Соопштенија

15 февруари 2022

ПРЕДАВАЊА ПО ОПШТА ФИЗИКА II - А НИВО И ОПШТА ФИЗИКА Б – НИВО


10 февруари 2022

Настава во летен семестар 2022

Наставата започнува на 14.02.2022 (предавања за студентите од втор и осми семестар).  

  1. Наставата ќе се одвива циклично (1 седмица предавања, 1 седмица вежби).  
  2. Со иста динамика ќе се одвива наставата за 2-ри и 8-ми семестар, а наизменично на тоа, со иста динамика наставата во 4-ти и 6-ти семестар.  
  3. Предавањата ќе се одвиваат online, со удвоени термини во текот на една работна седмица. 
  4. Вежбите ќе се одвиваат на факултет, со физичко присуство, во групи не поголеми од 12 студенти, во единечни термини во текот на една работна седмица. 
  5. Студентите кои запишуваат предмети од различни семестри, ќе мора да воспостават личен контакт со соодветните професори за организација на присуството на предавања и вежби.  

Ве молиме почитувајте ги протоколите пропишани за однесување во услови на пандемија од корона!

 

Институт за хемија


07 февруари 2022

Анонимна студентска анкета

Почитувани колеги


Со цел да се спроведе евалуација на наставата на прв циклус студии од страна на студентите изработена е студентска анкета.

Студентите при доставување на документите за заверка и запишување на семестар во Службата на студентски прашања треба заедно со останатите документи како доказ за завршено анкетирање да достават и испринтана слика од својот екран.  

Поздрав,

Јасмина Петреска Станоева


04 февруари 2022

Втор уписен рок за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми по хемија во учебната 2021/2022 година, 07.02.2022 до 18.02.2022 

Кандидатите за запишување на втор циклус студии на студиските програми по хемија на ПМФ во академската 2021/2022 година задолжително:

1) се  регистрираат на www.upisi.ukim.mk и пополнуваат електронската пријава во iKnow-системот од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот и

2) електронски се пријавуваат (од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот) со испраќање на потребните документи на електронска адреса креирана за ПМФ (ii-pmf@pmf.ukim.mk). Во предмет (Subjeсt) на електронската порака, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

3) како текст на електронската порака кандидатот пишува: − име и презиме; − студиска програма на која конкурира; − институт – организатор на студиската програма.

Услови за запишување на студентите на студиските програми по хемија:

За запишување на вториот циклус на студии по хемија, студентот мора да има освоено 240 кредити од претходниот студиум (од прв циклус на студии).

На вториот циклус од студиите по хемија, на модулот применета хемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, студии по физика, студии по фармација и студии по технологија и металургија.

На вториот циклус од студиите по хемија, на модулот аналитичка биохемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, студии по биологија на насоките биохемиско-физиолошка и молекуларна биологија, студии по фармација и студии по технологија, насока биотехнологија.

На вториот циклус од студиите по хемија, насока наставна хемија може да се запишуваат кандидати кои завршиле студии по хемија, наставна насока и двопредметни студии по биологија-хемија и физика-хемија.


02 февруари 2022

Повик од СХТМ - за натпревари по хемија

Почитувани колеги - студенти на хемија,

Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) е организатор на натпреварите по хемија за ученици од основното и средното образование и секоја година студентите на хемија помагаат во нивната организација. 
И оваа година општинските натпревари ќе се одржат со присуство во училиштата, а тестовите ќе се решаваат online. 
За обезбедување на објективни и веродостојни резултати, ве повикуваме да ни помогнете така што по еден од нас ќе биде присутен во секое училиште за време на општинскиот натпревар кој ќе се одржи на 25 или 26 февруари (петок-сабота) и ќе трае 1 час.

Пријавете се на овој e-mail: natprevar.hemija@gmail.com и пишете од каде сте и во кое училиште би можеле да појдете како претставник на СХТМ за време на натпреварот.

Благодариме и ги очекуваме пријавите,
Секција за хемиско образование, СХТМ

31 јануари 2022

Соопштение за заверка на зимски и упис на летен семестар за учебната 2021/2022 за насоката применета хемија – аналитичка – биохемија

Почитувани колеги,

 

 Ви претстои заверка на зимскиот семестар и упис на летниот семестар во учебната 2021/2022 година.

 

 Заверката на зимскиот семестар и уписот на летниот семестар во учебната 2021/2022 ќе бидат реализирани во 2 етапи, и тоа: 

                        1. Комуникација студент – ЕКТС координатор

                        2. Комуникација студент – Студентски прашања 

 

За таа цел потребно е:

 

1. Да се запише семестарот електронски во iknow.

 2. Да се пополлни семсетралниот лист во кој уредно ќе бидат означени освоените кредити (кај положените предмети) и кредитите кои се запишуваат како и сумата која треба да се уплати. За пресметување на сумата за уплата користете го следниот калкулатор: https://www.pmf.ukim.edu.mk/tabs/view/af43b3b03c6d1115ac6fefb6a67072fa

 3. Да се пополнат образецот за упис и образецот за заверка на семестар.

 4. Сите потребните документи (образец за упис, образец за заверка, индекс, ЕКТС образец и пресметана сума за уплата) да се достават пред кабинетот 311, од 09:00 до 12:00 ч, во кутијата означена за таа намена по следниот распоред:

 

  • · 03.02.2022 г. и 04.02.2022 г. за студентите кои запишуваат II семестар
  • · 08.02.2022 г. и 09.02.2022 г. за студентите кои запишуваат IV семестар  
  • · 10.02.2022 г. и 11.02.2022 г. за студентите кои запишуваат VI семестар  
  • · 14.02.2022 г. и 15.02.2022 г. за студентите кои запишуваат VIII и сите погорни семестри  

 

По прегледувањето од координаторот ќе добиете термин за поднесување на документите во службата за студентски прашања.

 Поднесувањето на документите не мора да се направи лично.

 

Координатор за насоката применета хемија – аналитичка биохемија

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


30 декември 2021

Известување за Спорт и здравје

                Се известуваат сите редовни студенти кои ја посетувале наставата преку далечинско учење дека добивањето потпис и реализација на истата ќе може да остварат на почетокот од идниот месец (11,12.01.2022) од 9.00 до 12.00 часот. За реализација на наставата на редовните студенти потребен е минимум од 60% од севкупниот број на часови. Доколку имате помалку тогаш ќе треба да направите семинарска работа која се вреднува 30% од севкупниот број на предавања.

                Вонредните студенти се ослободени од редовната настава. Тие треба да посетуваат 30% од севкупниот број на часови или да направат семинарска работа која се вреднува 30% од севкупниот број на предавања.

                Студентите семинарските работи треба да ми ги достават во пишана тврда верзија.

                Се молат студентите да не доаѓаат индивидуално. Координаторите или одговорните студенти по групи да ги соберат индексите, пријавите, семинарските и истите ми ги достават во определениот термин 11, 12-01-2022 год. од 9.00-12.00 часот на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Со почит

др. Ристо Стаменов

30.12.2021 г.


30 декември 2021

ИСПИТИ ВО ПРВА ИСПИТНА (ЗИМСКА) СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА ПО ПРЕДМЕТИ НА УКИМ

 

 

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

 

I декада

17.01.2022 во 16:00  https://teams.microsoft.com/l/team/19%3aT2kKdS2JKXB1ORPmUw1ky9bQ2B2947G5ZLMc1Y0Jils1%40thread.tacv2/conversations?groupId=4946470a-e62a-49c3-bff0-d48203cee865&tenantId=e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5

 

II декада

11.02.2022 во 16:00   https://teams.microsoft.com/l/team/19%3aT2kKdS2JKXB1ORPmUw1ky9bQ2B2947G5ZLMc1Y0Jils1%40thread.tacv2/conversations?groupId=4946470a-e62a-49c3-bff0-d48203cee865&tenantId=e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5

 

 

ПЕДАГОГИЈА

Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет

borcekostov@yahoo.com

 

I декада

24.01.2022 (понеделник) со почеток во 11 часот на МС Тимс

II декада

07.02.2022 (понеделник) со почеток во 11 часот на МС Тимс

 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 

   s.sazdov@yahoo.com

 

      I декада

26 јануари во 9 часот во Голем амфитеатар А3 на Филолошки

II декада

10 февруари во 10 часот во Голем амфитеатар А3 на Филолошки.

 


27 декември 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОТПИСИ ВО ИНДЕКС НА КАТЕДРА ПО МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОТПИСИ ВО ИНДЕКС ЗА ПРЕДМЕТИ КОИ СЕ СЛУШААТ КАЈ ПРОФ. Д-Р НАТАЛИЈА АТАНАСОВА-ПАНЧЕВСКА
12 И 13.01.2021 ГОД. ОД 09.00-11.00 Ч.
ИНДЕКСИТЕ СЕ ОСТАВАТ ВО ЛАБ.68 ЗА ПРОВЕРКА.
КАТЕДРА ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА.


27 декември 2021

ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКИ ИСПИТЕН РОК НА КАТЕДРА ПО МИКРОБИОЛОГИЈА И МИКРОБНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКИ ИСПИТЕН РОК (две декади)
Се известуваат студентите кои слушаат предмети на Катедра по микробиологија и микробна биотехнологија дека термините за јануарско-февруарски испитен рок се следните (во прилог дадени заедно со списокот на кој треба да се запишете).
Само оние кои се запишани на списокот и имаат оставено валидна мејл адреса имаат право да го полагаат испитот.
Списоците се затвораат 24 часа пред почеток на испитот.
Сите испити започнуваат од 09.00 часот.
Катедра за Микробиологија и микробна -биотехнологија
СПИСОК ЗА ПРАКТИЧЕН ИСПИТ - ПРВА ДЕКАДА (24.01.22 ОД 9 ЧАСОТ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)
СПИСОК ЗА ПРАКТИЧЕН ИСПИТ - ВТОРА ДЕКАДА (07.02.22 ОД 9 ЧАСОТ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО)
СПИСОК ЗА ТЕОРЕТСКИ ИСПИТ - ПРОФ. АТАНАСОВА-ПАНЧЕВСКА - ПРВА ДЕКАДА (25.01.22)
СПИСОК ЗА ТЕОРЕТСКИ ИСПИТ - ПРОФ. АТАНАСОВА-ПАНЧЕВСКА - ВТОРА ДЕКАДА (08.02.22)

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.