Најдобар научник за 2022 година е проф. д-р Петре Макрески од Институтот за хемија
На Светскиот ден на науката за мир и развој, 10 ноември, и оваа година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја додели Наградата за најдобри научници и уметник на истоимениот универзитет.
Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2022 година е д-р Петре Макрески, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет – Скопје.
Наградата се доделува во знак на признание за покажаните врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот за афирмацијата на Универзитотот. Помеѓу другите резултати, Макрески во 2022 година има објавено 13 трудови во списанија со фактор на влијание, како и 5 труда во други меѓународни и домашни списанија со различни истражувачи од државата и од странство.
Професорот Макрески се обрати во име на сите шестмина добитници од различните научно-истражувачки подрачја и од уметностите каде го потенцираше значењето на науката за развојот на општеството и државата во целост.
На истата свеченост, се одржа дебата за да се потенцира значајната улога која ја има науката во нашето општество и нашиот секојдневен живот на тема:
Науката на УКИМ во функција на подобро општество (ОН 2023-Доверба во науката)
На дебатата на УКИМ заедницата - визијата кон отворен Универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високо-образовен и научноистражувачки простор, во рамки на десетмината панелисти, учествуваа и проф. д-р Трајче Стафилов (во пензија) и проф. д-р Петре Макрески од Институтот за хемија при ПМФ.
Алкалоид АД организира обуки за студенти
Почитувани студенти,
Алкалоид АД организира обуки за студенти од хемија кои ќе се реализираат во Тренинг центарот Ѓорче Петров Лафома.
Сите заинтересирани студенти да се пријават на следната e-mail адреса: natasa@pmf.ukim.mk, најдоцна до 21.11.2023 (за првото предавање), и 01.12.2023 за второто предавање.
Повторен оглас за избор на демонстратори за учебната 2023/2024 година
Оглас за вработување во Авицена ДОО
Почитувани студенти,
Уште од самото основање во 1991г., Авицена ДОО ја насочува својата дејност кон промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од областа на микробиологијата, трансфузиологијата, молекуларната дијагностика, имунологијата, клиничката хемија и други области на клиничката лабораториска медицина.
Авицена ДОО објавува оглас за работно место: стручен соработник во сектор биохемија.
За повеќе детали, погледнете го документот во прилог.
Соопштение за настава по предметот „Спорт и здравје“
Природно математички факултет
Распоред за наставата по предметот Спорт и здравје за зимски семестар 2023/24
|
Час |
Понеделник |
Вторник |
Среда |
Четврток |
Петок |
|
14.30 |
|
|
|
Молекуларна Биологија МБГ 1, МБГ 2 |
|
|
15.00 |
Хемија |
|
Математика |
|
Нутриционизам Наставна, Еколошка |
|
15.30 |
|
|
|
Молекуларна Биологија МБГ 3, Биохемија и физиолофија БХФ 1,2 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Наставата по предметот спорт и здравје ќе се одржува на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.
Распоредот важи од ден 16.10.2023 Одговорен проф. д-р. Ристо Стаменов
Упис на втор циклус студии во учебната 2023/2024
Почитувани,
Конкурсот за упис на втор циклус студии е објавен во делот Уписи 2023/24.
Потсетување: За запишување на втор циклус студии по хемија, кандидатот мора да поседува писмена согласност од менторот.
Образец за писмена согласност од менторот е достапен во делот Уписи 2023/24.
Почеток на наставата по Инструментални аналитички методи - А, Б
Предавањата по предметот Инструментални аналитички методи (А, Б ниво) за студентите од трета година, сите насоки, ќе почнат во среда, 04.10.2023 година, во 10.00 часот, во предавална 101.
Предметен наставник: проф. д-р Марина Стефова
Прв час по предметот Физичка хемија 2Б ниво, аналитичка-биохемија
Почитувани студенти,
првиот час по предметот Физичка хемија 2Б ниво за студентите од аналичичка биохемија (5ти семестар), ќе се одржи на 05.10.2023 година со почеток во 8:00 часот, согласно истакнатиот распоред.
Предметен наставник
проф. Владимир Ивановски
Термин за првиот час по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија
Првиот час по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија ќе се одржи на 04. 10. 2023 година, среда, во 10.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
Термин за првиот час по предметот Општа хемија за студентите од Институтот за биологија (Молекуларна биологија-2018 и Молекуларна биологија со генетика -2023)
Првиот час по предметот Општа хемија ќе се одржи на 03. 10. 2023 година, вторник, во 14.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник:
проф. д-р Горан Стојковиќ
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |