Соопштенија

14 февруари 2018

Почеток на предавања по предметот Електрохемија

Предавањата ќе започнат на 16.02.2018 во 10:15 ч во салата за конференции на Институтот за хемија.

Проф. В. Мирчески


12 февруари 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕДАВАЊА

НЕОРГАНСКА ХЕМИЈ -Б -НИВО

СООПШТЕНИЕ

 

Предавањата по предметот: Неорганска хемија Б-ниво, ќе започнат на

 

13.02.2018

во амфитеатарот на Институтот за хемија,

со почеток во

 

10:15 h.

 Проф. В. Мирчески                                                                12.02.2018

valentin@pmf.ukim.mk

 


08 февруари 2018

НАНОХЕМИЈА И НАНОТЕХНОЛОГИИ

Предавањата од НАНОХЕМИЈА И НАНОТЕХНОЛОГИИ ќе започнат на 15.02.2018 (четврток) од 10 ч. во предавална 125.  


06 февруари 2018

Физичка хемија 1 Б-ниво аналитичка биохемија

Првиот час ќе се одржи во петок (09.02.2018) од 9 до 12 часот, просторија 125


06 февруари 2018

МЕТОДИКА НА ХЕМИСКО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ 2

Се известуваат студентите од наставната насока дека предавањата по предметот МЕТОДИКА НА ХЕМИСКО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ 2 ќе започнат на 15,02,2018 во лаб. 308.


02 февруари 2018

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕДАВАЊА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Предавањата по англиски јазик кај проф. д-р Солзица Поповска за студентите на хемија ќе почнат на 7 февруари 2018 година и ќе се одржуваат во среда од 14 часот во хемискиот амфитеатар.


31 јануари 2018

СООПШТЕНИЕ за одлуки на Деканатската управа на ПМФ

1. Дополнителен ден-сесија се  одредува на 07.02.2018 година (среда) за предмети од летниот семетар од учебната 2016/2017 година и зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година.

- Студентите може да пријават само еден предмет за кој ги регулирале академските обврски (потпис и заверен семестар).

- Пријавувањето на испитот студентите да го направат најдоцна до 05.02.2018 година во Службата за студентски прашања.

 

2. Рокот за заверка на зимскиот семетар во учебната 2017/2018 година и запишување на летниот семестар во учебната 2017/2018 година се продолжува до 09.02.2018 година. (да се завршат сите обврски со завршното оценување на студентите кои ќе полагаат во ден сесијата до  09.02.2018 година).

 

3. Рокот за одбрана на дипломски труд без запишување на летен семестар, за студентите кои ги положиле сите испити во учебната 2017/2018 година, е до 15.02.2018 година.


30 јануари 2018

НАСТАВА кај Проф. Иван Грозданов, втор семестар

ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА А-ниво, КАЈ ПРОФ. ИВАН ГРОЗДАНОВ ВО ВТОРИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ ЗАПОЧНАТ НА 01.02.2018 г, 10-12 ч. во П-124.

НАСТАВАТА ПО ПРЕДМЕТОТ ЕТИКА ЗА ХЕМИЧАРИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 07.02.2018 г., 10-12 ч И ЌЕ СЕ ОДВИВА СЕКОЈА СРЕДА 10-12 ч И СЕКОЈ ЧЕТВРТОК 8-10 ч.


29 јануари 2018

Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II – А ниво за студентите од сите насоки

Првиот час по предметот Аналитичка хемија II за студентите од втора година, четврти семестар, сите насоки: применета хемија и аналитичка-биохемија, ќе се одржи на 07. 02. 2018 година, среда, во 8.00 часот, во предавална 124.

 

Предметен наставник

доцент д-р Јасмина Петреска Станоева


29 јануари 2018

Презентација на компанијата „Лек“ и на Хемискиот институт од Љубљана, Р. Словенија

Во вторник, на 13.2.2018 во 13 часот во физичкиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи презентација за кариерни и научноистражувачки можности за идни дипломанди од сферата на природните науки од страна на две институции од Република Словенија:

 

1. Lek Pharmaceuticals d.d., член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en)

2. Хемиски институт - Љубљана (https://www.ki.si/en/)

 

Целта на презентацијата ќе биде претставување на овие две институции, нивната позиција во Република Словенија и можностите за идна кариера и научноистражувачка работа кои тие ги нудат за студентите на ПМФ. Дополнително, ќе биде промовиран престојниот Регионален Биокамп 2018 кој ќе се одржи помеѓу 27-29 мај во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од ПМФ. (https://www.lek.si/en/careers/biocamp/biocamp-2018/). Презентацијата ќе трае 45 минути, а говорници ќе бидат:

 

1. Нина Битенц - Проектен координатор во Хемиски институт - Љубљана.

2. Даниел Јаневски - Раководител на сектор за лекови без рецепт.      

3. Огнен Јакасановски, студент на Фармацевтски факултет – УКИМ, моментално на академска пракса во компанијата Лек во Љубљана.

 

Презентацијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Сите заинтересирани студенти се добредојдени!


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.