Повик за апликации на North Macedonia - Career Transition Support програмата
Аплицирањето за програмата е отворено до 31 август 2022. За повеќе детали околу начинот на апликација погледнете ја фотографијата во прилог.
Во прилог е даден и формуларот за апликација.
МОЖНОСТИ ЗА СТУДЕНТИ - WORLD UNIVERSITY SERVICE
Почитувани студенти во прилог ви ја претставуваме Career Transition Support Macedonia програмата за практикантска работа во компанија по ваш избор.
Програмата нуди:
На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдобри апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).
За повеќе информации погледнете го флаерот во прилог.
ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ
Почитувани студенти,
Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!
На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
За подетелни информации посетете го следниот линк: https://fb.me/e/1XT79owAQ
Термини за полагање на испитот по Англиски јазик
Оглас за летна пракса во Пивара
Термини за полагање на предметот Психологија за студентите од ПМФ во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 година
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека термините за полагање на испитот по Психологија, кај проф. д-р Калина Сотироска во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год. , ќе се одржат во две декади и тоа:
Прва декада: 31.05.2022- во 15 часот електронски
Втора декада: 14.06.2022 во 15:00 часот електронски
Термини за полагање на предметот Педагогија за студентите од ПМФ во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека термините за полагање на испитот по Педагогија во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год., во двете декади се:
Прва декада: 31.05.2022, вторник, во 12 часот на MS Teams;
Втора декада: 14.06.2022, вторник во 12 часот на MS Teams;
Термини за полагање на предметот Македонски јазик за студентите од ПМФ во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека термините за полагање на испитот по Македонски јазик, кај проф. д-р Симон Саздов, во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год., во двете декади се:
Прва декада: 10 јуни во 10 часот во А3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“,
Втора декада: 29 јуни во 10 часот во А3 на Филолошки факултет „Блаже Конески“,
Јавен Повик - Предизвик за студенти иноватори
Веќе традиционално секоја година објавуваме Јавен Повик за финансирање на иновативни проекти на Факултетите - „Предизвик за студенти иноватори“.
Интересот од година во година се повеќе расте, како и квалитетот на иновативни проекти кои ги аплицираат тимовите студенти со менторска поддршка на нивните професори.
Секако со тоа расте и фондот за финансиската поддршка.
Почнавме со финансиска поддршка на два најдобро оценети проекти, продолживме со поддршка на три проекти,
за да оваа година финансиски поддржиме четири проекти.
Се надеваме дека и оваа година интересот ќе биде голем и со сериозно квалитетни проекти како и минатата година.
Ве покануваме и оваа година да се вклучите со тимови од вашите факултети, и секако иновативни проекти кои ќе го предизвикаат интересот на Комисијата за евалуација на општина Гази Баба.
Повеќе информации за Јавниот Повик и потребните документи и формулари за аплицирање може да најдете на следниот линк:
Ве очекуваме.
Со почит,
Sasho Trajkov
Head of sector for LED & ICD
М: +389 75 226 385
MUNICIPALITY OF GAZI BABA - SKOPJE
Arhimedova 2, 1000 Skopje, Macedonia
Известување за терминот за полагање на предметот Психологија во дополнителната (априлска) сесија во уч.2021/2022 година
Испитот по предметот Психологија ќе се одржи на 10.04.2022 во 16:30 часот и истиот ќе се одвива електронски на следниот линк https://teams.microsoft.com/l/team/19%3a6xZvobGNzK-0pGOZmLVQCzVSBTWsmlVc1QuyQHVHLho1%40thread.tacv2/conversations?groupId=7ee6385a-7608-4dde-82e5-2bf9d6c5f962&tenantId=c7604dcf-ecca-4b5d-8c73-c2c81ad2ca5b
23.03.2022 г. Од деканатот,