Соопштенија

08 мај 2018

ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ

 

Почитувани колеги,
во прилог се соопштенијата од студентската служба со инструкции кои се однесуваат на:
- заверка на летниот семестар, која ќе се одвива од 15.05.2018 до 21.05.2018 год.
- пријавување на испити во летна/втора испитна сесија што тоа мора да се направи најдоцна два дена пред испитот. Сесијата ќе се реализира во две декади: од 21.05 до 01.06.2018 год. и од 4-15.06.2018 год.)
- задолжително ЕЛЕКТРОНСКО пополнување на анонимните АНКЕТИ на следниов линк: pmfanketi.finki.ukim.mk во периодот од 10-21.05.2018 година (види Документи)

 Од Деканатот на ПМФ
Документи:

08 мај 2018

СТИПЕНДИЈА, Втор циклус, ОКТА

Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит (www.peteng-master.tuc.gr)

 

За подетални информации погледнете го прикачениот документ

симни документ


04 мај 2018

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРАКСА ВО АЛКАЛОИД 

Почитувани колеги,
рокот за пријавување за практикантство во Алкалоид истекува на 6 мај 2018.
Пријавете се за практикантство во престижната фармацевтска компанија која од оваа година ги отвора вратите за студентите на хемија. Летната пракса ќе започне по завршувањето на јунскиот испитен рок.
СРЕЌНО!


02 мај 2018

ОТВОРЕН ДЕН - ЗАПОЗНАЈТЕ ГО УКИМ! 

На 5 мај (сабота) со почеток од 10:00 h, во кампусот на техничките факултети (ТМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, МФС) ќе има одлична забава преку која ќе може да се запознаете со можностите кои ги нуди УКИМ. Бидете и вие дел од забавата на најголемиот и најдобриот универзитет во Македонија.

симни документ


28 април 2018

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

 

Оваа година за првпат Алкалоид АД Скопје започнува со прием на практиканти-студенти од III и IV год. на студиските програми од хемија.
Информации за огласот се дадени во прилог на ова соопштение. Пријавете се! Ви посакуваме многу среќа!

http://www.alkaloid.com.mk/praktikanstvo.nspx


17 април 2018

Јавен повик за финансиска поддршка на иновативни идеи на студенти

Градоначалникот на општина "Гази Баба" објавува јавен повик за финансиска поддршка на иновативни идеи на студенти преку организирање натпревар на иновативни идеи "Предизвик за студенти иноватори".

За дополнителни информации погледнете ги прикачените документи.

симни документ


11 април 2018

ПОКАНА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД

 

На 17 април 2018 година во 12 часот на Институтот за хемија (предавална 124) ќе се одржи презентација на „Програмата за практиканство во Алкалоид“ („Програма за млади таленти“) за студенти на хемија.
Поканата е прикачена кон ова соопштение!  Добредојдени се сите студенти на хемија.

симни документ


08 март 2018

Соопштение за мартовска  (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год.

Мартовска  (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год. ќе се одвива од 26.03.2018 година до 30.03.2018 г.

 

               се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека имаат обврска да ги пријават испитите  задолжително на двата   начина:

1. со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на Шалтерот за студентски прашања ќе се одвива од  12.03.2018 до  20.03.2018 година  и

2.  ЕЛЕКТРОНСКО пријавување на испитите од 05.03.2018 до 30.03.2018 година на испитите преку електронскиот “i-know” систем и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса, при што КОДОТ задолжително треба да се впише во полето-таксени марки и во  хартиената пријава (шифра за АТ) - упатството е објавено на веб страницата на ПМФ.

Право на полагање имаат:

                1. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 година (или запишано X, XII, XIV и XVI семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно Одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.

             2. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 г. (или запишано II, IV, VI  I VIII семестар), може да полагат само еден предмет од задолжителните предмети слушани во зимскиот семестар во уч.2017/2018 година, за кои  студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен зимски семестар и запишан летен семестар од уч.2017/2018 година), согласно Одлуката на  Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.02-1029/2 од  07.07.2017 година.         

 од Деканатот


08 март 2018

ПРИМАТИЈАДА 2018 (Будва, април 2018) - ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА УЧЕСТВО!

Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат со научни трудови дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 15.03.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.

Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат во спортски активности дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 02.04.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.

Пријавете се!


14 февруари 2018

Соопштение за почеток на предавањаta по предметот Биохемија II

Предавањата ќе започнат на 16.02.2018 со почеток во 12:15 h во предавална 125.

Проф. В. Мирчески


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.