КОНКУРС за запишување на студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во вториот уписен рок од академската 2021/2022 година
2. Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат својот код кој го генеираат сами на следниов начин:
PMF + првите 7 бројки од единствениот матичен број на кандидатот.
3. Како текст на електронската порака да се напише:
− име и презиме; − студиска програма на која конкурира кандидатот; − факултет/институт – организатор на студиската програма.
4. Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, на двете електронски адреси,
треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани потребните документи (во PDF-формат)
За повеќе информации во врска со конкурсот посетете ја веб страницата на ПМФ во делот „Соопштенија“
ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченоста по повод јубилејното одбележување на 75-годишнината од основањето на Факултетот и Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 16-ти декември.
Првиот дел од настанот ќе може да го следите во живо преку видеоконференциска врска на платформата ZOOM во предавалните 124 и 125 на Институтот за хемија, во периодот од 11:00 до 12:30 часот.
Промоцијата на дипломираните студенти по хемија и двопредметните студии биологија-хемија ќе се одвива во Амфитеатарот на Институтот за хемија, со почеток во 13:00 часот.
Нека ни е честит нашиот патронен празник!
Раководител на Институтот за хемија
проф. д-р Наташа Ристовска
Календар на наставни активности за зимски и летен семестар во учебната 2021/2022 година за прв циклус студии на ПМФ
1 |
Почеток на студиска 2021/2022 година |
01.10.2021 |
Зимски семестар 2021/2022 |
|
|
2 |
Времетраење на зимскиот семестар |
04.10.2021 ‒ 14.01.2022 |
3 |
Давање потписи за зимскиот семестар (електронски) |
03.01.2022 – 14.01.2022 |
4 |
Пријавување за Јануарска (прва) испитна сесија (on-line) |
27.12.2021 – 14.01.2022 |
5 |
Јануарска (прва) испитна сесија (две декади) |
17.01.2022 – 11.02.2022 |
6 |
Заверка на зимски семестар 2021/2022 и Упис на летен семестар 2021/2022 |
07.02.2022 – 18.02.2022 |
Летен семестер 2021/202 |
|
|
7 |
Времетраење на летниот семестар |
14.02.2022 – 27.05.2022 |
8 |
Давање потписи за летниот семестар (електронски) |
16.05.2022 – 27.05.2022 |
9 |
Пријавување за Jунска (втора) испитна сесија (on-line) |
16.05.2021 – 27.05.2022 |
10 |
Jунска (втора) испитна сесија (две декади) |
30.05.2022 – 01.07.2022 |
11 |
Пријавување на Августовско – септемвриска (трета) испитна сесија (on-line) |
04.07.2022 – 19.08.2022 |
12 |
Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија (две декади) |
22.08.2022 – 16.09.2022 |
13 |
Заверка на летен семестар 2021/2022 и Упис на зимски семестар 2022/2023 |
19.09.2022 – 30.09.2022 |
Ноемвриска сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот треба да се објават најдоцна до 15.11.2021 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија.
Априлска сесија ќе се одвива во периодот од 04.04.2022 година до 15.04.2022 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот во треба да се објават најдоцна до 28.03.2022 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија.
Факултетот го задржува правото да изврши измени на роковите утврдени со овој календар доколку тоа го налага специфичноста на здравствената ситуација или поради други оправдани причини.
Од Деканатот
Отворен ден на УКИМ
Како? Преку запливување во водите на науките што се изучуваат на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Многу истражување, наука, стипендии и бесконечни можности. Дознајте сè на за нас на 30.11.2021 година (вторник) во периодот од 12:00 до 13:30 часот.
Настанот ќе се одржи во рамките на Отворениот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
и ќе може да се проследи преку онлајн платформата Microsoft Teams на следниот линк: MS Teams
Учете од најдобрите! Ве очекуваме!
Термин за полагање на предметот Педагогија во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Педагогија, кај проф. д-р Борче Костов, во ноемвриската испитна сесија ќе се одржи на 01.12.2021 од 11 до 12 часот преку МС ТИМС (онлајн).
Студентите кои сакаат да полагаат нека испратат мејл, пред испитот, на проф Борче Костов, за да може професорот да им испрати линк за полагање на МС Тимс.
Термин за полагање на предметот Психологија во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Психологија, кај проф. д-р Калина Сотироска Иваноска, во ноемвриската испитна сесија е 23 ноември 2021 г., во 14:00 часот.
Испитот ќе се спроведува онлајн, на MS Teams,
Термин за полагање на предметот Македонски јазик во ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.
Се известуваат студентите од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Македонски јазик, во ноемвриската испитна сесија е 27 ноември, сабота, во 12 часот.
Испитот ќе се спроведува онлајн. Професорот Симон Саздов ги замолува студентите што ќе го пријават испитот, да се најават, на следнава електронска адреса s.sazdov@yahoo.com за да може да им испрати линк за полагање на испитот.
СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА) ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА УЧ.2021/2022 ГОД.
Се известуваат студентите од Природно-матема¬тичкиот факултет во Скопје, дека ноемвриската испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.
Право за полагање имаат студентите кои: уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат најмногу 2 (два) испита од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.
Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од 05.11.2021 до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.
Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.
Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски, пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од предметниот наставник.
Термините ги објавуваат институтите, при факул¬тетот.
05.11.2021 год.
од Деканатот,
Настава по предметот Математика I
Наставата по Математика I, согласно со препораките и протоколите за спроведување на настава, ќе се одржува на Microsoft Teams во термините објавени на распоредот. Сите студенти се додадени во тимот. Оние кои не го запишале испитот во iKnow, да го пријават најбрзо што можат за ако има потреба да се формираат групи.
Прв Академски час 2021/2022
Почитувани студенти запишани во 1. семестар од академската 2021/2022,
Ве известувамe дека првиот Академски час во новата учебна година на 01.10.2021 г. (петок) ќе биде организиран во амфитеатарот на Институтот за хемија (долна зграда, II кат), според следниот распоред:
во 11 часот – Наставна хемија и Применета хемија
во 12 часот – Применета хемија - Аналитичка биохемија
Со почит,
Раководител на Институтot за хемија
Проф. д-р Наташа Ристовска