Биохемија II

1.

Наслов на наставниот предмет

БИОХЕМИЈА II

2.

Код

HM-605

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Наташа Ристовска
Проф. д-р Слоботка Алексовска
Проф. д-р Валентин Мирчески

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку наставата и вежбите студентите треба да продолжат да ги надградуваат знаењата од основниот курс по биохемија. Во овој курс студентите ќе се запознаат со патиштата на метаболизмот на биомолекулите, нивното разградување и синтеза во организмот. Предавањата и вежбите ќе им овозможат на студентите да добијат слика за начинот на функционирање на организмот како целина, на постојаната динамична преработка, синтеза и разградување на материите и истите ќе можат да ги предвидат.

11.

Содржина на предметната програма:
Метаболизам на супстанците. Основни карактеристики на контролни механизми на метаболизмот. Типови на органски реакции во метаболизмот. Физичко-хемиски карактеристики на метаболните реакции. Метаболизам на јаглехидрати. Анаеробно разградување на јаглехидратите. Аеробно разгра­ду­вање на јаглехидратите. Кребсов циклус. Верига на дишење. Пентозо-фосфатен циклус. Биосинтеза на јаглехидратите. Фотосинтеза. Контрола на метаболизмот на јаглехидратите. Физичко-хемиска контрола, термодинамички карактеристики и други механизми на контрола. Метаболизам на липиди. Образување на ацетоцетна киселина. Биосинтеза на масни киселини и масти. Метаболи­зам на фосфатиди. Метаболизам на холестерол и жолчни киселини. Врска со останатите метаболич­ки процеси. Контрола на метаболизмот на липидите. Метаболизам на протеини и аминокиселини. Синтеза на аминокиселини. Образување на уреа. Оксидативно декарбоксилирање. Метаболизам на пооделни амино киселини. Разложување на протеините. Механизам на некои поважни хемиски реакции во метаболизмот на протеините. Врска со останатите метаболички процеси. Физичко-хемиска контрола, термодинамички карактеристики и други механизми на контрола.

12.

Методи на учење: предавања, вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

3+0+3 часа неделно (предавања 45 часа, лабораториски вежби 45 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

45    часови

15.2.

Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа

45    часови

 

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

60 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (2 колоквиуми  или писмен испит, устен испит)

70 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

10 бодови

17.3.

Активност и учество

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анонимна анкета, разговор со студенти

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Нелсон, Д.Л., Кокс, М.М.

Ленинџер, Принципи на биохе­миј­ата (превод од англиски)

НИП Микена

2011

2.

П.Карлсон

Биохемија

 

 

3.

Џекова, С. и соработници

Биохемија

 

2001

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Mathews,C.K., VanHolde,K.E., Ahern, K.G.

Biochemistry 3rd Ed.

Prentice Hall

2000

2.

Garrett, R.H., Grisham, C.M.

Biochemistry, 4th Ed.

Brooks Cole

2008

3.

Berg, J.M., Tymoczko, J.L., Stryer, L.

Biochemistry, 5th Ed.

W.H.Freeman and Co.

2002

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 24 август 2023 во 10:00 Испитот по Биохемија II (за сите насоки на Институтот за хемија) ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за хемија, со почеток во 10 часот.
  • 11 септември 2023 во 10:00 Испитот по Биохемија II (за сите насоки на Институтот за хемија) ќе се одржи во амфитеатарот, со почеток во 10 часот.
  • 24 ноември 2023 во 13:00 Испитот по Биохемија I, во дополнителната ноемвриска сесија, I ќе се одржи на 24. 11. 2023, во амфитеатарот на Институто за хемија, со почеток во 13 часот.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.