ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ
СТИПЕНДИЈА, Втор циклус, ОКТА
Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит (www.peteng-master.tuc.gr)
За подетални информации погледнете го прикачениот документ
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРАКСА ВО АЛКАЛОИД
ОТВОРЕН ДЕН - ЗАПОЗНАЈТЕ ГО УКИМ!
На 5 мај (сабота) со почеток од 10:00 h, во кампусот на техничките факултети (ТМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, МФС) ќе има одлична забава преку која ќе може да се запознаете со можностите кои ги нуди УКИМ. Бидете и вие дел од забавата на најголемиот и најдобриот универзитет во Македонија.
ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
Јавен повик за финансиска поддршка на иновативни идеи на студенти
Градоначалникот на општина "Гази Баба" објавува јавен повик за финансиска поддршка на иновативни идеи на студенти преку организирање натпревар на иновативни идеи "Предизвик за студенти иноватори".
За дополнителни информации погледнете ги прикачените документи.
ПОКАНА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО ВО АЛКАЛОИД
Соопштение за мартовска (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год.
Мартовска (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год. ќе се одвива од 26.03.2018 година до 30.03.2018 г.
се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека имаат обврска да ги пријават испитите задолжително на двата начина:
1. со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на Шалтерот за студентски прашања ќе се одвива од 12.03.2018 до 20.03.2018 година и
2. ЕЛЕКТРОНСКО пријавување на испитите од 05.03.2018 до 30.03.2018 година на испитите преку електронскиот “i-know” систем и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса, при што КОДОТ задолжително треба да се впише во полето-таксени марки и во хартиената пријава (шифра за АТ) - упатството е објавено на веб страницата на ПМФ.
Право на полагање имаат:
1. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 година (или запишано X, XII, XIV и XVI семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно Одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.
2. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2017/2018 г. (или запишано II, IV, VI I VIII семестар), може да полагат само еден предмет од задолжителните предмети слушани во зимскиот семестар во уч.2017/2018 година, за кои студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен зимски семестар и запишан летен семестар од уч.2017/2018 година), согласно Одлуката на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.02-1029/2 од 07.07.2017 година.
од Деканатот
ПРИМАТИЈАДА 2018 (Будва, април 2018) - ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА УЧЕСТВО!
Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат со научни трудови дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 15.03.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.
Се известуваат студентите кои сакаат да учествуваат во спортски активности дека пријавувањето за „ПРИМАТИЈАДА-2018“ е од 14.02 до 02.04.2018 год. во просториите на Студентскиот сојуз од 11:30-13:30h секој работен ден.
Пријавете се!
Соопштение за почеток на предавањаta по предметот Биохемија II
Предавањата ќе започнат на 16.02.2018 со почеток во 12:15 h во предавална 125.
Проф. В. Мирчески