Биохемија I

1.

Наслов на наставниот предмет

БИОХЕМИЈА I

2.

Код

HM-505

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/V

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Наташа Ристовска
Проф. д-р Јане Богданов
Проф. д-р Емил Поповски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку наставата и вежбите студентите треба да ги совладаат основите на биохемијата, да се здобијат со теориски знаења и со практично искуство, како предуслов за успешно следење на наставата од повисоките курсеви по биохемија и другите биохемиски дисциплини. На овој начин студентите ќе започнат стручно да се оспособуваат како биохемичари.

11.

Содржина на предметната програма:
-Вовед во биохемијата : рН, биохемиски пуфери.
-Јаглехидрати : Дефиниција. Физички особини и поделба. Моносахариди. Деривати на јаглехидратите. Олигосахариди. Полисахариди. Поважни претставници на јаглехидратите.
-Липиди и мембрани : Виши масни киселини. Ацилглицероли. Глицеролфосфолипиди. Сфинголипиди. Стероиди и каротеноиди. Холестерол. Жолчни киселини. Стероидни гликозиди. Биолошки мембрани. Транспорт низ мембраните.
-Аминокиселини, пептиди и протеини : Поважни аминокиселини. Хемиски особини на аминокиселините. Пептиди. Протеини. Дефиниција, физички и хемиски особини на протеините. Биолошка функција на протеините. Поважни претставници на различни класи протеини: фибриларни, глобуларни, нуклеопротеини, хромопротеини, гликопротеини, фосфопротеини, липопротеини.
-Витамини и коензими : Улога на витамините и коензимите. Поделба на витамините. Витамини растворливи во вода. Витамини растворливи во масла.
-Ензими и ензимско дејство : Хемиска природа на ензимите. Специфичност на ензимското дејство. Типови ензимска катализа. Хемиска кинетика на eнзимските реакции. Michaelis-Menten-ова кинетика.
-Нуклеински киселини : Хемиски особини на нуклеинските киселини. Деоксирибонуклеинска киселина - DNA. Хемиска синтеза на DNA. Хибридизација на DNA. Рибонуклеински киселини – RNA. Типови и својства на RNA.

12.

Методи на учење: предавања, вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+1+3 часови неделно (предавања 60 часа, аудито­риски вежби 15 часа, лабораториски вежби 45 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

10 часови

16.2.

Самостојни задачи

20 часови

16.3.

Домашно учење

90 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (2 колоквиуми  или писмен испит, устен испит)

80 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект (презентација: писмена и усна)

5 бодови

17.3.

Активност и учество

 15 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Нелсон, Д.Л., Кокс, М.М.

Ленинџер, Принципи на биохемијата (превод од англиски)

НИП Микена

2011

2.

John McMurry (превод од англиски Ј. Богданов, Б. Богданов)

ОРГАНСКА ХЕМИЈA

Просветно дело, Скопје

2006 (превод 2008)

3.

Џекова, С. и соработници

Биохемија

 

2001

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Garrett, R.H., Grisham, C.M.

Biochemistry, 4th Ed.

Brooks Cole

2008

2.

Mathews,C.K., VanHolde,K.E., Ahern, K.G.

Biochemistry 3rd Ed.

Prentice Hall

2000

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.