Pедовен професор (во пензија) д-р Богдан Богданов

Биографија

Д-р Богдан БОГДАНОВ, редовен професор, е роден на 9 мај 1949 г. во с. Крушевље (во околина на Сомбор, НР Србија). Средно образование завршил во Битола во Гимназијата „Бра­ќа Мила­диновци”. Во учебната 1968/69 се запишал на студии по при­менета хемија на Природно-математичкиот факултет во Скоп­је. Дипло­ми­рал во 1973 г. Во учебната 1973/74 г. се запишал на постдипломски студии по органска хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пропишаните ис­пити ги положил со одличен успех и во 1981 г., под менторство на проф. д-р Бојан Подолешов, ја одбранил сво­јата магистерска ра­бота под наслов "Оксидација на тиоами­ди со фенил­јо­до­зо­диацетат”. Докто­рирал на Хемискиот фа­кул­тет во Скоп­је во 1985 г., бранејќи го трудот „Полуемпи­риски квант­номеханички пресме­ту­вања на некои тиоами­ди и ами­ди”. Во 1973 г. бил примен како ста­жант на Заводот за органска хемија и био­хемија. Во 1975 г. бил избран за помлад асистент на Хемискиот институт при Природно-мате­ма­тичкиот факултет во Скопје. По магис­три­ра­ње­то (1982 г.), бил избран за асистент на Хе­мис­­киот факултет во Скопје. Во 1987 г. на Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје е избран за доцент по предметот органска хемија (за фарма­цевти), а во 1991 е избран за вонреден професор, во 1996 во звањето редовен професор - звање во кое се наоѓа и денес. Изве­ду­­вал настава по повеќе предмети: органска хемија (за двопредметната настава биологија-хемија), теоретска органска хемија (за хемичари) и органска хемија (за фарма­цевти). Учест­вува и во изведување на настава на постдипломските студии на Институтот за хемија, по предметите компјутери во хемијата и одбрани поглавја од теоретската органска хе­мија. Научноистра­жувач­ка­та работа му е од областа синтеза на органски сое­ди­не­ни­ја и тео­рет­ската органска хемија (семиемпириски и квантно­меха­нич­ки прес­ме­ту­вања на органски сое­ди­не­ни­ја). Досега објавил вкупно 50 труда од кои 16 во списанија надвор од Република Македонија (13 во списанија со impact factor), 28 во списанија кои излегуваат во Македонија и 6 во зборници на трудови од научни собири. Неговите трудови се цитирани 86 пати во SCI. Бил раководител или соработник во неколку научноис­тражу­вач­ки проекти. Во два мандата (1991-1993 и 1993-1995 г.) бил шеф на Институтот за хемија.

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.