Соопштенија

05 ноември 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА) ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА УЧ.2021/2022 ГОД.

Се известуваат студентите од Природно-матема¬тичкиот факултет во Скопје, дека  ноемвриската  испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година. 
Право за полагање имаат студентите кои: уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и  полагаат најмногу 2 (два) испита  од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.
         
Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од  05.11.2021  до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем.  
Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.
Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник. 
Термините ги објавуваат институтите, при факул¬тетот.

05.11.2021 год.      

од Деканатот,


05 октомври 2021

Настава по предметот Математика I

Наставата по Математика I, согласно со препораките и протоколите за спроведување на настава, ќе се одржува на Microsoft Teams во термините објавени на распоредот. Сите студенти се додадени во тимот. Оние кои не го запишале испитот во iKnow, да го пријават најбрзо што можат за ако има потреба да се формираат групи.


29 септември 2021

Прв Академски час 2021/2022 

Почитувани студенти запишани во 1. семестар од академската 2021/2022,

 

Ве известувамe дека првиот Академски час во новата учебна година на 01.10.2021 г. (петок) ќе биде организиран во амфитеатарот на Институтот за хемија (долна зграда, II кат), според следниот распоред:

 

во 11 часот – Наставна хемија и Применета хемија
во 12 часот – Применета хемија - Аналитичка биохемија

Со почит, 

 

Раководител на Институтot за хемија

Проф. д-р Наташа Ристовска


17 септември 2021

ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИСПИТ

Почитувани студенти, 

Испитот по Биохемија II се презакажува за 20.09. 2021 со почеток во 12 часот. 

 



17 септември 2021

Потпис на семестрални листови за применета и наставна насока

Почитувани студенти,

 

Запишувањето на студентите од сите студиски програми на Институтот за хемија во зимскиот семестар 2021/22 година од страна на Службата за студентски прашања ќе се одвива во просторија 148 во периодот од 21.09 до 30.09.2021 (секој ден од 11:00 до 15:00ч.) по претходно доделен термин од ЕКТС координаторот.

 

Потребни документи за запишување на зимски семестар: образец за упис, образец за заверка, индекс и ЕКТС образец (кои може да се најдат на веб страната на ИХ или во библиотека)

 

Студентите од применета и наставна насока во периодот 20.09–22.09.2021 од 10:00 до 12:00 ч. во кабинет 309 треба да достават:

-        индекс

-        целосно пополнет семестрален лист (да се води сметка за условеноста и редоследот на запишување на предметите, да се направи претходна проверка и запишување во i-know и да се пресметаат сумите што треба студентот да ги уплати)

-        e-mail адреса (запишана на лист заедно со името и презимето на студентот)

 

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк

https://drive.google.com/file/d/1VMIdzXwA8YsuxVpW3k3PMR4NHoHo7y-9/view

 

 

Подигнување на прегледаните документи се врши по прегледувањето (кое не секогаш се одвива во моментот на доставување документи) и по добиено известување од ЕКТС координаторот за подигнување на прегледаните документи и соодветниот термин во кој студентот треба да ги поднесе документите во Службата за студентски прашања. Студентот со овие информации, извршува уплата на средства, доаѓа да си ги подигне готовите документи и заедно со уплатниците ги доставува на Студентски прашања во својот точно определен термин и просторија.

 

Краен рок за подигнување на документите е четврток, 23.09.2021, од 10-12. Доколку не добиете известување на мејл, јавете се кај координаторот во овој термин.

 

 

проф. Марина Стојановска


16 септември 2021

ЕКТС Координатори

Почитувани студенти,

 

Би сакале да ве информираме дека од овој семестар координатори за сите студенти (независно од годината на запишување) се:

  • За насоката Аналитичка биохемија: д-р Јасмина Петреска Станоева (jasmina.petreska@pmf.ukim.mk, кабинет бр. 311).
  • За насоките Применета и Наставна хемија: д-р Марина Стојановска (mmonkovic@yahoo.com, кабинет бр. 309).

16 септември 2021

Потпис на семестрални листови за насоката Аналитичка биохемија

Почитувани студенти,

Запишувањето на студентите во зимскиот семестра 2021 од страна на Службата за студентски прашања ќе се одвива во периодот од 21.09 до 30.09. по претходно доделен термин од ЕКТС координаторот.

 

  • Потребните документи за запишување на зимски семестар (образец за упис, образец за заверка, индекс и ЕКТС образец (кои може да се најдат на веб страната на ИХ или во библиотека) студентите од Аналитичка-биохемија треба да ги достават во периодот 20.09 – 23.09.2021 од 09:00 до 12:00ч. на клупата пред кабинет 310.

 

  • По прегледувањето (кое не секогаш се одвива во моментот на доставување документи) ЕКТС координаторот го известува студентот лично или по електронска порака за сумата која треба да ја уплати врз база на пресметаните ЕКТС и за местото од каде треба да ги подигне прегледаните документи, како и го вметнува и соодветниот термин и просторија во кои студентот треба да ги поднесе документите во Службата за студентски прашања. 

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО со документите студентите да остават и ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА на која ќе ги добијат потребните информации.

 

проф. Јасмина Петреска Станоева


20 август 2021

ОГЛАС за доделување една стипендија на студент од ВТОР циклус студии


Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД - Скопје, на 20.08.2021 година,

Природно – математички факултет – Институт за хемија во Скопје распишува

ОГЛАС

за доделување една стипендија на студент од ВТОР циклус студии

Детално на следниот линк   ОГЛАС

Пријава  на следниот линк  ПРЕЗЕМИ


25 мај 2021

Докторски студии, Јожеф Штефан, Љубљана

We are looking for a candidate for doctoral study and employment at the Electronic Ceramics Department (K5) at the Jožef Stefan Institute in the field of materials research with exotic electrical and magnetic properties, such as multi-caloric materials for new, environmentally friendly solid-state cooling systems. The work will include the preparation of materials and composite elements, structural characterization, and research of the physical properties of the prepared samples. Using special experimental methods the work will be held in the frame of our newly established Lab for materials – ULTRACOOL (http://www-k5.ijs.si/sistem-za-nanasanje-trdnih-delcev-v-curku-aerosola/http://www-k5.ijs.si/oprema/ultracool-laboratorij-financiran-iz-direktorjevega-sklada-2017/).

The work will take place under the mentorship of Asst. Prof. Hana Uršič Nemevšek at the Electronic Ceramics Department. If you are interested in the above-mentioned research area and doctoral study, please contact: hana.ursic@ijs.si

 


25 мај 2021

Докторски студии, Хемиски институт, Љубљана

Open young researcher Ph.D. position (m/f)Laboratory of Food Chemistry (Department of Analytical Chemistry) of the National Institute of Chemistry,Ljubljana invites candidates with a degree in natural sciences (pharmacy, chemistry, chemical engineering,biochemistry, food, and related sciences) to apply for the position of a young researcher, which will be funded by theSlovenian Research Agency (SRA). The start is planned for October 2021 (or according to the SRA schedule) withthe duration of employment for 4 years with a 3-month probationary period.The field of research will include the study of bioactive extracts/compounds of natural origin and their use in theformulation of active biofoils for food packaging, cosmetics, food supplements, or medicines. The candidate willconduct his/her research in the field of small molecule analysis mainly using chromatographic and coupledtechniques (e.g. liquid, gas, or thin-layer chromatography coupled to mass spectrometry).We offer work in a dynamic, multidisciplinary work environment with access to state-of-the-art laboratories.Exchange abroad is possible by prior arrangement with the candidate.The candidate is expected to have knowledge of English, joy for research work, as well as a sense of experimentalwork in the laboratory. In addition, we expect curiosity, motivation, self-initiative, diligence, communication, andthe ability for interdisciplinary and teamwork.The necessary condition is the completion of a Master’s degree by 15.09.2021, with an average grade of at least 8.00for the entire study and age below 28 years.Contact:dr. Katerina Naumoskakaterina.naumoska@ki.si; +386 1 4760 521

симни документ


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.