Соопштенија

27 октомври 2018

РАСПОРЕД ЗА НАСТАВА ПО КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Наставата по Клиничка биохемија за студентите на студиската програма по аналитичка биохемија (VII семестар) ќе се одвива во турнуси и ќе запоќне во понеделник, 29.10.2018 година во 9 часот на Медицинскиот факултет, Институт за медицинска и експериментална биохемија.
Целосниот распоред на наставата и колоквиумите e даден во прилог.

симни документ


26 октомври 2018

ОГЛАС за избор на ДЕМОНСТРАТОРИ

Деканот на Природно-математички факултет распишува ОГЛАС за избор на 5 демонстратори на Институтот за хемија. За подетални информации за условите и потребните гокументи отворете го овој документ. Во прилог е пријавата. 

симни документ


21 октомври 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА НАСТАВА ПО „СПОРТ И ЗДРАВЈЕ“ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД I ГОДИНА

Се известуваат студентите на хемија од Природно математички факултет дека наставата по предметот Спорт и здравје во зимскиот семестар 2018/19 год ќе се одвива во спортската сала на Машински факултет според дадениот распоред, а наставата ќе почне од четврток 25.10.2018 година.

 

- Вторник 14.00 - наставна насока и аналитичка биохемија-група 2 
- Четврток 14.00 - применета хемија и аналитичка биохемија-група 1

 

Скопје 24.10.2018                                


17 октомври 2018

Erasmus Mundus стипендии

Erasmus Mundus SERP+ master ја започнува кампањата за двегодишни мастер студии за студенти кои сакаат да се стекнат со меѓународно искуство во областа на хемија, физичка хемија и наука за материјали. 

 

Предавањата се на англиски јазик во рамки на 4 европски универзитети: Paris-Sud (Франција), Genoa (Италија), Porto (Португалија), Adam Mickiewicz (Полска) и имаат за цел да ги обучат студентите во области кои се од големо значење и тоа: обновлива енергија, зелена хемија, нанонаука, наномедицина, современи материјали, примена на радијацијата.

 

Достапни се 20 Erasmus Mundus стипендии (EU студенти: 32.800 €; останати студенти: од 41.800 € до 43.800 €) и 15 позиции за само-финансирање.

 

Аплицирањето се прави online до 15-ти февруари 2019 за Erasmus Mundus стипендиите и до 30-ти јуни 2019 за  позициите со само-финансирање.

 

За повеќе информации погледнете ја интернет страната: www.master-serp.eu

 


15 октомври 2018

Соопштение за настава по предметот Методика на хемиско експериментирање 1

 

Се известуваат студентите од наставна насока дека наставата по предметот Методика на хемиско експериментирање 1 ќе започне на 18.10.2018 година (четврток) во 9 ч. во лабораторија 308.


15 октомври 2018

Соопштение за настава по предметот Општа методика во хемијата

Се известуваат студентите од наставна насока дека наставата по предметот Општа методика во хемијата ќе започне на 19.10.2018 година (петок) во 10 ч. во просторија 309.


09 октомври 2018

Стипендиски програми на Германската служба заразмена на студенти (ДААД)

Во среда (10.10.18 година) од 12:00 часот во големиот амфитеатар „Димче Тошев“ (навтори кат) на Хемискиот институт - Скопје, на ул. Архимедова бр. 5 во Автокоманда, ќе сеодржи презентација на можностите за студирање во Германија, едномесечни курсеви загермански јазик во летниот период, како и начинот и програмите за аплицирање застудиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена(ДААД).

 

За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ. 

симни документ


01 октомври 2018

Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I – А и Б ниво за студентите од сите насоки 

Првиот час по предметот „Аналитичка хемија I“ за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе се одржи на 08. 10. 2018 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 125.


30 септември 2018

ОГЛАС ЗА ДЕМОНСТРАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА

Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет има потреба од ангажирање на демонстратори за реализација на практична настава за студентите на прв циклус. Како демонстратори може да бидат ангажирани студенти на втор и трет циклус студии на хемија кои оствариле просечен успех од најмалку 8,00 на претходните циклуси од студиите на хемија.

Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со потребните документи (уверение за завршени студии, потврда дека се студенти на втор/трет циклус или дека се во процедура на запишување на втор/трет циклус, CV, мотивациско писмо) на e-mail на раководителот на Институтот, проф. д-р Марина Стефова: marinaiv@pmf.ukim.mk најдоцна до петок, 5 октомври, во 10 часот.

 Од Управата на Институтот за хемија


28 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕН-СЕСИЈА НА 2 И 3 ОКТОМВРИ

Постапувајќи по барања на студентите, Наставно-научниот совет на ПМФ на редовната седница одржана на 27.09.2018 година донесе ОДЛУКА за одржување на ден сесија за полагање на еден испит, која на Институтот за хемија за студентите на студиските програми на хемија ќе се реализира на 2 октомври за писмен испит и на 3 октомври за усмен испит од 12 часот во амфитеатар.

Студентите имаат право да полагаат испит по еден предмет и мора да се пријават кај библиотекарот за да биде евидентирано име и презиме, број на индекс и по кој предмет ќе полагаат испит најдоцна до понеделник во 15 часот.


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.