С О О П Ш Т Е Н И Е ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ЗАВЕРУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД 22.01.2018 ДО 01.02.2018 ГОДИНА.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
ИЛИ,
СИТЕ УПЛАТИ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП50:
- назив и седиште на примач ПМФ – Скопје
- банка на примач НБРМ
- трансакциска сметка 100000000063095
- сметка на буџетски корисник на ПМФ 1600110804 788 19
- приходна шифра програма начин 723012 - 41 – 2
- цел на дознака ( упис на летен сем. во уч.2017/2018 г. студии по_____ )
НАПОМЕНА :
ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА, ЌЕ СЕ ОДВИВА
ОД 09.01.2018 ДО 01.02.2018 ГОД., ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ ВОДАТ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ “I-KNOW”, ЗАПИШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО 1,3,5,7,9,11 и 13 СЕМЕСТАР (СТУДЕНТИТЕ ОД 15 СЕМЕСТАР, КАКО И СТУДЕНТИТЕ ОД 13 СЕМЕСТАР НА СТУДИИ ПО ГЕОГРАФИЈА, НЕ ТРЕБА ЕЛЕКТРОНСКИ ДА ГО ЗАПИШУВААТ ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР).
*Електронскиот начинот на плаќање на административна такса е објавен на web страницата на ПМФ, www.pmf.ukim.edu.mk и на огласната табла. Кодот кој студентите, ќе го добијат во повратната порака, како успешна електронска уплата на администратитвната такса преку СМС, студентите се должни да го впишат при електронското запишување на летниот семестар во i-know системот (во менито запишани семестри во полето таксени за летен ссеместар 2017/2018 година) во износ од 50,00 денари.
26.12.2017 ГОД. ОД ДЕКАНАТОТ
Резултати од усните испити одржани во дополнителната ноемвриска сесија2017 кај проф. В. Мирчески
| Резултати | ||
| дополнителна ноемвриска сесија 2017 | ||
| Име и презиме | бодови | оцена |
| Еколошка биохемија | ||
| Маријана Спасовска | 140 | 10 |
| Неорганска хемија | ||
| Тамара Лазаровска | 128 | 9 |
| Мирјана Платникова | 112 | 8 |
| Електрохемија | ||
| Анастасија Серафимовска | 116 | 8 |
| Нина Пенева | 112 | 8 |
| Виктор Дамјановски | 112 | 8 |
| Наталија Илијевска | 106 | 8 |
| Мирјана Николоска | 106 | 8 |
| 28.12.2017 | ||
| Консултации: 9.01.2018 од 12 ч. во каб. 238 | ||
Втор колоквиум по Општа хемија А-ниво кај проф. Иван Грозданов, 10-12 ч
Втор колоквиум по Општа хемија А-ниво кај проф. Иван Грозданов, 10-12 ч
На 29 декември 2017 година во 10 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на магистерската работа:
„ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СУЛФАДИМИДИН, ОКСИТЕТРАЦИКЛИН ИНЕОМИЦИН ВО ТРИКОМПОНЕНТЕН ВЕТЕРИНАРЕН ПРЕПАРАТ СО ПРИМЕНА НА УЛТРАВИОЛЕТОВА И ВИДЛИВА СПЕКТРОФОТОМЕТРИЈА“ изработена од кандидатот Драгана Трајковиќ, дипл. инж. хем.
ИСПИТ ПО КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 13.12.2017 од 10 ч
Испитот по предметот КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ кај проф. Иван Грозданов ќе се одржи на 13.12.2017 г од 10 ч во Салата за конференции на Институтот по хемија.
На 11 декември 2017 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на магистерската работа:
„СИНТЕЗА И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА СРЕБРЕНИ НАНОЧЕСТИЧКИ“ изработена од кандидатот Леон Стојанов, дипл. инж. хем.
ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ОПШТА ХЕМИЈА А-ниво кај проф. Грозданов 15.11.2017 г 8-10 ч во П-125 Материјал: според интерната скрипта, до Теории за хемиски врски, вклучувајќи ги и нив.
ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ОПШТА ХЕМИЈА А-ниво кај проф. Грозданов
8-10 ч во П-125
Материјал: според интерната скрипта, до Теории за хемиски врски, вклучувајќи ги и нив.
Месец на науката на Природно-математички факултет
Активностите кои ќе се одржат на Природно-математичкиотфакултет во Скопје во текот на три викенди во ноември 2017 година и тоа:
Во рамките на „Месецот на науката“ вклучени се повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експерименти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.
Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч. 2017/2018 год.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите за ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 30.10.2017 година до 03.11.2017 г. со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на шалтерот за студентски прашања.
Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 06.11.2017 година до 10.11.2017 г, а право на полагање имаат:
1. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2017/2018 година (запишано IX, XI, XIII И XV семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа,
2. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2017/2018 г. (запишано III, V И VII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните.
Студентите докажуваат дека ги реализирале академските обврски со потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2016/2017 година, термините ги објавуваат институтите, при факултетот.
Задолжително електронско пријавување, од 30.10.2017 до 03.11.2017 год. на испитите преку електронскиот “i-know” систем и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса, при што кодот задолжително треба да се впише во полето-таксени марки (упатството е објавено на веб страницата на ПМФ).
Термините ги објавуваат институтите, при факултетот.
26.10.2017 год. од Деканатот,
СООПШТЕНИЕ ЗА XII СТУДЕНТСКИ КОНГРЕС НА СХТМ И EAST-WEST CHEMISTRY CONFERENCE
Од 12-14 октомври 2017 година во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи XII Студентски конгрес на СХТМ (http://www.sctm.mk/12congres/) истовремено со EAST-WEST Chemistry conference (http://ewcc2017.org/) во ко-организација на Турското хемиско друштво и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ).
Предавањата се отворени за посетители и студентите на хемија се поканети да присуствуваат на некои од предавањата, а и да ги слушнат презентациите од своите колеги на студентскиот конгрес. Доколку во исто време имаат редовни предавања, тогаш треба да го известат наставникот дека ќе присуствуваат на конгресот, или пак да појдат на конгресот веднаш по предавањата.
Институт за хемија и СХТМ