Соопштенија

09 октомври 2020

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВИШИ ЛАБОРАНТИ

Природно-математички факултет - Скопје, има потреба од вработување на 4 (четири) лица на работното место Виш лаборант на Институтот за хемија, шифра ОБН 03 02 Г02 002, на неопределено време.

Кандидатите треба да ги условите:

Општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, ак­тивно да го користи македонскиот јазик, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: Високо образование: 240 ЕКТС (VIA) или VII1 степен, научно подрачје Природно-математички науки /студис­ки програми од полето: Хемија

Работно искуство: со или без работно искуство.

Работно време: 40 часа неделно. 

Плата: 22.365,00 денари.

Избор на кандидатите: ќе се спроведе со проверка на пријавата и доказите и интервју со пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите.

            Рокот за пријавување е 5 работни дена од денот на објавувањето на огласот. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

Кандидатите треба да достават во Архивата на факултетот: пријава со кратка биографија, диплома за завршено високо образование 240 ЕКТС (VIA) или VII1 степен (оригинал или препис заверен на нотар), уверение за државјанство (оригинал или препис заверен на нотар) и уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (оригинал или препис заверен на нотар).

Пријавата, заедно со кратка биографија и со бараната документација се доставува во архивата на Факултетот или по пошта на адреса: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Природно-математички факултет Скопје, ул. Архимедова бр. 3, 1000 Скопје.

            Заради спроведување на постапката, во пријавата кандидатите задолжително да достават: важечка е-mail адреса и контакт телефон.

Некомплетните документи и документите доставени по истекот на рокот нема да се земат во постапка на разгледување.

симни документ


03 октомври 2020

Соопштение за студентите на хемија, сите насоки, запишани 2015/2016 година

Почитувани студенти,

уредно пополнете ја листата со предмети кои досега сте ги положиле, како и оние предмети кои ги запишувате по прв пат, или ги презапишувате. Водете сметка на редоследот на предметите, прво се запишуваат задолжителните, потоа задолжителните по насока и на крај изборните. Внимавајте и на бројот на кредити кои ги запишувате и соодветните пресметки. Јавете се за потпис кај вашиот координатор (класен раководител) проф. Наташа Ристовска, понеделник (05.10.2020) и вторник (06.10.2020) од 10 до 12 часот.


29 септември 2020

ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС

Првиот академски час со новата генерација студенти во академската 2020/2021 година, на Природно-математичкиот факултет, Институт за хемија, ќе се одржи на 1.10.2020 година во амфитеатарот на институтот (долна зграда, II спрат) со почеток во:

- 11:00 часот за наставна и применета насока,

- 12:00 часот за насоката аналитичка биохемија. 


Сите потребни информации, околу студиските програми и упатството за користење на електронскиот систем, се обjавени на веб страницата на ПМФ и ќе бидат соопштени на првиот академски час.

Ви посакуваме успех!


11 септември 2020

Беспланта шест неделна виртуелната пракса во Upkey

Почитувани студенти,
Аплицирањето за виртуелната пракса од Upkey е веќе започнато! Виртуелната пракса е наменета за сите студенти од додипломски и постдипломски студии, кои имаат познавање од англиски јазик. Искористете ја оваа можност и стекнете се со неверојатно индустриско знаење. Се што треба да направите е да нѐ посетите на Upkey.com/internship и да ја потполните апликацијата!
Upkey виртуелната пракса претставува 6-неделно искуство за лидерство и претприемништво и е отворена за илјадници студенти. Секоја недела ќе учите од стручни лица, ќе спроведувате истражувања, ќе водите интерактивни проекти и ќе работите на проект за вистинска компанија. Програмата опфаќа широк спектар на теми, при што е создадена во соработка со факултет од водечки универзитети и врвни деловни училишта од цела Америка.
На крајот од програмата секој студент ќе добие сертификат за учество. Местата се ограничени, па затоа побрзајте и аплицирајте.

Повеќе информации во прикачените документи.

симни документ


01 септември 2020

ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНА СТИПЕНДИЈА НА СТУДЕНТ НА ВТОР ЦИКЛУС ОД ОКТА

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ и ОКТА АД - Скопје, на 25.08.2020 година, Природно – математички факултет – Институт за хемија во Скопје распишува ОГЛАС за доделување една стипендија на студент од втор циклус студии. Содржината на огласот со условите и сите детали може да се види ТУКА, како и да се симне прикачената ПРИЈАВА која треба да ја пополнат кандидатите.

симни документ


01 септември 2020

Резултати физичка хемија кај проф. Владимир Ивановски

Почитувани студенти, резултатите од писмените испити кај проф. Владимир Ивановски се испратени до вас преку Microsoft Teams, во соодветните групи. Исто така се закажани усмените испити во втората декада во септември за положените студенти.

Предметен наставник

проф. д-р Владимир Ивановски


31 август 2020

СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИ НА ХЕМИЈА КОИ ТРЕБА ДА ЗАПИШАТ VII СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/21

Управата на Природно-математичкиот факултет, имајќи ја предвид актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19 во летото 2020 година, одлучи на студентите на сите студиски програми на хемија кои во 2020/21 година ќе запишат VII семестар и при тоа мора да приложат потврда за реализирана 30-дневна пракса, да им дозволи оваа обврска да ја реализираат до крајот на студиите. Тоа значи дека тие мора да ја реализираат праксата до крајот на студиите и да ја приложат потврдата пред да бранат дипломска работа.


28 јуни 2020

Соопштение за начинот на полагање на испитите во јунска сесија по предметите:Биохемија 1А, Биохемија 1Б,  Експериментална биохемија и Секундарни метаболити: изолација и својства за студентите од хемија и предметот  Основи на органска хемија за студентите од биохемиско-физиолошка насока

Почитувани студенти,
Имајќи ги предвид донесените одлуки и препораки и актуелните случувања поврзани со ширењето на корона вирусот, испитите по предметите: Биохемија 1А, Биохемија 1Б,  Експериментална биохемија и Секундарни метаболити: изолација и својства за студентите од хемија и предметот  Основи на органска хемија за студентите од биохемиско-физиолошка насока во јунската сесија ќе се полагаат online во закажаните термини.

За да може да се планира реализацијата на испитот според бројот на студенти, студентите се должни да се најават  на e-mail адресата natasa@pmf.ukim.mk најдоцна 2 дена пред одржување на испитот.

проф. д-р Наташа Ристовска


11 јуни 2020

Соопштение за начинот на полагање на испитиите по предметот Електрохемија

Почитувани колеги

Со оглед на новонастанатата состојба со епидемијата жал ми е што морам повторно да испратам ново соопштение во врска со испитиот по Електроемија. Бидејќи сепак најважно од се ми е да не ве доведам во опасност, одлуката за физичко присуство на испитите ќе ја напуштам, и испитите во трите декади ќе ги изведуваме onlinе.

Остануваат објавените термини, со тоа што сите испити ќе започнат во 18ч на платфиормата MS Teams.

Останува обврската секој од вас да се пријави кај мене со порака кога би сакал да полага.

Срдечен поздрав.

Проф. Валентин Мирчески


09 јуни 2020

Соопштение за начинот наполагање на испитите по Општа хемија и Неорганска хемија (теориоја) кај проф. В. Мирчески

Почитувани колеги

Со оглед на новонастанатата состојба на факултетот , жал ми е што морам повторно да испратам ново соопштение во врска со испитите по Општа хемија и Неорганска хемија (теорија). Бидејќи сепак најважно од се ми е да не ве доведам во опасност, одлуката за физичко присуство на испитите ќе ја напуштам, и испитите во трите декади во врска со теоријата ќе ги изведуваме onlinе.

Остануваат објавените термини, со тоа што сите испити ќе започнат во 18ч на платфиормата MS Teams.

Останува обврската секој од вас да се пријави кај мене со порака кога би сакал да полага.

 

Срдечен поздрав.

Проф. ВМ


© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.