Соопштенија

13 февруари 2023

Повик за студенти за учество во организација на натпревари по хемија за основно и средно образование

Почитувани студенти на хемија,
во тек се подготовките за одржување на натпревари по хемија за учениците од основно и средно образование, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија.

Поради големиот број на заинтересирани, неопходна е помош од студентите. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани студенти да се пријават за учество како набљудувачи во текот на натпреварот на следната e-mail адреса: natprevar.hemija@gmail.com.

Општинскиот натпревар ќе се одржи на 24.02.2023 (петок).
Студентите нема да бидат ослободени од наставните обврски.


10 февруари 2023

Биди гласот на студентите - биди член на Факултетско Студентско Собрание

Изборната комисија за спроведување на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет објавува повик за кандидати.

Кандидатите за членови на ФСС да се пријават до 12.2.2023 г. до 23.59 часот преку електронската пошта на официјалниот е-маил на Претседателот на Изборната комисија, проф. д-р Слаѓана Брсакоска (slaganak@pmf.ukim.mk). Во пријавата за кандидат за член на ФСС задолжително се пишува името и презимето на студентот, бројот на индекс и студиската програма на која е запишан.

За претседател на ФСС може да се кандидира редовен студент на Факултетот кој запишал зимски семестар во учебната 2022/2023 година и ги положил сите испити заклучно со трет семестар. Кандидирањето на претседател е лично, преку поднесување на кандидатура на која поддршка даваат најмалку 30 редовни студенти од Факултетот кои имаат право да гласаат. Во пријавата за кандидат за претседател на ФСС задолжително се пишува името и презимето на студентот, бројот на индекс и студиската програма на која е запишан, како и листата со потписи.
Кандидатурата заедно со потписите за поддршка од студентите се поднесува најдоцна до 13 февруари 2023 година (понеделник) до Изборната комисија преку Архивата на факултетот или преку електронска пошта на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk.

Утврдувањето на кандидати се реализира со гласање on-line на 13.2.2023 г. од 09-19 часот. Секој студент ќе добие електронска порака за пристап до гласањето. Пораката ќе содржи еден линк. Линковите за гласање ќе бидат испратени на Вашите е-маил адреси (не на студентските е-маилови на students.pmf.ukim.mk).

Изборите за претседател и членови на ФСС ќе се одржат со тајно гласање на ден 22.2.2023 година (среда) во Амфитеатарот „Ордан Печијаре“ (горна зграда) во периодот од 10 до 14 часот.

симни документ


02 февруари 2023

Соопштение

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на  ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ, нема измени во висината на надоместоците за извршени административни и образовни услуги.

Истовремено ве известуваме дека се прави прилагодување во електронскиот  iknow систем, односно се внесуваат  услугите од страна на одреден број на факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои учествуваат во ПИЛОТ ФАЗАТА чија крајна цел во иднина, ќе биде воспоставување на можноста за безготовинско електронско плаќање на финансиските обврски на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот не учествува во пилот фазата и навремено  ќе објави, кога ќе биде овозможено безготовинско електронско плаќање  за нашите студенти.

Од тие причини, во вашите електронски досиеја, во модулот предмети, се појавува листа на различни улуги и цени за истите, кои што не се однесуваат за студентите од  нашиот факултет.

ВИ НАПОМЕНУВАМЕ, ДА НЕ ЈА ЗЕМАТЕ ТАА ЛИСТА ВО ПРЕДВИД,  ИСТАТАТА Е ВО ПИЛОТ ФАЗА И  НЕ СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПМФ.

Студентите на ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ, треба да се придржуваат на одлуките, кои се објавени на огласната табла, како на пример: Одлуката за одредување на висината на надоместоците за извршени административни и образовни услуги, донесена од Факултетската управа (бр.02-1425/1 од 17.01.2002 г.), Одлуката за дополнување на одлуката за утврдување цена на кредит, донесена од Деканската управа (бр.02-2154/1 од 27.09.2011 г.)  и други одлуки.

 

02.02.2023 г.                                                                    од деканатот,                                             


30 јануари 2023

Панел дискусија на Johnson Matthey, Chevening и Fulbright

Почитувани студенти,
Компанијата Johnson Matthey во соработка со асоцијациите Chevening и Fulright организираат настан на 08.02.2023 со почеток од 10:00 часот до 14:00 часот.
Целта на настанот е запознавање со можностите за стипендирање за продолжување на образованието во странство.
Учесници на панел дискусијата ќе бидат алумни на овие програми (повеќе информации), а модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со можностите кои ги нудат овие програми, како и да слушнат лични искуства на поранешните стипендисти кои постигнале многу успеси.


30 јануари 2023

Заверка на зимскиот и упис на летниот семестар за студентитте од ПРВ циклус студии за учебната 2022/2023 година

1. Соопштение за заверка на зимски и упис на летен семестар за студентите од прв циклус студии
2. Одлука за  определување на роковите за запишување на летен семестар за студетните од прв циклус студии во уч. 2022/2023 година
3. Одлука за определување на висината на надоместокот за задоцнето запишување во летниот семестар во учебната 2022/2023 година
4. Одлука за делумно ослободување од партиципација на особено успешни студенти
5. Одлука за 50% ослободување од партиципација на студенти со меѓународни признати дипломи
6. ЕКТС координатори на ПМФ
7. Упатство за пополнување на анонимна студентска анкета 
8. Образец за Барање за замена на изборен предмет
9. Образец за Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС кредити
10. Образец за Барање за плаќање на рати

Потребните документи ќе бидат достапни во библиотеката на ИХ.
Студентите од втора, трета и четврта година треба да пополнат ЕКТС образец кој го потпишува координаторот на студиската програма проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


20 јануари 2023

Информативна сесија на МЕД и ДБУ за стипендии за истражувачки престој во Германија

Македонско еколошко друштво во изминатите десетина години активно соработува со Германскатафондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) којашто минатата година прослави 25 години од постоењето на програмата за стажирање во Германија наменета за студенти од земјите од Југоисточна Европа. Студентите својот истражувачки престој може да го поминат во организации,фирми, институти, универзитети во Германија 6 до 12 месеци.

На 23.01.2023 година на платформата ЗУМ од 17ч. ДБУ и МЕД организираат онлајн информативна сесија за условите за стажирање во Германија.
Сесијата може да ја проследите на следниот линк.

Повеќе информации за стипендиите има на следниот линк.


11 јануари 2023

Практичен испит по предметот Органска хемија (за Нутриционизам)

Термини за практичен испит:
18.01.2023 од 10:00 часот 
01.02.2023 од 10:00 часот

Задолжително пријавување на линкот (https://forms.gle/B97G5hAseveKtA6j6), најдоцна два дена пред одржување на испитот.



10 јануари 2023

Пристапно предавање на проф. д-р Валентин Мирчески во Македонската академија на науките и уметностите

Од почетокот на универзумот до улогата на секое битие во кусиот миг на неговото постоење како дел од една целина создадена од бесконечен број ентитети кои не можат еден без друг. Низ 40 минутно предавање врамено во насловот „За трите света“, проф. д-р Валентин Мирчески деновиве го одржа пристапното предавање во Македонската академија на науките и уметностите. Мирчески, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје беше избран за член во работниот состав на МАНУ на 20 изборно собрание на Академијата што се одржа лани во март.

Целиот текст е достапен на следниот линк.


13 декември 2022

Натпревар во шах за студенти на УКИМ - 75 години ФЗНХ во Скопје

Почитувани,
по повод 75 години Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје, на 15.12.2022 година (четврток) со почеток во 9,00 часот во деканската сала на Факултетот, се планира да се одигра ТУРНИР ВО ШАХ застудентите на УКИМ во Скопје. 

Турнирот се планира да се одигра во два дела:

1. Симултанка против интенац. мајстод Димитар Илиевски, и

2. Натпревар помеѓу факултетски студентски екипи, доколку има доволен број пријавени тимови по факултети. 

За таа цел, доколку имате свои екипи, најдоцна до среда (14.12.2022) до 12 часот пријавете по 2 студенти од Вашиот Факултет, на е-маил bunevskigjoko@gmail.com.

Со почит, 

Проф. д-р Ѓоко Буневски

претседател на комисијата за студентски активности и спорт при ФЗНХ


13 декември 2022

Одбележување на Денот на Природно-математички факултет - Скопје

Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченостите по повод одбележувањето на
Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј  во Скопје16-ти декември.

12:00 - Промоција на дипломирани студенти од прв циклус во Амфитеатарот на Институт за хемија

14:00 - Амфитеатар „Ордан Печијаре“ (горна зграда)

  • обраќања
  • доделување признанија на пензионирани вработени на ПМФ во 2022 година, за нивниот придонес во работата и развојот на Факултетот
  • промоција на магистри
  • доделување награди на најдобрите дипломирани студенти

Линк до програмата


© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.