Соопштенија

14 мај 2014

На 21 мај 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„ПРОУЧУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА НЕКОИ ПОЧВЕНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВРЗ СОДРЖИ­НАТА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ТУТУНОТ ПРОИЗВЕДЕН ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

изработена од м-р на хемиски науки Билјана Јорданоска-Шишовска.


09 април 2014

НОВО ИЗДАНИЕ НА

ПЕРИОДЕН СИСТЕМ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ

Во книжарницата на ПМФ (Институт за хемија, соба 18, приземје) во продажба е периоден систем со најнови ажурирани податоци:

  • А4, двостран со препораки на IUPAC 80 ден
  • Постер, димензии од 100 cm × 80 cm 1200 ден (+ 216 ден ДДВ)
    • македонски
    • албански
    • турски

симни документ


03 април 2014

Во март 2014 година на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

- „ПРЕПОРАКИ ЗА ВАЛИДАЦИЈА НА БИОХЕМИСКИ АНАЛИТИЧКИ МЕТОДИ И НИВНА ПРИМЕНА ЗА ПРОВЕРКА НА СПЕКТРОФОТОМЕТРИСКА МЕТОДА ЗА МЕРЕЊЕ НА ГЛУКОЗА И ИМУНОЛОШКА МЕТОДА ЗА МЕРЕЊЕ НА ТИРЕО­СТИ­МУ­ЛИРАЧКИ ХОРМОН“, изработена од дипл. инж. по хемија Гоце Иванов, на 7 април во 12 часот.

- „ПРИМЕНА НА ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА ПРИ ИЗУЧУВАЊЕ НА ХЕМИЈАТА СО КОНСТРУКТИВИСТИЧКИ ПРИОД ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВА­НИЕ“, изработена од Горица Смилкова, дипл. проф. по биологија и хемија, на 9 април во 13 часот.

- „ЕЛЕКТРОХЕМИЈА НА КОЕНЗИМИТЕ Q И ИСПИТУВАЊЕ НА НИВНАТА СПОСОБНОСТ ЗА КОМПЛЕКСИРАЊЕ НА БИОЛОШКИ ЗНАЧАЈНИ МЕТАЛИ“, изработена од дипл. инж. по хемија Николина Митреска, на 10 април во 12 часот.

.


24 март 2014

Хемиски спектакл

На 9.04.2014 (среда) со почеток од 18.00 h во амфитеатарот на Институтот за хемија ќе се одржи седмиот по ред ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ под наслов „Magic Bangs and Flashes“. Добредојдени се сите заинтересирани за хемиска магија и забава, особено учениците од средните училишта. Хемискиот спектакл се очекува да трае околу еден час. 

симни документ


04 февруари 2014

Во февруари 2014 година на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

- „БИОХЕМИСКА И ИМУНОЛОШКА КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА КЛЕТКИ ДОБИЕНИ ОД НЕОВАСКУЛАРНИ МЕМБРАНИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ПРОЛИФЕРАТИВНА ДИЈАБЕТСКА РЕТИНОПАТИЈА“од кандидатот Наташа Јосифовска, дипл. инж. по хемија, на 10 февруари во 12 часот.

- „ЕЛЕКТРОХЕМИСКА ДЕПОЗИЦИЈА НА МЕТАЛНИ НАНОЧЕСТИЧКИ НА ГРАНИЦАТА ПОМЕЃУ ДВЕ ТЕЧНИ ФАЗИ И НИВНА МОДИФИКАЦИЈА СО ТИОЛИ“од кандидатот Ангела Алексовска, дипл. инж. по хемија, на 12 февруари во 12 часот.

- „ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СУЛФАДИМИДИН И СУЛФАФУРАЗОЛ ВО ВЕТЕРИНАР­НИ ЛЕКОВИ СО ПРИМЕНА НА ДЕРИВАТИВНА UV-VIS СПЕКТРОФОТОМЕТ­РИЈА“ од кандидатот Виолета Трајковска, дипл. инж. по хемија, на 14 февруари во 12 часот.


02 декември 2013

СООПШТЕНЕ ЗА ОДБРАНИ НА МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ВО ДЕКЕМВРИ 2013

На Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавните одбрани на 5 магистерски труда

симни документ


11 ноември 2013

Одбрана на докторска дисертација

На 29.11.2013 год. во 12 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација под наслов: „ИЗУЧУВАЊЕ НА ПСЕВДОПОЛИМОРФИЗМОТ И СТАБИЛНОСТА ВО ЦВРСТА СОСТОЈБА НА НЕКОИ ОПИЈАТНИ АЛКАЛОИДИ СО ВИБРАЦИОНА СПЕКТРОСКОПИЈА И СО ТЕРМИЧКА АНАЛИЗА“ од кандидатот м-р Ѓорѓи Петрушевски.

30 септември 2013

Работилница во Клуж-Напока, Романија

И оваа година, како претходните во рамките на DAAD проектот, ќе се одржи работилница во Клуж-Напока, Романија (Cluj-Napoca) од 14-19 октомври 2013. Учесниците треба да презентираат свои резултати во облик на постер или куса презентација (10 мин.). Превозот е организиран со автобус и подмирени се трошоците за престој. Учеството на професори е исто така добредојдено. Наскоро ќе следат и подетални информации.

30 септември 2013

Префрлање на студентите по нови наставни планови и програми

Сите студенти на ПМФ запишани до учебната 2007/2008 година треба да се префрлат да студираат по тековните наставни планови и тоа во квотата со кофинансирање (400 Еur на годишно ниво). При тоа треба да се види кои од положените испити се совпаѓаат со испитите од тековните планови и истите да се признаат, а кои предмети треба да се запишат и да се полагаат (новите предмети и оние неположените, а претходно слушани, активни и во новите планови. Во моментот, на Институтот за хемија се одржва настава по два постоечки наставни плана и тоа од 2009/2010 и 2012/2013. Студентите запишани до 2007/2008 година треба да се усогласат со една од овие програми и тоа со онаа што е поблиска до таа по која се запишале. Значи треба: - да се види кои предмети треба да се запишат со барање за признавање/префрлање кое се зема од студентски прашања, се пополнува и се доставува кај проф. д-р Марина Стефова - потоа, зависно од тоа кои предмети се во даден семестар, треба да се пополни листот за запишување/презапишување на предмети во зимскиот семестар според постојниот наставен план (2009/2010 или 2012/2013), - цената на еден кредит е 410 ден. за прво запишување, а 600 ден за презапишување бидејќи статусот е студирање со кофинансирање, - трошоци за префрлање/признавање НЕМА. Проф. д-р Марина Стефова

16 септември 2013

Почеток на новата (2013-2014) академска година

Денес (16.09.2013) почнува новата академска година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По тој повод првиот час со новата генерација студенти на хемија ќе се одржи денес во 13 часот во хемискиот амфитеатар. Наставниот и техничкиот персонал од Институтот за Хемија на сите бруцоши им посакува добар почеток и успешна година.

© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.