Термини за испитот по предметот Општа биологија за студентите од аналитичка биохемија
Испитот ќе се одржи во следните термини:
Прва декада: 10.06.2021 год. од 12 часот во биолошки амфитеатар (просторија 205)
Втора декада: 22.06.2021 год. од 12 часот во физички амфитеатар
АКЦИЈА ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО
Почитувани,
Традиционално на Природно-математичкиот факултет во Скопје се организираат акции за крводарителство во соработка со Црвениот крст на РСМ.
Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на РСМ со Министерството за образование и наука и Министерството за здравство и оваа година согласно годишен план на работа, општинската организација на Гази Баба во месец мај организира хуманитарна акција за крводарителство на сите факултети при УКИМ.
Во периодот на пандемијава, потребата од крв за многу граѓани е приоритетна. Затоа, студентите и вработените на Природно-математичкиот факултет во Скопје се повикуваат да се приклучуваат кон акцијата. Во дописот доставен до деканатот на ПМФ понудени се неколку можни локации за дарување крв.
Места ( локации) каде би можело да се дарува крв:
- На 25.05.2021 година (вторник), од 9:30 до 13:30 часот во горната зграда на ПМФ во просторија бр.86
Даруваме крв-спасуваме живот
Благодарност
ДЕКАНАТ НА ПМФ
С К О П Ј Е
БАЗАР НА РАКОТВОРБИ НА СТУДЕНТИ ОД ПМФ
Во сабота, 15.5.2021, од 12-18 часот во книжарницата „Буква“ (позади Собрание, до поранешно кино Култура) на отворено ќе се одржи Базар на ракотворби, на кој ќе изложуваат некогашни и актуелни студенти на ПМФ (етнологија и антропологија, физика, хемија, биологија, географија).
Нивните дела се резултат на две работилници кои се одржаа неодамна, за сликање на глина и за работа со срмен конец, во организација на Македонското студентско етнолошко друштво.
Ќе бидат изложени и производи од поискусни занаетчии и тоа: хартиена техника декупаж, сребрен и срмен филигран, платнени шапки, саксии печатени во 3Д техника и др.
Базарот е продажен, а дел од остварените средства, кои ќе ги одделат самите учесници и организаторот, ќе бидат искористени за поддршка на лице со траен инвалидитет, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.
Соопштение за полагање на испити во дополнителната априлска сесија.
Испитот по предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кај проф. д-р Симон Саздов ќе се одржи на 8.04.2021 (четврток) со почеток во 12 часот и 15 минути во Предавална 1 на Филолошки факултет.
Дополнителна априлска сесија
Априлската (дополнителна) испитна сесија во уч.2020/2021 година ќе се одвива од 05.04.2021 до 16.04.2021 година.
Студентите ќе можат да полагаат најмногу 2 испити што ги слушале во зимскиот семестар во уч.2020/2021 година.
Електронското пријавување на испитите, ќе се одвива до 4 април 2021 година, а ќе започне веднаш по активирањето на сесијата од страна УКЦ.
Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски, пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од предметниот наставник.
Алкалоид, практикантство
Драги студенти,
Конкурсот за практикантсво во Алкалоид е во тек. Вашите апликации (биографија и мотивационо писмо) пратете ги на intern@Alkaloid.com.mk најдоцна до 4 април 2021.
Повеќе информации на прикачената слика.
Алкалоид, практикантство, 2021
Драги студенти,
како продолжение на долгогодишната соработка помеѓу Институтот за хемија при ПМФ Скопје и компанијата Алкалоид АД Скопје во насока на можноста за практикантство, ве покануваме на презентацијата „Програма за млади таленти”.
Презентацијата ќе се одржи на 22.03.2021 година во 13:00 h. преку онлајн платформата Webex.
Линк за пристап на презентацијата: https://alkaloid.webex.com/alkaloid/j.php?MTID=m2c519b914bca2a7683c11e37d1dbf3e0
Студентски конгрес на СХТМ
14-тиот Студентски конгрес на СХТМ (со меѓународно учество), ќе се одржи во Скопје на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во периодот од 30-ти септември до 2-ри октомври 2021 согласно препораките за Covid-19. Ко-организацијата на конгресот е поддржана од проектот: RIS ALiCE: Аl-богати индустриски остатоци за добивање на минерални врзива во ИЈИЕ регионот, од програмата на Европскиот Институт за Иновации и Технологии (Суровини)–EIT (Raw Materials).
Целта на конгресот е да се претстават резултатите од дипломски, постдипломски и докторски истражувања преку усни презентации. Може да се пријават теми од сите области на чистата и применетата хемија како и хемиското инженерство.
Повеќе информации може да најдете на интернет странaта http://sctm.mk/14-Studentski-kongres-na-SHTM.html.
КОНКУРС за избор на заменик студентски правобранител на ПМФ Скопје со мандат од две години, без можност за реизбор
Кандидатите треба да го исполнуваат условот согласно член 41, став 5 од Статутот на Факултетското студентско собрание, односно да се редовни студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Кон пријавата, кандидатите треба да достават потврда дека се редовни студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје и кратка биографија. Изборот на заменик студентски правобранител ќе биде извршен на наредната седница на Факултетското студентско собрание со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил мнозинство од вкупниот број на присутни членови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на членови, согласно член 41, став 2 од Статутот на Факултетското студентско собрание. Кандидатите доставуваат пријава и документи во архивата на Природноматематичкиот факултет во Скопје ул. Архимедова, во рок од 15 дена од денот на објавувањето.
СООПШТЕНИЕ Предавањата по предметот Биохемија II
Предавањата по предметот Биохемија II за ќе започнат на 24.02.2021 (вторник) со почеток во 18:00 h на MS Teams на групата
Биохемија II (Проф. В. Мирчески)-2020/2021
Линк:
https://teams.microsoft.com/l/channel/19%3a6c9fc65f577c4d9e80c847198adf5dee%40thread.tacv2/General?groupId=bf021ace-1c49-4639-8b35-5e9737dc418d&tenantId=e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5
Проф. д-р В. Мирчески 22.02.2021