Резултати Прв колоквиум Хемија-Нутриционизам (биологија)
име и презиме | бодови | оцена | |
1 | Бистра Петреска | 166 | 9 |
2 | Влера Лата | 164 | 9 |
3 | Вероника Минов | 150 | 8 |
4 | Симеон Николовски | 142 | 8 |
5 | Ана Спасовска | 138 | 7 |
6 | Никола Радовиќ | 126 | 7 |
7 | Ајла Хасиќ | 114 | 6 |
8 | Ана Спироска | 112 | 6 |
9 | Нино Груевски | 110 | 6 |
10 | Симона Ѓоревска | 102 | 6 |
11 | Кристина Крстевска | 102 | 6 |
12 | Санела Имеровска | 98 | 5 |
13 | Ива Николовска | 98 | 5 |
14 | Стефанија Ѓоневска | 96 | 5 |
15 | Феста Мурати | 94 | 5 |
16 | Марко Јованоски | 92 | 5 |
17 | Севастијан Костадиновски | 88 | 5 |
18 | Ангел Стојанов | 88 | 5 |
19 | Ангел Ангелов | 84 | 5 |
20 | Василија Панева | 64 | 5 |
21 | Магдалена Алаѓозовска | 50 | 5 |
Критериум за оценување | |||
бодови | оцена | ||
100-120 |
6 | ||
121-140 | 7 | ||
141-160 | 8 | ||
161-180 | 9 | ||
181-200 | 10 | ||
Термин за консултации: | |||
09.01.2020 од 12:00 во каб. 238 | Проф. В. Мирчески | ||
08.01.2020 |
Потпис во индекс за физичка хемија 2 А и Б ниво за студентите од применета и наставна насока.
На 27.12.2019 година (петок), со почеток во 9.00 часот ќе се даваат потписи за завршени вежби кај асистентот Леон Стојанов по предметот Физичка хемија 2 -А ниво за применета насока и 2-Б за наставна насока.
СООПШТЕНИЕ ОД КЛУБОТ НА СТУДЕНТИ
Почитувани студенти и останати заинтересирани, ве извесуваме дека во четврток, на ден 19.12.2019 година во 8:00 на Институтот за хемија, предавална 124 (долна зграда на Природно-математичкиот факултет) ќе се одржи ИНТЕРАКТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПИШУВАЊЕ CV И ДИПЛОМСКИ ТРУД во организација на Клубот на студенти при СХТМ.
Предавањето ќе го одржи проф.д-р Зоран Здравковски.
Хемиски спектакл
Групата на Среќни Хемичари („The Happy Chemists Group - THCg“) и на „(Не толку) среќни хемичари“, ве покануваат на хемиски спектакл, кој ќе се одржи на 23 декември 2019 со почеток од 18:00 h во хемискиот амфитеатар. Добредојдени се сите заинтересирани основци и средношколци, како и сите вљубеници во хемијата. Се очекува настанот да трае околу 1 час.
Повик за студенти за членство во „Клуб на хемичари при СХТМ“
Почитувани студенти на хемија,
основан е Клуб на студенти при СХТМ (Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија), кој започна со работа на Институтот за хемија. Право на членство имаат сите студенти на хемија и хемиска технологија. Целта на овој клуб е меѓусебна соработка, дружење и пред сè стекнување на нови знаења и искуства од областа на хемијата и од сродните науки.
Но, реализирањето на оваа замисла и постигнувањето на целта секако е возможно со зголемување на нашиот број што води кон размена на различни идеи и мислења.
За подетални информации и реализирање на нови членства, сите заинтересирани да се обратат на e-mail: anastasijaangelovska@yahoo.com, Анастасија Ангеловска, човечки ресурси.
Со почит,
Управен одбор на Клуб на студенти при СХТМ
Управување со квалитет во хемиска лабораторија - соопштение
Почитувани колешки и колеги,
Прво да ве известам дека поради здравствени причини нема да можам да одржам договорени вежби во понеделник. Значи, во понеделник нема да има ни предавања, ни вежби.
Вежби калибрација ќе се одржат во среда (13 ноември) од 8-10 во лаб. 230 за оние студенти кои не ја сработиле.
Воедно, да ве известам дека сте должни редовно да посетувате настава (предавања и вежби), што е услов за добивање потпис, а следствено на тоа и полагање на испит (парцијално или целосно).
Исклучок за редовно посетување настава се вонредни студенти, како и редовни студенти кои предметот го запишале по втор, трет, ... пат, а за кои термините за предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија се поклопуваат со термините на друг предмет кој го запишуваат по прв пат.
Да ве потсетам дека I колоквиум ќе се полага на 18 ноември во терминот на предавања, од 8-10 часот. Материјал за полагање е поставен на интернет страна на Институтот за хемија.
проф. Горан Стојковиќ
p.s. поради нефункционалноста на системот i_know за праќање пораки, принуден сум да ве известам преку соопштение
ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА НАСТАНОТ НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019 ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО - БЛАГОДАРИМЕ ЗА ИНТЕРЕСОТ!
Почитувани студенти на хемија,
во тек се подготовките за манифестацијата Ноември – месец на науката 2019, која и оваа година се одржува на Природно-математичкиот факултет во организација на друштвата кои функционираат на факултетот, а координатор е Македонското географско друштво. Информации за настанот може да најдете тука: http://www.mgd.mk/vesti/noemvrimesecnanaukata.
Поради големиот број на учесници, а со намера настанот да биде реализиран онака како што сите ние како организатори планираме и посакуваме, неоходна е помош од студентите. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани студенти од Институтот за хемија кои сакаат да допринесат за што подобар настан, да повелат и да бидат дел од организаторскиот тим. Заинтересираните да се пријават на e-mail: marinaiv@pmf.ukim.mk. Предност ќе имаат оние кои први ќе се пријават.
П Р О Т Е С Т Соопштение од одржаниот протест
СООПШТЕНИЕ за почеток на предавањата по предметот Општа хемија за Студиите по хемија (I семестар)
1. Предавањата по предметот Општа хемија за Студиите по хемија, Применета насока и Наставна насока, ќе започнат на 3.10.2019 (четврток) со почеток во 10:00 во предавална 124 (прв спрат) на Институтот за хемија, со Проф. д-р Слоботка Алексовска.
2. Предавањата по предметот Општа хемија, за Студиите по хемија, Применета насока-Аналитичка биохемија, ќе започнат на 3.10.2019 (четвртотк) со почеток во 10:00 во амфитеатарот на Институтот за хемија (втор спрат) со Проф. д-р Валентин Мирчески.
Проф. д-р Слоботка Алексовска и Проф. д-р В. Мирчески 2.10.2019
СООПШТЕНИЕ за почеток на предавањата по предметот хемија за Студиите по биологија, насока-нутриционизам
Предавањата по предметот хемија за Студиите по биологија, насока-нутриционизам ќе започнат на 7.10.2019 (понеделник) со почеток во 10:00 во предавална 124 (прв спрат) на Институтот за хемија, со Проф. д-р Валентин Мирчески.
Проф. д-р В. Мирчески 2.10.2019