Хемиски спектакл 26.03.2024
Поради големиот интерес за хемиските спектакли организирани од страна на Групите на среќни и не толку среќни хемичари на Институтот за хемија, ПМФ-Скопје со поддршка на СХТМ, најавуваме нов хемиски спектакл на 26.03.2024 во 18 ч. За овој спектакл неопходно е да се најави присуството преку ОВОЈ ФОРМУЛАР, а предметните наставници ќе бидат контактирани за дополнителни детали околу организацијата. Организаторите го задржуваат правото да го ограничат бројот на учесници од одделни училишта доколку се покаже дека бројот е преголем за непречена работа. Изборот ќе се направи според редоследот на пријавување.
Известување за студентите на втор циклус студии по Хемија
Во вториот семестар од студиите на втор циклус ќе биде организиран мастер семинар на кој студентите треба да ги изнесат резултатите од истражувањето. Презентациите во рамки на мастер семинарот се реализираат за време на трите сесии.
Датумите за учебната 2023/24 година се следниве:
- Јунска испитна сесија: 06.06.2024 (четврток) во 12 ч.
- Септемвриска испитна сесија: 19.09.2024 (четврток) во 12 ч.
Оглас за практикантство во Алкалоид АД
Почитувани студенти,
На следниот ЛИНК може да го најдете огласот за практиканство од Алкалоид АД.
Презентација за практикантство во Алкалоид
Приматијада 2024
Работилница за кариерен развој
Почеток на предавањата по предметот електрохемија (2023/24)
Предавањата по предметот
Електрохемија
кај проф. Валентин Мирчески ќе започнат на
23.02.2024 со почеток во 10 часот во ХА на Институтот за хемија.
Проф. В. Мирчески
Соопштение за почеток на наставата по предметот Примена на компјутери во хемијата (за студентите од сите насоки)
Предавањата ќе започнат на 19. 02. 2024 година, понеделник, во 10.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник: проф. д-р Горан Стојковиќ
Заверка на зимскиот и упис на летен семестар во учебната 2023/2024 ПРВ циклус студии
1. Соопштение за заверка на зимскиот семестар и упис на летен семестар во учебната 2023/2024 година за студентите од ПРВ циклус студии
- Упатство за запишување на семестар преку “i-know”
- Пополнување на анонимни студентски анкети
2. ВАЖНИ НАПОМЕНИ за студентите запишани на ПРВ циклус на студии за заверка на зимскиот семестар и упис на летен семестар во учебната 2023/2024 година
- Барање за замена на неположен изборен предмет
- калкулатор и видео
- Барање за плаќање на рати
- Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС кредити
- Барање за стекнување со статус на особено успешен студент
- Барање за делумно ослободување од партиципација/школарина на особено успешен студент
* Одлука за делумно ослободување од партиципација/школарина на особено успешен студент со просек 9,50-10,00
* Одлука за запишување 36-40 кредити
* Одлука за определување на висината на надоместокот за извршени административни и образовни услуги во летниот семестар во учебната 2023/2024 година
* Одлука за утврдување на условите и постапката за стекнување со статус на особено успешен студент и условите за напредување на студентот
* Одлука за 50% ослободување од партиципација/школарина на студенти кои се стекнале со меѓународно признати дипломи/награди од одредени спортски дисциплини
* Одлука за изменување и дополнување на Одлуката бр.02-190/3 од 05.02.2016 г. за студентите кои оствариле прво место на државни натпревари организирани од здруженија и друштва во рамки на сите институти на Природно-математичкиот факултет во Скопје (измените важат од уч.2022/2023 г.)
* Одлука за определување на роковите за запишување на летниот семестар во учебната 2023/2024 година.
Конкурс за упис на втор циклус студии - втор рок
СЛОБОДНИ МЕСТА на ПМФ за трет уписен рок во учебна 2023/2024 (Повеќе)
Пријавување на кандидатите од 5.2 до 16.2.2024