Соопштенија

28 септември 2018

ОПШТА ХЕМИЈА (А НИВО)

Испитот од ОПШТА ХЕМИЈА (А НИВО) кај проф. д-р Иван Грозданов ќе се одржи на 3.10.2018 (среда) во ХА од 12 ч.


28 септември 2018

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А НИВО)

Испитот од НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А НИВО) кај проф. д-р Иван Грозданов ќе се одржи на 3.10.2018 (среда) во ХА од 12 ч.


28 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО 2018/19 ГОДИНА

Се известуваат сите нови студенти на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, дека првиот академски час за академската 2018/2019 година ќе се одржи во Амфитеатарот Ордан Печијаре на Природно-математичкиот факултет во Скопје (горна зграда), на 01.10.2018 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот. 
На првиот академски час свечано обраќање ќе има деканот на Факултетот, проф. д-р Ицко Ѓоргоски, а потоа студентите ќе се упатат кон соодветниот институт за доделување на индексите и запознавање со распоредот, правилата за студирање, наставниците и соработниците.

27 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР

Постапувајќи по барања на студентите, Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за продолжување на рокот за запишување на зимскиот семестар во учебната 2018/19 година до 15.10.2018 година.


27 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ДИПЛОМИРАЊЕ

Постапувајќи по барања на студентите, Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за продолжување на рокот за одбрана на дипломски труд, за студентите кои ги положиле сите испити, до 15.10.2018 година.


27 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ПОРАДИ ПОСТИГНАТ УСПЕХ ВО СТУДИРАЊЕТО

Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за ослободување од партиципација за постигнат успех во студирањето според која: во учебната 2018/19 година се ослободуваат од партиципација студенти кои постигнале просечен успех од 9,50-10,00 и тоа за делот од средствата за институтот. За да се реализира ослободувањето, студентот треба да поднесе барање за ослободување од партиципација поради постигнат просечен успех>9,50.


04 септември 2018

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО  

СЕПТЕМВРИСКИ ИСПИТЕН РОК

2018

Проф. д-р Валентин Мирчески

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО  

СЕПТЕМВРИСКИ ИСПИТЕН РОК

2018

Проф. д-р Валентин Мирчески

 

 

ОПШТА ХЕМИЈА, НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА-Б ниво и ЕЛЕКТРОХЕМИЈА

 

 

I декада:

 

  • Писмен испит (задачи): 30.08.2018 (четврток) со почеток во 10:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија
  • Устен испит: 11.09.2018 (вторник) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија

 

II декада:

 

  • Писмен испит (задачи): 17.09.2018 (понеделник) со почеток во 10:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија
  • Устен испит: 25.09.2018 (вторник) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија

 

 

 


03 септември 2018

Стипендии од Окта

ОКТА доделува две стипендии на студенти од втор циклус студии.

За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ.

Пријавата може да ја преземете <<тука>>.

симни документ


23 август 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ОЦЕНА ЗА ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

СООПШТЕНИЕ

 Се молат студентите кои полагале предмети кај проф. Валентин Мирчески да ги дојдат на ден 29ти и 30ти

август во кабинет 238 за запишување на нивните оцени. Нареден термин е 18ти септември во период од 10-13 часот, во кабинет 238, или во продеканската канцеларија во просториите на деканатот на ПМФ.

 

Проф. В. Мирчески                                                     

valentin@pmf.ukim.mk

 

 

 

 


18 јуни 2018

Конкурс за постдипломски студии во Грција

Компанијата ОКТА АД - Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по енергетика, право и економија на Универзитетот во Пиреја (https://www.des.unipi.gr/en/msc-energy-proclamation). 

За повеќе информации, услови и рокови, погледнете го прикачениот документ.

симни документ


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.