Соопштение за настава по предметот Општа методика во хемијата
Се известуваат студентите од наставна насока дека наставата по предметот Општа методика во хемијата ќе започне на 19.10.2018 година (петок) во 10 ч. во просторија 309.
Стипендиски програми на Германската служба заразмена на студенти (ДААД)
Во среда (10.10.18 година) од 12:00 часот во големиот амфитеатар „Димче Тошев“ (навтори кат) на Хемискиот институт - Скопје, на ул. Архимедова бр. 5 во Автокоманда, ќе сеодржи презентација на можностите за студирање во Германија, едномесечни курсеви загермански јазик во летниот период, како и начинот и програмите за аплицирање застудиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена(ДААД).
За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ.
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I – А и Б ниво за студентите од сите насоки
Првиот час по предметот „Аналитичка хемија I“ за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе се одржи на 08. 10. 2018 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 125.
ОГЛАС ЗА ДЕМОНСТРАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА
Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет има потреба од ангажирање на демонстратори за реализација на практична настава за студентите на прв циклус. Како демонстратори може да бидат ангажирани студенти на втор и трет циклус студии на хемија кои оствариле просечен успех од најмалку 8,00 на претходните циклуси од студиите на хемија.
Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со потребните документи (уверение за завршени студии, потврда дека се студенти на втор/трет циклус или дека се во процедура на запишување на втор/трет циклус, CV, мотивациско писмо) на e-mail на раководителот на Институтот, проф. д-р Марина Стефова: marinaiv@pmf.ukim.mk најдоцна до петок, 5 октомври, во 10 часот.
Од Управата на Институтот за хемија
СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕН-СЕСИЈА НА 2 И 3 ОКТОМВРИ
Постапувајќи по барања на студентите, Наставно-научниот совет на ПМФ на редовната седница одржана на 27.09.2018 година донесе ОДЛУКА за одржување на ден сесија за полагање на еден испит, која на Институтот за хемија за студентите на студиските програми на хемија ќе се реализира на 2 октомври за писмен испит и на 3 октомври за усмен испит од 12 часот во амфитеатар.
Студентите имаат право да полагаат испит по еден предмет и мора да се пријават кај библиотекарот за да биде евидентирано име и презиме, број на индекс и по кој предмет ќе полагаат испит најдоцна до понеделник во 15 часот.
ОПШТА ХЕМИЈА (А НИВО)
Испитот од ОПШТА ХЕМИЈА (А НИВО) кај проф. д-р Иван Грозданов ќе се одржи на 3.10.2018 (среда) во ХА од 12 ч.
НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А НИВО)
Испитот од НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А НИВО) кај проф. д-р Иван Грозданов ќе се одржи на 3.10.2018 (среда) во ХА од 12 ч.
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО 2018/19 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
Постапувајќи по барања на студентите, Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за продолжување на рокот за запишување на зимскиот семестар во учебната 2018/19 година до 15.10.2018 година.
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ДИПЛОМИРАЊЕ
Постапувајќи по барања на студентите, Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за продолжување на рокот за одбрана на дипломски труд, за студентите кои ги положиле сите испити, до 15.10.2018 година.