Соопштенија

30 март 2022

Јавен Повик - Предизвик за студенти иноватори


Веќе традиционално секоја година објавуваме Јавен Повик за финансирање на иновативни проекти на Факултетите - „Предизвик за студенти иноватори“.

Интересот од година во година се повеќе расте, како и квалитетот на иновативни проекти кои ги аплицираат тимовите студенти со менторска поддршка на нивните професори.

Секако со тоа расте и фондот за финансиската поддршка. 

Почнавме со финансиска поддршка на два најдобро оценети проекти, продолживме со поддршка на три проекти,

за да оваа година финансиски поддржиме четири проекти.

Се надеваме дека и оваа година интересот ќе биде голем и со сериозно квалитетни проекти како и минатата година.

Ве покануваме и оваа година да се вклучите со тимови од вашите факултети, и секако иновативни проекти кои ќе го предизвикаат интересот на Комисијата за евалуација на општина Гази Баба.

Повеќе информации за Јавниот Повик и потребните документи и формулари за аплицирање може да најдете на следниот линк:

 

 

Ве очекуваме.

 

Со почит,

 

Sasho Trajkov

Head of sector for LED & ICD

М: +389 75 226 385

contact@gazibaba.gov.mk

sasho.trajkov@gmail.com

 MUNICIPALITY OF GAZI BABA - SKOPJE

Arhimedova 2, 1000 Skopje, Macedonia

www.gazibaba.gov.mk


23 март 2022

Известување за терминот за полагање на предметот Психологија во дополнителната (априлска) сесија во уч.2021/2022 година

Испитот по предметот Психологија ќе се одржи  на 10.04.2022 во 16:30 часот и истиот ќе се одвива електронски на следниот  линк https://teams.microsoft.com/l/team/19%3a6xZvobGNzK-0pGOZmLVQCzVSBTWsmlVc1QuyQHVHLho1%40thread.tacv2/conversations?groupId=7ee6385a-7608-4dde-82e5-2bf9d6c5f962&tenantId=c7604dcf-ecca-4b5d-8c73-c2c81ad2ca5b

 

23.03.2022 г.                                                                                                 Од  деканатот,


11 март 2022

Летна пракса АЛКАЛОИД

За повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање, погледнете го флаерот. 


10 март 2022

Покана за промоција на активностите на Деловно-Технолошкиот Акцелератор УКИМ

До:

Наставно-научниот кадар и студентите на Природно-математички факултет (ПМФ)

Предмет:

Покана за промоција на активностите на Деловно-Технолошкиот Акцелератор УКИМ

Почитувани,

Со големо задоволство сакаме да ве поканиме на промоција на следните активности на Акцелератор УКИМ кои ќе се спроведат во 2022 година:

-        INNO-SAE - студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

-        EIT Jumpstarter 2022 - програма наменета за членови на академската заедница со идеја за производ или услуга за примена на постоечките пазари во (1) здравство, (2) агро-храна, (3) суровини, (4) производство, (5) урбана мобилност или (6) енергија, и сакате да ја изнесете вашата идеја надвор од лабораторијата на пазарот;

-        БАУ АПА 2022 - Акцелераторска програма наменета за компании кои имаат имаат потреба од ново знање и потенцијал за надградување и трансформирање на иновативните решенија во профитабилен бизнис.

Настанот ќе се одржи на 17 март во 18:00 часот онлајн на следниот линк: https://zoom.us/j/91910798187?pwd=YVQ0Ni9UcTRveEdIdnpjKzl0Yko0Zz09 

За Акцелераторот УКИМ

Акцелератор УКИМ е формиран во 2018 година, и за прв пат во Р. Македонија, воведува ефективна и структурирана програма за забрзување/акцелерирање на бизнисот, вклучувајќи пред-акцелераторска и акцелераторска програма и пристап до финансии, насочени кон технолошки напредни и иновативни нови компании во Македонија. Избраните стартапи и претприемачите кои ќе бидат поддржани со иницијални инвестиции, ќе добијат соодветна помош за забрзување врз основа на нивните индивидуални потреби, со фокус на развој на бизнисот и производите / услугите преку мрежа на национални и меѓународни ментори. Покрај тоа, ќе биде обезбедена технолошка поддршка преку факултетите и истражувачкиот персонал од УКИМ, вклучувајќи и пристап до лабораториите. Натамошните инвестиции ќе бидат насочени кон иновативните стартапи со најголем потенцијал за раст и комерцијализација.

Вкупниот буџет за инвестиции на Акцелераторот УКИМ за периодот од 2019 до 2022 година изнесува €500.000.

За повеќе информации слободно контактирајте не на accelerator@ukim.edu.mk и 071.578550.

 

            Скопје, март 2022 година 

Александар Стамболиев,

Извршен директор

 


02 март 2022

Алкалоид, практиканство 2022

Драги студенти,

како продолжение на долгогодишната соработка помеѓу Институтот за хемија при ПМФ Скопје и компанијата Алкалоид АД Скопје во насока на можноста за практикантство, ве покануваме на презентацијата „Програма за млади таленти.

Презентацијата ќе се одржи на 9.3.2022 година во 14:00 h. преку онлајн платформата Webex.

Линк за пристап на презентацијата: https://alkaloid.webex.com/alkaloid/j.php?MTID=m2ac1b0b0a86b1c77dadb4030c30ebedf


15 февруари 2022

ПРЕДАВАЊА ПО ОПШТА ФИЗИКА II - А НИВО И ОПШТА ФИЗИКА Б – НИВО


10 февруари 2022

Настава во летен семестар 2022

Наставата започнува на 14.02.2022 (предавања за студентите од втор и осми семестар).  

  1. Наставата ќе се одвива циклично (1 седмица предавања, 1 седмица вежби).  
  2. Со иста динамика ќе се одвива наставата за 2-ри и 8-ми семестар, а наизменично на тоа, со иста динамика наставата во 4-ти и 6-ти семестар.  
  3. Предавањата ќе се одвиваат online, со удвоени термини во текот на една работна седмица. 
  4. Вежбите ќе се одвиваат на факултет, со физичко присуство, во групи не поголеми од 12 студенти, во единечни термини во текот на една работна седмица. 
  5. Студентите кои запишуваат предмети од различни семестри, ќе мора да воспостават личен контакт со соодветните професори за организација на присуството на предавања и вежби.  

Ве молиме почитувајте ги протоколите пропишани за однесување во услови на пандемија од корона!

 

Институт за хемија


07 февруари 2022

Анонимна студентска анкета

Почитувани колеги


Со цел да се спроведе евалуација на наставата на прв циклус студии од страна на студентите изработена е студентска анкета.

Студентите при доставување на документите за заверка и запишување на семестар во Службата на студентски прашања треба заедно со останатите документи како доказ за завршено анкетирање да достават и испринтана слика од својот екран.  

Поздрав,

Јасмина Петреска Станоева


04 февруари 2022

Втор уписен рок за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми по хемија во учебната 2021/2022 година, 07.02.2022 до 18.02.2022 

Кандидатите за запишување на втор циклус студии на студиските програми по хемија на ПМФ во академската 2021/2022 година задолжително:

1) се  регистрираат на www.upisi.ukim.mk и пополнуваат електронската пријава во iKnow-системот од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот и

2) електронски се пријавуваат (од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот) со испраќање на потребните документи на електронска адреса креирана за ПМФ (ii-pmf@pmf.ukim.mk). Во предмет (Subjeсt) на електронската порака, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

3) како текст на електронската порака кандидатот пишува: − име и презиме; − студиска програма на која конкурира; − институт – организатор на студиската програма.

Услови за запишување на студентите на студиските програми по хемија:

За запишување на вториот циклус на студии по хемија, студентот мора да има освоено 240 кредити од претходниот студиум (од прв циклус на студии).

На вториот циклус од студиите по хемија, на модулот применета хемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, студии по физика, студии по фармација и студии по технологија и металургија.

На вториот циклус од студиите по хемија, на модулот аналитичка биохемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, студии по биологија на насоките биохемиско-физиолошка и молекуларна биологија, студии по фармација и студии по технологија, насока биотехнологија.

На вториот циклус од студиите по хемија, насока наставна хемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, наставна насока и двопредметни студии по биологија-хемија и физика-хемија.


02 февруари 2022

Повик од СХТМ - за натпревари по хемија

Почитувани колеги - студенти на хемија,

Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) е организатор на натпреварите по хемија за ученици од основното и средното образование и секоја година студентите на хемија помагаат во нивната организација. 
И оваа година општинските натпревари ќе се одржат со присуство во училиштата, а тестовите ќе се решаваат online. 
За обезбедување на објективни и веродостојни резултати, ве повикуваме да ни помогнете така што по еден од нас ќе биде присутен во секое училиште за време на општинскиот натпревар кој ќе се одржи на 25 или 26 февруари (петок-сабота) и ќе трае 1 час.

Пријавете се на овој e-mail: natprevar.hemija@gmail.com и пишете од каде сте и во кое училиште би можеле да појдете како претставник на СХТМ за време на натпреварот.

Благодариме и ги очекуваме пријавите,
Секција за хемиско образование, СХТМ

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.