БРАВО ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОКОЛИНАТА НА ПМФ!
На 5 март се одржа Акција за чистење на околината на зградата на Институтот за хемија во која масовно се вклучија студентите и вработените.
Браво за покажаната свест и желба за сопствен придонес во поубава работна средина во која сите минуваме голем дел од времето.
Ќе продолжиме и натаму со нови иницијативи и дружење!
КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ЗА ЛЕТНА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ ЗА 2018/19
Објавен е конкурсот за ЕРАЗМУС+ летни пракси/стажирање на студенти. Конкурсот е даден во прилог на ова соопштение.
ПОВИК - АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОКОЛИНАТА НА ПМФ
Почитувани колеги-студенти, соработници и наставници,
во вторник, 5 март 2019 година, ќе се одржи акција за чистење на околината на ПМФ во која се повикуваат да земат учество сите студенти и вработени. При тоа ние од Инстиутот за хемија и колегите од Институтот за етнологија со антропологија ќе работиме во делот околу нашата зграда, додека колегите од Институтот за биологија, Институтот за географија, Институтот за математика, Институтот за физика заедно со делот од информатика и службите на Деканатот своите активности ќе ги насочат околу горната зграда, потоа по брдото и околу патот до долу. Факултетот ќе обезбеди ракавици, вреќи за собирање и алат за чистење.
Акцијата на Институтот за хемија ќе започне од 13 часот, веднаш по презентацијата на практикантството во Алкалоид за студентите на хемија (од 12-13 часот) кога и студентите ќе се вклучат во акцијата.
Ве повикувам да се вклучиме сите во оваа активност и заедно да придонесеме за нашата поубава работна околина.
Марина Стефова,
Распоред на теми за семинарски работи Неорганска хемија Б-ниво 2018/19 Проф. В. Мирчески
|
Наслов на семинарската работа |
Студенти |
Датум |
|
IА група елементи |
Елена Трпкова Олгица Синадинова Филип Донев |
12.03.2019 |
|
IIА група елементи |
Валентина Пандевска Ангела Илиќ Катерина Богеска |
13.03.2019 |
|
IIIB група елементи |
Стефанија Кузмановска Дарко Марковски Симона Ѓоргиевска Бојан Лозановски |
19.03.2019 |
|
IVB група елементи |
Наталија Јанкуловска Миа Мангарова Теодора Корлевска Мина Кузмановска |
20.03.2019 |
|
VB група елементи |
Анита Таневска Маја ?р?евска Ивана Антевска Александра Неделковска |
26.03.2019 |
|
I колквиум (усен дел) 2.04.2019 |
||
|
VIB група елементи |
Викторија Нестороска Симона Паскоска Марија Мишевска Берта Хамити |
9.04.2019 |
|
VIIB група елементи |
Вера Трајковска Наталија Дамчевска Афродита Стефаноска Бјанка Поповска |
10.04.2019 |
|
Водород |
Андреј Поповски Јана Иванова Катерина Спасова Стефан Тошевски |
16.04.2019 |
|
Преодни елементи |
Марија Георгиевска Стефани Кралевска Ивона Стојановска Сања Зафировиќ |
17.04.2019 |
|
II колквиум (усен дел) 23.04.2019 |
||
ПОКАНА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД ВО 2019
Предавањата по предметот: Неорганска хемија Б-ниво
СООПШТЕНИЕ
Предавањата по предметот: Неорганска хемија Б-ниво, ќе започнат на
26.02.2019 (вторник)
во амфитеатарот на Институтот за хемија,
со почеток во
10:15 h.
Проф. В. Мирчески 20.02.2018
Предавањата по предметот: Биохемија II
СООПШТЕНИЕ
Предавањата по предметот: Биохемија II, ќе започнат на
27.02.2019 (среда)
во предавална бр. 124 на
Институтот за хемија,
со почеток во
12:15 h.
Проф. В. Мирчески 20.02.2019
Предавањата по предметот: Електрохемија
СООПШТЕНИЕ
Предавањата по предметот: Електрохемија, ќе започнат на
1.03.2019 (петок)
во салата за конференции на
Институтот за хемија,
со почеток во
12:15 h.
Проф. В. Мирчески 20.02.2019
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II – А ниво
Првиот час по предметот Аналитичка хемија II ќе се одржи на 27. 02. 2019 година, среда, во 8.00 часот, во предавална 124.
Термин за првиот час по предметот Нутриционизам
Првиот час по предметот Нутриционизам ќе се одржи на 7.03.2019 година, четврток, во 8.00 часот, во сала за конференции.