СООПШТЕНИЕ ЗА ЗИМСКА (ПРВА) ИСПИТНА СЕСИЈА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ. 2018/2019 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ДЕКАДИ И ТОА:
− ПРВА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 14.01.2019 ДО 30.01.2019 ГОД.
− ВТОРА ДЕКАДА ВО ПЕРИОДОТ ОД 31.01.2019 ДО 15.02.2019 ГОД.
ТЕРМИНИТЕ ГИ ОБЈАВУВААТ ИНСТИТУТИТЕ ПРИ ФАКУЛТЕТОТ.
СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА.
СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА ИМААТ УРЕДНО ЗАПИШАН ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2018/2019 ГОДИНА, КАКО И ДА ИМААТ ПОТПИС ВО ИНДЕКСОТ ОД ПРЕДМЕТНИОТ ПРОФЕСОР.
ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ
Денот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“” во Скопје ќе биде одбележан на 17 декември 2018 година со следната
П Р О Г Р А М А
17.12.2018 (понеделник), Природно-математички факултет, амфитеатар на Институтот за хемија
10:00-10:45 часот
-Обраќање на Деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
-Доделување на награди на вработени и пензионери на Природно-математичкиот факултет во 2018 г.
-Промоција на магистри
12:00-12:30 часот
- Обраќање на Деканот на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Доделување на награди на најдобрите дипломирaни студенти
13:00 часот
-Одбележување на 50 години од пуштењето во употреба на зградатра на Институтот за хемија
-Промоција на дипломираните студенти на хемија
ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ
На 20 декември 2018 година со почеток од 17:30 h, во амфитеатарот на Институтот за хемија при ПМФ - Скопје, ќе се реализира ХЕМИСКИ СПЕКТАЛ. Добредојдени се сите вљубеници во хемијата и сите оние кои сакаат добра забава зачинета со малку хумор. Спактаклот ќе биде во организација на „Група среќни хемичари“ (The Happy Chemist group - THC group) и на „Не толку среќни хемичари“, со поддршка од страна на Институтот за хемија и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ). Предвидено е настанот да трае околу 90 минути.
Можност за БЕСПЛАТНИ МАСТЕР СТУДИИ ВО РУСИЈА
Државниот универзитет во Новосибирск, Русија, ги отвора вратите за интернационалните студенти. Имате можност бесплатно да студирате. За повеќе информации и условите кои треба да ги исполните, посетете ја ОВАА интернет страна.
На 7 декември 2018 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на магистерската работа:
„РАЗВИВАЊЕ НА HPLC/DAD/MSn МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА АВТЕНТИЧНОСТА НА ОВОШНИ ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ПОЛИФЕНОЛНИОТ ПРОФИЛ“ изработена од кандидатот Лилјана Ставреска, дипл. инж. хем.
Ноемвриски испитен рок
Усмениот дел од испитот од Неорганска хемија А ќе се одржи на 27.11.2018 во П124 со почеток во 13 ч.
Предметен наставник,
проф. д-р Билјана Пејова
Управување со квалитет во хемиска лабораторија - прв колоквиум
Прв колоквиум по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија ќе се полага на 21 ноември (среда) од 8-10 часот во амфитеатар.
СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА И АПРИЛСКА СЕСИЈА
Ноемвриската и априлскатка испитна сесија редоследно ќе се одвиваат:
- ноемвриска испитна сесија од 26.11.2018 година до 30.11.2018 година и
- априлска испитна сесија од 15.4.2019 година до 19.4.2019 година.
Повеќе информации за ноемвриската сесија се достапни тука:
http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.432
Месец на науката 2018 на Природно-математичкиот факултет - СООПШТЕНИЕ И ПОВИК
Манифестацијата „Ноември - месец на науката“ и оваа година се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје (горна зграда) во текот на три викенди во ноември 2018 година и тоа:
Организатори на настанот се здруженијата на биолозите, хемичарите, географите, математичарите, еколозите и астрономите и Природно-математичкиот факултет, а координатор на активноста оваа година е Македонското биолошко друштво.
Во рамките на „Месецот на науката“ вклучени се повеќе настани за промоција на природните науки: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.
Сите информации за настанот се достапни тука: https://biologija.yolasite.com/
Студентите на Природно-математичкиот факултет се поканети на настанот како посетители, а може да се вклучат и во организацијата на настанот.
Студентите на хемија кои сакаат да се вклучат како поддршка на организацијата за 17 и 24 ноември да се пријават на e-mail: marinaiv@pmf.ukim.mk до 12 ноември 2018 и да наведат: име и презиме, насока/година на студии, контакт e-mail, и за 17 или 24 ноември е пријавата.
Практикантска работа ОКТА
ОКТА објавува конкурс за практикантска работа. Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
За повеќе информации за пријавувањети и условите, погледнете го прикачениот документ.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |