Соопштенија

01 октомври 2019

Соопштение за студентите на наставните насоки

 

 

Се известуваат студентите од наставна насока дека:

-       Наставата по предметот Методика на хемиско експериментирање 1 и Хемиско училишно експериментирање  ќе започне на 17.10.2019 година (четврток) во 9 ч. во лабораторија 308.

-       Наставата по предметот Општа методика во хемијата и Методика во хемијата со хоспитации 1 ќе започне на 16.10.2019 година (среда) во 10 ч. во лабораторија 308.

-       Студентите кои го имаат запишано предметот Хоспитации и Алтернативни концепти во хемијата да се јават кај предметниот наставник на 16.10.2019 година (среда) во 10 ч. во кабинет 309.

-       Студентите кои го имаат запишано предметот Историја на хемијата да се јават кај предметниот наставник за договор.


30 септември 2019

Управување  со квалитет во хемиска лабораторија - термини за предавања и вежби

Термини за предавања и вежби по предметот Управување  со квалитет во хемиска лабораторија се:

настава: понеделник 8-10 пред.124

вежби: среда 8-10 медиотека

Првиот (воведен) час ќе биде на 7 октомври.

проф. д-р Горан Стојковиќ


30 септември 2019

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО 2019/20 ГОДИНА

На ден 01.10.2019 година (ВТОРНИК)  ќе се одржи првиот академски час со поче­ток во 12:00 часот, во амфитеатарот "проф. д-р Ордан Печијаре"- (кој се наоѓа на приземје во горната зграда на Факул­тетот). 

Новите студенти кои се запишани на сите студиски програми на Природно–математичкиот факултет во Скопје  во учебната 2019/2020 година, ќе бидат поздравени од  деканот на Факултетот проф. д-р Ицко Ѓоргоски.

Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.

По свеченоста, индексите на новите студенти на студиските програми на Институтот за хемија ќе им бидат врачени од раководителот на институтот во предавална 124 на Институтот за хемија (прв кат) и ќе бидат запознаени со распоредот, наставниците и правилата на студирање.

 


30 септември 2019

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВ ЧАС ПО ПРЕДМЕТИТЕ БИОХЕМИЈА 1-А  И БИОХЕМИЈА 1-Б, ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ХЕМИЈА, СИТЕ НАСОКИ

 

Предавањата по БИОХЕМИЈА 1 (А и Б ниво)  ќе започнат на 08.10.2019 година (вторник), со почеток во 10 часот во предавална 125 на Институтот за хемија.

проф. д-р Наташа Ристовска


28 септември 2019

СООПШТЕНИЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ТРЕТА ДЕКАДА НА 4 И 7 ОКТОМВРИ 2019

Постапувајќи по барања на студентите, ќе се одржи дополнителна трета декада за полагање на еден испит, која на Институтот за хемија ќе се реализира  во амфитеатар од 10 часот на 4 октомври (петок) за писмени испити и на 7 октомври за усмени испити.

 

Студентите имаат право да полагаат испит по еден предмет и мора да се пријават кај библиотекарот за да биде евидентирано име и презиме, број на индекс и по кој предмет ќе полагаат испит најдоцна до среда, 2 октомври, во 15 часот.


28 септември 2019

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДЕМОНСТРАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ХЕМИЈА

Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет има потреба од ангажирање на демонстратори за реализација на практична настава во академската 2019/20 година. Како демонстратори може да бидат ангажирани студенти на втор и трет циклус студии на хемија кои оствариле просечен успех од најмалку 8,00 на претходните циклуси од студиите на хемија.

Конкурсот за демонстратори ќе биде објавен од Природно-математичкиот факултет во октомври, но за навремено започнување на подготовките за практична настава, заинтересираните кандидати да се пријават веднаш кај раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова.

Пријавата со потребните документи (уверение за завршени студии, потврда дека се студенти на втор/трет циклус или дека се во процедура на запишување на втор/трет циклус, CV, мотивациско писмо) ќе треба да се поднесе по објавување на огласот од ПМФ, во втората половина на октомври (на веб страницата на факултетот и институтот).

 Од Управата на Институтот за хемија



27 септември 2019

Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I за студентите од сите насоки 

Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година, трети семестар, сите насоки: применета хемија, аналитичка-биохемија и наставна насока ќе се одржи на 07. 10. 2019 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 125.

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева


27 септември 2019

Термин за првиот час по предметите ВОВЕД ВО НУТРИЦИОНИЗАМ и НУТРИЦИОНИЗАМ

Првиот час по предметите Вовед во нутриционизам и Нутриционизам за студентите од биологија (насока нутриционизам) и хемија (сите насоки) ќе се одржи на 18.09.2019 година, петок, во 8.00 часот, во предавална 125.

 

Предметен наставник:

проф. д-р Јасмина Петреска Станоева 


26 септември 2019

Почеток на предавања Физичка хемија 2 – А и Физичка хемија 2 –Б ниво

Се известуваат студентите од насоката аналитичка – биохемија, кои во 5-ти семестар ќе слушаат Физичка хемија 2 – Б ниво кај проф. Владимир Ивановски, како и студентите од применета хемија кои требаше да слушаат Физичка хемија 2 – А ниво кај проф. Љупчо Пејов, дека првиот термин предавања ќе се одржи на 03.10.2019 (четврток) од 9-12 часот во предавална 125.

 

Предметен наставник

 

проф. д-р Владимир Ивановски


25 септември 2019

Конференција: CRITICAL ENVIRONMENTAL ISSUES OF THE WESTERN BALKAN COUNTRIES

Во рамките на проектот од Western Balkans Alumni Association (WBAA) насловен: “Creating sustainable transfer of knowledge for building novel ideas for critical environmental issues of the western Balkan countries”, раководителите ве покануваат да учествувате на 1-вата научна средба: „CRITICAL ENVIRONMENTAL ISSUES OF THE WESTERN BALKAN COUNTRIES“ што ќе се одржи од 28 до 30 октомври 2019 година во Штип на Земјоделскиот факултет. 

Пријавувањето е до 27 септември 2019 (петок). Во рамките на проектот ќе бидат покриени патните трошоци и сместувањето за 3 студени. Пријавете се на: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc1zPeENuD7lHxQmJ04PeC3L-WQ0qPppHmuW02GzjuUzIOFsQ/viewform?fbclid=IwAR0hAv2IVWS3OhwCkJY8KshGnjYr0p9IknbNSyUg7Jbq1or91rMc8hJu7zQ

facebook: https://www.facebook.com/events/439351643455041/?active_tab=discussion


© 2023. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.