Pедовен професор (во пензија) д-р Киро Стојаноски

Биографија

Д-р Киро СТОЈАНОСКИ, редовен професор (во пензија), е роден на 7 април 1949 г. во Крушево. Со средно образование се здобил во Битола. Во 1968/69 г. се запишал на студии по хемија на Природно-матема­тич­ки­от факултет во Скопје. Дипломирал во 1973 г. на Заводот за физичка хе­мија, под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Во 1974/75 г. се запишал на постдипломски студии на Хемис­киот институт при Природно-математичкиот факул­тет во Скоп­је, на насо­ката за молекулска спектроскопија. Магист­ри­рал во 1979 г. на Хемискиот факултет во Скопје, под мен­торство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов, бранејќи ја темата “Виб­ра­ци­о­ни спектри на некои карбоксилати на UO22+”. Во 1985 г. престојувал три месеци во Упсала (Шведска), рабо­теј­ќи на својата докторска теза. Докторската дисертација “Изучу­ва­ње на некои био­неоргански ком­плек­си и на мо­де­ли за нив” ја одбранил во 1988 г. на Природно-мате­ма­тичкиот фа­кул­тет во Скопје, уште еднаш под менторство на проф. д-р Бојан Шоптраја­нов. Во 1975 г. е избран за помлад асистент на Хемискиот институт при Природно-ма­те­матичкиот факултет во Скопје. По магис­три­ра­ње­то (1980 г.) е избран за асистент на Хемис­ки­от факултет во Скопје. Во ова звање е двапати преизбиран. Во 1988 г. е избран за доцент, во 1993 за вон­ре­ден професор а во 1999 г. за редовен професор на Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје. Во текот на својата наставна активност проф. д-р Киро Стојаноски изведувал вежби по предметот биохемија за сту­ден­ти­те по хемија на Природно–математички факултет во Скопје. Освен тоа во текот на две учебни години изве­ду­вал вежби по предметот органска хемија за студентите по хемија, а во текот на една учебна година и за пред­ме­тот органска хемија за студентите од Фармацевтскиот факултет во Скопје. Д-р Киро Стојаноски со успех ја изведува наставата по предметите органска хемија I, органска хемија II и биохемија за хемичари како и пред­ме­тите биохемија I и II на насоката аналитичка биохемија. Се занимава со истражувања во областа на спек­тро­скопијата и структурната хемија. Особено внимание посветува на органски соединенија и био­мо­ле­ку­ли. Објавил 25 труда (18 во меѓународни списанија од кои 10 во списанија со imact factor, 6 во македонски списа­нија и 1 во зборник на трудови од домашна научна манифестација). Од 31 соопштение на науч­ни собири, 5 се презен­тирани на интернационални собири, 12 на национални собири надвор од РМ и 14 на национални собири во Македонија. Според Science Citation Index, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Стојаноски се цитирани 37 пати. Автор е на еден универзитетски и на 4 средношколски учебници. Раково­ди­тел е на еден, а учес­тву­вал во работата на повеќе научноис­тра­жу­вач­ки проекти. Како рецензент бил член во комисии за одбрана на една магистерска работа и неколку докторски дисертации, а бил ментор на 3 докторски дисертации. Исто така бил ментор на 4 докторски дисертации и на една магистерска работа. Проф. Стојаноски е коавтор на 4 учебици за средно образование и еден учебник за високото образование. Уште како постдипломец во учебната 1972/73 г. бил вклучен во изработката на повеќе домашни и странски научно-истражувачки проекти. Во периодот од 1983/88 престојувал трипати на Хемискиот институтот на уни­вер­зитетот во Упсала (Шведска). Бил раководител и учествуавал во исзработката на поголем број на научно–истра­жу­вач­ки проекти од областа на молекулската спектроскопија и биохемијата. Д-р Киро Стојаноски e член на Уредувачкиот одбор на Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија. Освен тоа, тој е активен рецензент на реномираното списание на Американскот хемиско друштво Journal of Chemical Education. Од 1995 до 1999 г. е раководител на Заводот за органска хемија и биохемија а од 1999 до 2001 г. бил Шеф на Инсти­ту­тот за хемија. Пензиониран е во 2016 година.

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.