02 декември 2013
СООПШТЕНЕ ЗА ОДБРАНИ НА МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ВО ДЕКЕМВРИ 2013
На Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавните одбрани на 5 магистерски труда
симни документ
11 ноември 2013
Одбрана на докторска дисертација
На 29.11.2013 год. во 12 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација под наслов: „ИЗУЧУВАЊЕ НА ПСЕВДОПОЛИМОРФИЗМОТ И СТАБИЛНОСТА ВО ЦВРСТА СОСТОЈБА НА НЕКОИ ОПИЈАТНИ АЛКАЛОИДИ СО ВИБРАЦИОНА СПЕКТРОСКОПИЈА И СО ТЕРМИЧКА АНАЛИЗА“ од кандидатот м-р Ѓорѓи Петрушевски.
30 септември 2013
Работилница во Клуж-Напока, Романија
И оваа година, како претходните во рамките на DAAD проектот, ќе се одржи работилница во Клуж-Напока, Романија (Cluj-Napoca) од 14-19 октомври 2013. Учесниците треба да презентираат свои резултати во облик на постер или куса презентација (10 мин.). Превозот е организиран со автобус и подмирени се трошоците за престој. Учеството на професори е исто така добредојдено.
Наскоро ќе следат и подетални информации.
30 септември 2013
Префрлање на студентите по нови наставни планови и програми
Сите студенти на ПМФ запишани до учебната 2007/2008 година треба да се префрлат да студираат по тековните наставни планови и тоа во квотата со кофинансирање (400 Еur на годишно ниво). При тоа треба да се види кои од положените испити се совпаѓаат со испитите од тековните планови и истите да се признаат, а кои предмети треба да се запишат и да се полагаат (новите предмети и оние неположените, а претходно слушани, активни и во новите планови.
Во моментот, на Институтот за хемија се одржва настава по два постоечки наставни плана и тоа од 2009/2010 и 2012/2013. Студентите запишани до 2007/2008 година треба да се усогласат со една од овие програми и тоа со онаа што е поблиска до таа по која се запишале.
Значи треба:
- да се види кои предмети треба да се запишат со барање за признавање/префрлање кое се зема од студентски прашања, се пополнува и се доставува кај проф. д-р Марина Стефова
- потоа, зависно од тоа кои предмети се во даден семестар, треба да се пополни листот за запишување/презапишување на предмети во зимскиот семестар според постојниот наставен план (2009/2010 или 2012/2013),
- цената на еден кредит е 410 ден. за прво запишување, а 600 ден за презапишување бидејќи статусот е студирање со кофинансирање,
- трошоци за префрлање/признавање НЕМА.
Проф. д-р Марина Стефова
16 септември 2013
Почеток на новата (2013-2014) академска година
Денес (16.09.2013) почнува новата академска година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По тој повод првиот час со новата генерација студенти на хемија ќе се одржи денес во 13 часот во хемискиот амфитеатар.
Наставниот и техничкиот персонал од Институтот за Хемија на сите бруцоши им посакува добар почеток и успешна година.
05 септември 2013
Стипендии за втор циклус студии „проф. Александар Николовски“
Почитувани колеги,
со задоволство Ве известуваме дека почнувајќи од учебната 2010-11 на Институтот за хемија се доделуваат 2 стипендии во износ од 1000 евра за магистерски студии кои се донација од професор Александар Николовски, пензиониран наставник од нашиот институт.
Заинтересираните кандидати треба да поднесат кратка биографија (CV), мотивациско писмо (на англиски јазик) и уверение за завршени студии од I циклус на следнава е-адреса: marinaiv@pmf.ukim.mk (проф. д-р Марина Стефова) во периодот кога е отворен конкурсот за II циклус студии.
За подетални информации, отворето го прикачениот документ!
симни документ