification of some oxide minerals by FT IR spectroscopy, AAS, EAS-ICP and powder XRD, N, Jh. Miner. Abh., 180, 215–243, 2004;
  • P. Naumov, G. Jovanovski, O. Grupče, B. Kaitner, D. A. Rae, S. W. Ng, Solid-state structure and tem­pera­tu­re/ evacuation-induced dehydration of sodium saccharinate 1.875 hydrate, Angew. Chem., 44, 1251–1254, 2005.

Според Science Citation Index, објавените резултати од науч­на­та ра­бо­та на професор Јовановски се цитирани 1139 пати. Негови трудови се 10-тина пати цитирани и во раз­­лични меѓународни моногра­фии. Бил рецензент на 15 тру­до­ви (9 во странски списанија и 6 во домашни спи­са­нија). Рецензирал и 1 универзитетски учебник, 6 сред­нош­кол­ски учебника, 1 збирка задачи по хемија за средно образование и 2 учебника по хемија за осмолетка, како и Прегледот на магистерски трудови одбра­не­ти на универзитетите во СР Македонија во пе­ри­одот 1963-1984 (свеска 1, 2 и 3) во издание на НУБ, Скопје. Вкупно презентирал 178 трудови (усно или пос­тер­ски) на 61 меѓу­на­­родна и 24 домашни научни манифестации. Од нив, 110 презентации биле надвор од Македонија (3 пле­нар­ни и 3 секциски предавања), а 68 во Македо­ни­ја (1 пленарно предавање).

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.