Соопштенија

27 септември 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ПОРАДИ ПОСТИГНАТ УСПЕХ ВО СТУДИРАЊЕТО

Деканатската управа на XXVI редовна седница одржана на 24.09.2018 година донесе ОДЛУКА за ослободување од партиципација за постигнат успех во студирањето според која: во учебната 2018/19 година се ослободуваат од партиципација студенти кои постигнале просечен успех од 9,50-10,00 и тоа за делот од средствата за институтот. За да се реализира ослободувањето, студентот треба да поднесе барање за ослободување од партиципација поради постигнат просечен успех>9,50.


04 септември 2018

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО  

СЕПТЕМВРИСКИ ИСПИТЕН РОК

2018

Проф. д-р Валентин Мирчески

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО  

СЕПТЕМВРИСКИ ИСПИТЕН РОК

2018

Проф. д-р Валентин Мирчески

 

 

ОПШТА ХЕМИЈА, НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА-Б ниво и ЕЛЕКТРОХЕМИЈА

 

 

I декада:

 

  • Писмен испит (задачи): 30.08.2018 (четврток) со почеток во 10:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија
  • Устен испит: 11.09.2018 (вторник) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија

 

II декада:

 

  • Писмен испит (задачи): 17.09.2018 (понеделник) со почеток во 10:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија
  • Устен испит: 25.09.2018 (вторник) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија

 

 

 


03 септември 2018

Стипендии од Окта

ОКТА доделува две стипендии на студенти од втор циклус студии.

За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ.

Пријавата може да ја преземете <<тука>>.

симни документ


23 август 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ОЦЕНА ЗА ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. ВАЛЕНТИН МИРЧЕСКИ

СООПШТЕНИЕ

 Се молат студентите кои полагале предмети кај проф. Валентин Мирчески да ги дојдат на ден 29ти и 30ти

август во кабинет 238 за запишување на нивните оцени. Нареден термин е 18ти септември во период од 10-13 часот, во кабинет 238, или во продеканската канцеларија во просториите на деканатот на ПМФ.

 

Проф. В. Мирчески                                                     

valentin@pmf.ukim.mk

 

 

 

 


18 јуни 2018

Конкурс за постдипломски студии во Грција

Компанијата ОКТА АД - Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по енергетика, право и економија на Универзитетот во Пиреја (https://www.des.unipi.gr/en/msc-energy-proclamation). 

За повеќе информации, услови и рокови, погледнете го прикачениот документ.

симни документ


17 јуни 2018

Оглас за практикантска работа во ОКТА

Сите информации се дадени во прикачениот документ. Пријавувањето е до 22 јуни, а практикантската работа почнува од 2 јули.

Среќно!

симни документ


14 јуни 2018

Списоци со термини за полагање на усмен испит кај проф. Владимир Ивановски

Се известуваат стидентите дека на огласната табла пред просторијата на проф. Владимир Ивановски се истакнати табели кои содржат временски интервали во кои студентот може да избере да го полага усмениот дел од испитот (Физичка хемија 1 и 2 Б ниво - аналитичка биохемија и Радиохемија - применета хемија). Потребно е студентот да се запише во еден од овие термини. Поради бројот на положени студенти (писмено), понудени се два дена за полагање, 18 и 19.06.2018.

проф. д-р Владимир Ивановски


22 мај 2018

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА -А 4 колоквиум

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА А-ниво: РЕЗУЛТАТИ ОД 4 КОЛОКВИУМ

  1. Теодора Петкоска    85/100 бода
  2. Вљера Зендели   68
  3. Даниел Николовски   75
  4. Андреј Стојановски   89
  5. Ива Лазарова   82
  6. Ѓорѓина Ѓоргиевска   78
  7. Маја Муловска   82
  8. Емилија Симјановска   93
  9. Оливера Алексова   70
  10.  Филип Димковски   76
  11. Иван Макаровски  71
  12. Фросина Димоска   82
  13. Бранкица Мијаческа   88
  14. Беркан Муедин   37
  15. Елена Велјановска   78
  16. Иван Младеновски   63
  17. Светомир Симиќ   50
  18. Зулејха Алија   28

                                22.05.2018 г   Проф. Иван Грозданов


10 мај 2018

Соопштение за презентации на семинарски работи и Втор колоквиум по предметот Легислатива ....

Термин за презентации на семинарски работи е 15 мај (вторник) во 8 часот.

Семинарските работи (во Power Point) треба да бидат пратени на предметниот професор по e-mail најдоцна до 15 часот на 14 мај.

Ориентациона големина на презентација од 10 мин. е 10 слајда.

Втор колоквиум ќе се одржи на 22 мај со почеток во 8 часот во пред. 125.

проф. Д-р Горан Стојковиќ


09 мај 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ЗА ПРЕДПРИЕМНИШТВО

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека во насока на продолжување на активностите за воведување на предприемничкото учење и зајакнување на апликативната дејност на Факултетот, ораганизирана е серија предавања на следниве теми:

1. Претприемаштво, иновативност и мал бизнис (10.05.2018)

2. Грешки кaј start‐up бизнисите (16.05.2018)

3. Франшизата како можност за формирање, раст и развој на претпријатие (17.05.2018)

кои ќе ги одржи доц. д‐р Љубиша Николовски, истакнат стручњак од практиката при Факултетот, во амфитеатарот „Проф. д‐р Ордан Печијаре“ на Институтот за физика, со почеток во 12 ч.

Добредојдени се сите заинтересирани студенти и вработени на факултетот!

Продекан,

Проф. д‐р Валентин Мирчески


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.