Средба на претставници од ПМФ Скопје со преставници од компанијата Johnson Matthey Скопје и Johnson Matthey UK
На 20 септември, на Институтот за хемија се одржа округла маса, на која претставници од компанијата Johnson Matthey Скопје и Johnson Matthey UK, со претставници од ПМФ Скопје имаа конструктивна дискусија. На средбата беа разгледани повеќе можности за идна плодна соработка. На овој состанок учествуваа Elizabeth Rowsell - Chief Technology Officer во JM-UK, Paul Collier - External Programmes Manager во ЈМ-UK, Александар Скепаровски - Декан на ПМФ, Скопје, Марина Стефова, претставник од СХТМ, Наташа Ристовска, шеф на Институтот за хемија, претставници од ЈМ-Скопје и како и претставници од ПМФ.
Оглас за избор на демонстратори во учебната 2023/2024 година
Се распишува интерен оглас за избор на 3 демонстратори како помошници во наставно образовниот процес на првиот циклус на студии за учебната 2023/2024 година за студиските програми кои се организираат на Институтот за хемија.
Повеќе информации за критериумите за избор на документот во прилог.
Преземете го образецот за пријава на огласот.
ОГЛАС за доделување стипендија на редовни студенти запишани на последна година од прв циклус студии
ОКТА АД-Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) доделува стипендија на редовни студентите кои во учебната 2023/2024 година првпат се запишуваат на последна година од прв циклус студии на Природно – математички факултет – Институт за хемија во Скопје, на една од следните студиски програми:
• Применета хемија
• Применета хемија - Аналитичка биохемија
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. Да има запишано последна година студии на една од погоре наведените студиски програми со постигнат просечен успех од најмалку 8.50;
2. Да не повторувале година во текот на студирањето
3. Да поседува сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;
4. Да не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании;
5. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
6. Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.
7. Учеството во дополнителни вонкурикулумски активности како учество на студентски конгреси, проекти и други активности, ќе се смета за предност
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава;
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2023/2024 година
3. Уверение за положени испити од претходните години
4. Изјава на кандидатот дека не е корисник на стипендија од други установи, институции или компании
5. Уверение - потврда за активно познавање англиски јазик;
6. CV на македонски јазик.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Стипендијата е во висина од 1200ЕУР и истата е распределена на 12 еднакви месечни надоместоци од по 100ЕУР.
IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на стипендија за последна година од прв циклус студии 02.10.2023 година. Документите за аплицирање за една од петте стипендии треба да се испратат на следните меил адреси: JCvetkovska@helpe.gr и mstavreva@helpe.gr
Кандидатите ќе биде избрани од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници на УКИМ. За кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.
Линк до огласот.
Термини за полагање на предметот Англиски јазик во третата испитна сесија (2022/23)
2023 ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА
II декада
|
КОНКУРС - прв циклус студии / прв уписен рок 2023/2024
Драги наши идни студенти,
Ве потсетуваме дека пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот (линк) секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
I. Поднесувањето на документите ќе се одвива на 30.08.2023 и 31.08.2023 година од 8.00 до 14.00 часот, со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
II. Распоредот на шалтери за прием на документи, како да стигнете до нив и точната локација на факултетот е дадена на следниот линк
III. Потребните документи се дадени на следниот линк
ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ОПШТА ФИЗИКА I ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД НАСОКАТА ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА
ТЕОРИЈА - 7 септември 2023 година (четврток), почеток 10:00, просторија бр. 117
ЗАДАЧИ - 14 септември 2023 година (четврток), почеток 10:00, просторија бр. 117
Студентите ќе можат да го полагат испитот и после 15 Септември во термини кои ќе бидат одредени во договор со наставникот (irina.petreska@pmf.ukim.mk).
Испитите ќе ги одржи проф. д-р Ирина Петреска.
Термини за полагање на испити од надворешните професори во третата (августовско-септемвриска) испитна сесија
2023 ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА |
|
ПСИХОЛОГИЈА |
|
I декада |
30.08.2023 во 16:00 часот во просториите на Филозофскиот факултет |
II декада |
18.09.2023 во 16:00 часот во просториите на Филозофскиот факултет |
ПЕДАГОГИЈА |
|
I декада |
29.08.2023 во 10 часот во предавална број 10 на Институтот за педагогија |
II декада |
06.09.2023 во 10 часот во предавална број 10 на Институтот за педагогија. |
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК |
|
I декада |
31 август од 9 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет |
II декада |
14 септември од 9 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет |
ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3 |
|
I декада |
06.09. 2023 (среда) во 10:00 ч. - ПМФ |
II декада |
13.09. 2023 ( среда) во 10:00ч. - ПМФ |
АНГЛИСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3 и 4 |
|
I декада |
30.08.2023 |
II декада |
15.08.2023 |
РУСКИ ЈАЗИК |
АНГЛИСКИ ЈАЗИК Проф. Солзица Поповска
|
07.07.2022 г. Од деканатот,
Соопштение за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г. (ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ)
Соопштение за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.
се известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека ТРЕТАТА (август/септемвриска) сесија во уч. 2022/2023 година ќе се одвива во две декади во периодот од:
21 август 2023 –15 септември 2023 (две декади)
ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факултетот.
ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно чл.45, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).
Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат предмети слушани во зимскиот и во летниот семестар во уч.2022/2023 година (семестрите административно, треба да им се уредно запишани и заверени).
НАПОМЕНА 1 - начин на пријавување на испитите
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
10.07.2023 од 20.08.2023
ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.
Што значи уредно пријавен испит? |
|
НАПОМЕНА 2
Само вонредните студенти и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават (прикачат) уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.
сите уплати се вршат на образец ПП50: - назив и седиште на примач ПМФ – СКОПЈЕ - банка на примач НБРСМ - трансакциска сметка 100000000063095 - сметка на буџетски корисник на ПМФ 1600110804 788 19 - приходна шифра програма начин 723013 - 41 – 2 |
НАПОМЕНА 3
Запишувањето на зимскиот семестар во уч. 2023/2024 година, ќе се одвива во периодот од 18.09.2023 до 29.09.2023 г. Соопштението за организацијата на запишувањето на зимскиот семестар во уч.2023/2024 година, ќе биде дополнително објавено. Наставата во зимскиот сeместар во уч.2023/2024 г. ќе се започне до 02.10.2023 г. и ќе трае до 12.01.2024 г.
НАПОМЕНА 4
Студентите треба да почитуваат напомените, затоа што целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.
Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите.
Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале.
Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот), ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
ПОДРШКА и комуникација со студентите Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси: -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтот за билогија (освен студиската програма молекуларна биологија со генетика) и двопредметни студии по биологија–хемија); -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтите за: математика, физика, географија, етнологија и антропологија и двопредметни студии по математика-физика) -elenad@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтот за хемија и студиската програма молекуларна биологија со генетика на Институтот за биологија), -keti@pmf.ukim.mk Раководител на Одделението за студентски прашања За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот, на следнава електронска aдреса: stefan@pmf.ukim.mk Кратко упатство: Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар. |
05.07.2023 година од деканатот,
Соопштение за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г. (ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ)
Соопштение за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.
се известуваат студентите на ВТОР ЦИКЛУС студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека ТРЕТАТА (август/септемвриска) сесија во уч. 2022/2023 година ќе се одвива во периодот од:
21 август 2023 –15 септември 2023 (две декади)
Термините за полагање на испитите, се дефинираат во договор со предметните професори.
Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат предмети слушани во зимскиот и во летниот семестар во уч.2022/2023 година (семестрите административно, треба да им се уредно запишани и заверени).
НАПОМЕНА 1 - начин на пријавување на испитите
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:
10.07.2023 од 20.08.2023
ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.
Што значи уредно пријавен испит? |
|
НАПОМЕНА 1
Запишувањето на зимскиот семестар во уч. 2023/2024 година и заверката на летниот семестар во уч.2022/2023 г., ќе се одвива во периодот од 18.09.2023 до 29.09.2023 г. Соопштението за организацијата на запишувањето на зимскиот семестар во уч.2023/2024 година, ќе биде дополнително објавено. Наставата во зимскиот сeместар во уч.2023/2024 г. ќе се започне до 02.10.2023 г. и ќе трае до 12.01.2024 г.
ПОДРШКА и комуникација со студентите Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси: -keti@pmf.ukim.mk Раководител на Одделението за студентски прашања За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и електронска адреса со која е регистриран во системот, на следнава електронска aдреса: stefan@pmf.ukim.mk Кратко упатство: Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар. |
05.07.2023 година од деканатот,
Повик за Johnson Matthey Graduate Program
За прв пат студентите од Македонија имаат можност да бидат дел од т.н. „ротирачка програма“ на JM каде дипломираните студенти по хемија ќе имаат можност во текот на 8-те месеци да остварат 3 „ротации“ и да бидат дел од тимот на ЈМ-Македонија и ЈМ-Полска.
По завршувањето на програмата, кандидатите ќе имаат можност да се приклучат на тимот на ЈМ .
За повеќе детали, погледнете го прикачениот документ и QR кодот кој се наоѓа на него.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 6 август 2023.