СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Предавањата по англиски јазик кај проф. д-р Солзица Поповска за студентите на хемија ќе почнат на 7 февруари 2018 година и ќе се одржуваат во среда од 14 часот во хемискиот амфитеатар.
СООПШТЕНИЕ за одлуки на Деканатската управа на ПМФ
1. Дополнителен ден-сесија се одредува на 07.02.2018 година (среда) за предмети од летниот семетар од учебната 2016/2017 година и зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година.
- Студентите може да пријават само еден предмет за кој ги регулирале академските обврски (потпис и заверен семестар).
- Пријавувањето на испитот студентите да го направат најдоцна до 05.02.2018 година во Службата за студентски прашања.
2. Рокот за заверка на зимскиот семетар во учебната 2017/2018 година и запишување на летниот семестар во учебната 2017/2018 година се продолжува до 09.02.2018 година. (да се завршат сите обврски со завршното оценување на студентите кои ќе полагаат во ден сесијата до 09.02.2018 година).
3. Рокот за одбрана на дипломски труд без запишување на летен семестар, за студентите кои ги положиле сите испити во учебната 2017/2018 година, е до 15.02.2018 година.
НАСТАВА кај Проф. Иван Грозданов, втор семестар
ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА А-ниво, КАЈ ПРОФ. ИВАН ГРОЗДАНОВ ВО ВТОРИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ ЗАПОЧНАТ НА 01.02.2018 г, 10-12 ч. во П-124.
НАСТАВАТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕТИКА ЗА ХЕМИЧАРИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 07.02.2018 г., 10-12 ч И ЌЕ СЕ ОДВИВА СЕКОЈА СРЕДА 10-12 ч И СЕКОЈ ЧЕТВРТОК 8-10 ч.
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II – А ниво за студентите од сите насоки
Првиот час по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, четврти семестар, сите насоки: применета хемија и аналитичка-биохемија, ќе се одржи на 07. 02. 2018 година, среда, во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник
доцент д-р Јасмина Петреска Станоева
Презентација на компанијата „Лек“ и на Хемискиот институт од Љубљана, Р. Словенија
Во вторник, на 13.2.2018 во 13 часот во физичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи презентација за кариерни и научноистражувачки можности за идни дипломанди од сферата на природните науки од страна на две институции од Република Словенија:
1. Lek Pharmaceuticals d.d., член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en)
2. Хемиски институт - Љубљана (https://www.ki.si/en/)
Целта на презентацијата ќе биде претставување на овие две институции, нивната позиција во Република Словенија и можностите за идна кариера и научноистражувачка работа кои тие ги нудат за студентите на ПМФ. Дополнително, ќе биде промовиран престојниот Регионален Биокамп 2018 кој ќе се одржи помеѓу 27-29 мај во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од ПМФ. (https://www.lek.si/en/careers/biocamp/biocamp-2018/). Презентацијата ќе трае 45 минути, а говорници ќе бидат:
1. Нина Битенц - Проектен координатор во Хемиски институт - Љубљана.
2. Даниел Јаневски - Раководител на сектор за лекови без рецепт.
3. Огнен Јакасановски, студент на Фармацевтски факултет – УКИМ, моментално на академска пракса во компанијата Лек во Љубљана.
Презентацијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Сите заинтересирани студенти се добредојдени!
Промена на датумот за усните испити кај проф. В. Мирчески во II декада на јануарската сесија 2018
По барање на студентите, усните испити во втората декада на јануарската испитна сесија 2018 кај проф. Валентин Мирчески се презакажуваат и ќе се одржат на 29.01.2018, со почеток во 14:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија.
Проф. В. Мирчески
ИСПИТИ - ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ - СИТЕ ПРЕДМЕТИ КАЈ И. ГРОЗДАНОВ
ИСПИТИ - ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ: Општа хемија (А), Неорганска хемија (А), Комуникациски вештини, Етика за хемичари
10-12 ч.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТИТЕ ОДРЖАНИ НА 25.01.2018 г. Кај Проф. Иван Грозданов
ОПШТА ХЕМИЈА А-ниво
НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА А – ниво
ЕТИКА ЗА ХЕМИЧАРИ
КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ
Увид во писмените, четврток, 01.02.2018 г., 12-13 ч.
ИСПИТ- ЗАДАЧИ ПО ОПШТА ХЕМИЈА (А) и НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А) од 10 ч.
ИСПИТ- ЗАДАЧИ ПО ОПШТА ХЕМИЈА (А) и НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА (А) од 10 ч.
АМФИТЕАТАР, од 10 ч.
Владимир Ивановски Поместување на испити Физичка хемија 1 и 2 Б-ниво и радиохемија
На барање на група студенти, испитите Физичка хемија 1 и 2 Б-ниво и радиохемија на 23.01.2018 наместо во 9.00, ќе се одржат со почеток во 12.00, во амфитеатарот.
ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ ОД ИСПИТИТЕ ПО СИТЕ ПРЕДМЕТИ КАЈ И. ГРОЗДАНОВ
РЕЗУЛТАТИ:
Неорганска хемија А-ниво
1. Димитар Недељковиќ 45/100
2. Фитим Зенуни 43/100
3. Асен Хоџица 42/100
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |