Безбедност и протокол во лабораторија

1.

Наслов на наставниот предмет

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТОКОЛ ВО ЛАБОРАТОРИЈА

2.

Код

ХМ-110

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за Хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв

6.

Академска година / семестар

I/I

7.

Број на ЕКТС кредити

2

8.

Наставник

Доц. д-р Миха Буклески

Проф. д-р Јане Богданов

9.

Предуслови за запишување на предметот

нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој предмет е студентот да се запознае и да ги почитува основните правила на безбедност во хемиска лабораторија. Материјалот ги покрива мерките на безбедност, начинот на однесување во хемиска лабораторија, правилниот начин на работење/ракување со разни видови на хемикалии и нивен соодветен третман по завршување на експериментот.  По завршувањето на курсот студентот ќе биде обучен одговорно да пристапува кон работата во хемиска лабораторија и  ќе знае превентивно да делува за да се заштити себеси и другите од ризични ситуациии.

11.

Содржина на предметната програма:

Општи правила на однесување во хемиската лабораторија. Лабораториски бонтон.

Персонална заштита (заштитни наочари, лабораториски мантил, соодветни алишта и обувки,  користење на ракавици, користење на дигестор). Лабораториски протокол (посетители, одржување и чистота на лабораторијата, миење на стакларија, вдишување на штетни хемикалии, дестилации, екстракции, третман на генериран хемиски отпад -општи правила,  оставање на хемиски реакции и апаратури без надзор). Водич за опасности во лабораторија-класификација на опасни хемикалии

работа со запаливи супстанци, работа со корозивни супстанци, работа со опасни супстанци, работа со потенцијално експлозивни супстанци. Својства на хемикалиите –ознаки и безбедносни листи (анг. SDS safety data sheets) читање, толкување и учење на хемија  од  безбедносните листи.  Конкретни примери за опасни и токсични сустанци (јаки бази и киселини, жива, цијаниди, органски пероксиди и соединенија кои формираат пероксиди). Хемиска (не)компатибилност.

Правилна работа со селектирани лабораториски апаратури и хемикалии. Безбедносна опрема и процедури при вонредни настани (анг. Emergency procedures). Пожари  (превенција на пожари, соодветна реакција и гаснење на пожар). Пријавување и третман на истурени хемикалии.

12.

Методи на учење: предавања, вежби, проектни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

90

14.

Распределба на расположивото време

1+2+0 часови неделно (предавања 15 часови, аудиториски вежби 30 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 15 часови

15.2.

Вежби, семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

 15 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (1 колоквиум  + завршен кумулативен испит)

70 бодови

17.2.

Проект (практична презентација за безбедност во лабораторија)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Young, Jay A., editor

SAFETY IN ACADEMIC CHEMISTRY LABORATORIES. Accident prevention for College and University students 7th ed.

ACS Joint Board Committee on Chemical Safety, Washington DC

2003

2.

 

https://chem.duke.edu/about/safety-manual

Duke University

 

3.

Williamson, K. A, Minard, R., Masters, K. M.

Macroscale and Microscale Organic Experiments

Houghton Mifflin, Boston, MA

2007

 

 

4.

Јане Богданов,

Богдан Богданов

ПРАКТИКУМ ПО ОРГАНСКА ХЕМИЈА СО КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА, ЕКСПЕРИМЕНТИ СО СТАНДАРДНА И МИКРОСКАЛА. Превод од англ. Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K. ORGANIC CHEMISTRY LABORATORY WITH QUALITATIVE ANALYSIS: STANDARD AND MICROSCALE,

S3rd edition, Harcourt College Publishers: Orlando,

2006

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

EPA

EPA’s CHEMICAL COMPATIBILITY CHART

 

1990

2.

 

HARVARD DEPARTMENT OF CHEMISTRY AND CHEMICAL BIOLOGY-LAB SAFETY MANUAL

Harvard University

2012

3.

 

 

 

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 21 ноември 2018 во 10:00 I колоквиум
  • 04 февруари 2019 во 10:00 испит
  • 07 јуни 2019 во 10:00 амфитеатар, I декада
  • 17 јуни 2019 во 10:00 амфитеатар, II декада
  • 20 ноември 2019 во 09:00 I колоквиум Амфитеатар
  • 13 јануари 2020 во 10:00 I декада, Предавална 124
  • 05 февруари 2020 во 10:00 II декада, Амфитеатар
  • 25 декември 2019 во 09:00
  • 25 јануари 2021 во 12:00 испит со физичко присуство. Задолжително пријавување!!! Сторго почитување на мерките за заштита од ковид-19 и објавениот протокол.
  • 08 февруари 2021 во 12:00 писмен испит со физичко присуство. Задолжително пријавување!!! Сторго почитување на мерките за заштита од ковид-19 и објавениот протокол.
  • 07 јуни 2021 во 10:00 Прва декада. Амфитеатар, задолжително почитување на мерките за заштита од пандемијата и пријавување по е-mail кај предметниот наставник. Пријавување: најдоцна до 5 јуни!
  • 21 јуни 2021 во 10:00 Втора декада. Амфитеатар, задолжително почитување на мерките за заштита од пандемијата и пријавување по е-mail кај предметниот наставник. Пријавување: најдоцна до 19 јуни!
  • 25 август 2021 во 10:00 I декада, испит, амфитеатар. Задолжително најавување за присуство на колоквиум заради спроведување на мерките за заштита од вирусот.
  • 06 септември 2021 во 10:00 II декада, испит, амфитеатар. Задолжително најавување за присуство на колоквиум заради спроведување на мерките за заштита од вирусот.
  • 08 јуни 2022 во 10:00 I декада, Предавална 124, задолжително пријавување за испит по e-mail
  • 22 јуни 2022 во 10:00 II декада, Предавална 124, задолжително пријавување за испит по e-mail
  • 24 август 2022 во 10:00 Прва декада. Предавална 125. Задолжително ПРИЈАВУВАЊЕ за испит на е-mail!
  • 07 септември 2022 во 10:00 Испит, втора декада. Предавална 124. Задолжително ПРИЈАВУВАЊЕ за испит на е-mail!
  • 25 јануари 2023 во 12:00 Испит, I декада (12:00 - 12:45) Амфитеатар
  • 07 февруари 2023 во 11:00 Испит, II декада (11:00 - 11:45) Амфитеатар
  • 12 април 2023 во 14:00 Испит. Амфитеатар. Задолжително пријавување на mihabukleski@pmf.ukim.mk
  • 13 јуни 2023 во 10:00 Писмен испит, прва декада, амфитеатар. Задолжително носење сопствен калкулатор. Нема да се одобри позајмување. Задолжително пријавување на е-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk (по што ќе добиете потврда). Задолжително пријавување на испитот во i-know системот, носење индекс и пријава!!!
  • 22 јуни 2023 во 12:00 Писмен испит, втора декада, амфитеатар. Задолжително пријавување на е-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk (по што ќе добиете потврда). Задолжително пријавување на испитот во i-know системот, носење индекс и пријава!!!
  • 05 септември 2023 во 10:00 Испит, II декада, предавална 124. Задолжително пријавување за испитот на е-mail: mihabukleski@pmf.ukim.mk
  • 29 ноември 2023 во 10:00 I колоквиум. Амфитеатар. Колоквиумот ќе трае 45 минути.
  • 10 јануари 2024 во 10:00 II колоквиум, амфитеатар.
  • 17 јануари 2024 во 10:15 I декада, испит, амфитеатар. Задолжително пријавување за испитот на е-mail
  • 01 февруари 2024 во 10:15 II декада, испит, амфитеатар. Задолжително пријавување за испитот на е-mail
© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.