Ноемвриски испитен рок
Усмениот дел од испитот од Неорганска хемија А ќе се одржи на 27.11.2018 во П124 со почеток во 13 ч.
Предметен наставник,
проф. д-р Билјана Пејова
Управување со квалитет во хемиска лабораторија - прв колоквиум
Прв колоквиум по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија ќе се полага на 21 ноември (среда) од 8-10 часот во амфитеатар.
СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА И АПРИЛСКА СЕСИЈА
Ноемвриската и априлскатка испитна сесија редоследно ќе се одвиваат:
- ноемвриска испитна сесија од 26.11.2018 година до 30.11.2018 година и
- априлска испитна сесија од 15.4.2019 година до 19.4.2019 година.
Повеќе информации за ноемвриската сесија се достапни тука:
http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.432
Месец на науката 2018 на Природно-математичкиот факултет - СООПШТЕНИЕ И ПОВИК
Манифестацијата „Ноември - месец на науката“ и оваа година се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје (горна зграда) во текот на три викенди во ноември 2018 година и тоа:
Организатори на настанот се здруженијата на биолозите, хемичарите, географите, математичарите, еколозите и астрономите и Природно-математичкиот факултет, а координатор на активноста оваа година е Македонското биолошко друштво.
Во рамките на „Месецот на науката“ вклучени се повеќе настани за промоција на природните науки: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.
Сите информации за настанот се достапни тука: https://biologija.yolasite.com/
Студентите на Природно-математичкиот факултет се поканети на настанот како посетители, а може да се вклучат и во организацијата на настанот.
Студентите на хемија кои сакаат да се вклучат како поддршка на организацијата за 17 и 24 ноември да се пријават на e-mail: marinaiv@pmf.ukim.mk до 12 ноември 2018 и да наведат: име и презиме, насока/година на студии, контакт e-mail, и за 17 или 24 ноември е пријавата.
Практикантска работа ОКТА
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа. Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
За повеќе информации за пријавувањети и условите, погледнете го прикачениот документ.
ОГЛАС за избор на ДЕМОНСТРАТОРИ
Деканот на Природно-математички факултет распишува ОГЛАС за избор на 5 демонстратори на Институтот за хемија. За подетални информации за условите и потребните гокументи отворете го овој документ. Во прилог е пријавата.
СООПШТЕНИЕ ЗА НАСТАВА ПО „СПОРТ И ЗДРАВЈЕ“ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА
Се известуваат студентите на хемија од Природно математички факултет дека наставата по предметот Спорт и здравје во зимскиот семестар 2018/19 год ќе се одвива во спортската сала на Машински факултет според дадениот распоред, а наставата ќе почне од четврток 25.10.2018 година.
Скопје 24.10.2018
Erasmus Mundus стипендии
Erasmus Mundus SERP+ master ја започнува кампањата за двегодишни мастер студии за студенти кои сакаат да се стекнат со меѓународно искуство во областа на хемија, физичка хемија и наука за материјали.
Предавањата се на англиски јазик во рамки на 4 европски универзитети: Paris-Sud (Франција), Genoa (Италија), Porto (Португалија), Adam Mickiewicz (Полска) и имаат за цел да ги обучат студентите во области кои се од големо значење и тоа: обновлива енергија, зелена хемија, нанонаука, наномедицина, современи материјали, примена на радијацијата.
Достапни се 20 Erasmus Mundus стипендии (EU студенти: 32.800 €; останати студенти: од 41.800 € до 43.800 €) и 15 позиции за само-финансирање.
Аплицирањето се прави online до 15-ти февруари 2019 за Erasmus Mundus стипендиите и до 30-ти јуни 2019 за позициите со само-финансирање.
За повеќе информации погледнете ја интернет страната: www.master-serp.eu.
Соопштение за настава по предметот Методика на хемиско експериментирање 1
Се известуваат студентите од наставна насока дека наставата по предметот Методика на хемиско експериментирање 1 ќе започне на 18.10.2018 година (четврток) во 9 ч. во лабораторија 308.