Повик за практиканство во Реплек
Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето?
Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?
Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.
Повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање на следниот линк.
Краен рок за аплицирање е 02.07.2023.
КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ - ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ за академската 2023/2024 година
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
бјавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2023/2024 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)
1. Потребни документи за мобилност на студенти: Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+ или интернет-страната на факултетот: · пополнет формулар за пријавување (Student Application Form); · договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
· уверение за положени испити на македонски јазик;
· уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
· уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик); · кратка биографија (Europass model).
Висината на стипендијата за студентите изнесува 550-600 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.
При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 5 октомври 2023.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ) (Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 12 октомври 2023.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
Акција за чистење на кампусот
По повод 5 јуни - Светскиот ден на животната средина, факултетите од кампусот во општина Гази Баба организираат акција за чистење на отворените површини во близина на своите објекти.
Акцијата ќе започне на 5 јуни во 10 часот, во дворот на Институтот за хемија. Учесниците ќе бидат поделени во две големи групи од кои, едната ќе тргне од горната зграда на ПМФ, а другата од паркингот на Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Ги повикуваме сите студенти и вработени на Институтот за хемија доброволно да се приклучат кон оваа акција и да дадат свој придонес за почиста околина.
Анкета од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Почитувани студенти,
На линкот даден подолу може да пристапите кон студентската анкета која е дел од проектот „Влијанието на медитеранската диета и некои други фактори врз здравјето на студентите на УКИМ“, на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Линк до анкетата: https://forms.gle/caExNK2peN849PVx6
Оглас за практиканство
Почитувани студенти,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас за ангажирање на 11 практиканти, дипломирани или на завршна година на студии.
Повеќе информации за огласот и начинот на пријавување.
Оглас за летна пракса - Coke Summership
Почитувани студенти,
Пивара Скопје објавува оглас за летната пракса во рамки на програмата Coke Summership.
Повеќе информации на следниот линк: https://cokesummership.mk/
Гостување на проф. д-р Дaн Шехтман на Институтот за хемија
Ни претставува особена чест да го најавиме гостувањето на проф. д-р Дaн Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија во 2011 година, на Институтот за хемија. Поле на научен интерес на д-р Шехтман се квазикристалите, чие откритие го отвора патот за развој на нови материјали што може да најдат примена во разни области.
На 23 мај 2023 година проф. д-р Дaн Шехтман ќе одржи предавање за студентите и наставниот кадар на Институтот за хемија под наслов: „Technological Entrepreneurship - Key to World Prosperity and Peace“. Во фокус на предавањето ќе биде потребата од развој на технолошкото претприемништво како основа за глобален напредок. Како пионери на новото време д-р Шехтман ги посочува младите инженери и научници, кои со соодветен образовен и економски поттик можат да бидат лидери на високо развиени технолошки индустрии.
Предавањето ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот за хемија со почеток во 10:00 часот.
Ги покануваме сите студенти, млади научници и ентузијасти да присуствуваат на ова предавање и да ја слушнат инспиративната приказна на д-р Шехтман.
Предавањето може да се следи во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=b5KzJTOwl14
Повеќе информации за предавањето.
Повеќе информации за проф. д-р Ден Шехтман.
Термини за испити во втора испитна сесија во учебната 2022/23 од надворешни професори
2023 ВТОРА (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА |
|
ПСИХОЛОГИЈА |
|
I декада |
08.06.2023 во 15:30 во просториите на Филозофскиот факултет |
II декада |
29.06.2023 во 15:30 во просториите на Филозофскиот факултет |
ПЕДАГОГИЈА |
|
I декада |
на 05.06.2023 (понеделник) во 12 часот во предавална 10 |
II декада |
на 19.06.2023 (понеделник) во 10 часот во предавална 10 |
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК |
|
I декада |
15.6.2023 од 10 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет |
II декада |
27.6.2023 од 10 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет |
ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3 |
|
I декада |
7 јуни 2023 во 10:00 ч. - ПМФ |
II декада |
21 јуни 2023 во 10:00 ч. - ПМФ |
АНГЛИСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3 и 4
|
|
I декада (терминот ќе биде дополнително објавен) |
II декада (терминот ќе биде дополнително објавен ) |
РУСКИ ЈАЗИК |
|
I декада |
писмен на 5.06.2023 г. во 9 часот/ устен на 6.06.2023 г. во 9 часот |
II декада |
писмен на 19.06.2023 г. во 9 часот/ устен на 20.06.2023 г. во 9 часот. |
18.05.2023 г. Од деканатот,
|
|
Соопштение за заверка на летниот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите од ПРВ ЦИКЛУС студии
Се известуваат редовните и вонредните студенти од прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека заверката на летниот семестар во учебната 2022/2023 година ќе се одвива, во периодот од: 29 мај 2023 г. до 9 јуни 2023 г. на шалтерот од Одделението за студентски прашања од 11:00 до 15:00 часот.
Потребно е да се достават следниве документи:
1. Индекс
Во индексот треба уредно да се собрани сите потписи од предметните професори за ислушани предавања и изработени вежби во летниот семестар во учебната 2022/2023 г., како и уредно собрани електронски потписи во iknow системот, во периодот од 18.05.2023 г. до 02.06.2023 г.
2. Образец за заверка на летниот семестар А4, уредно пополнет со предметите кои студентот ги слушал во летниот семестар во 2022/23 година.
Напомена:
Ги потсетуваме редовните и вонредните студенти, на кои им е одобрено плаќање на рати, согласно одобреното барање за плаќање на рати за летниот семестар во учебната 2022/2023 г. (2 рата 24 март 2023 г. и 3 рата 24 април 2023 г.), доколку досега не ги извршиле уплатите, задолжително да ја подмират целата сума за партиципација/школарина и да достават уплатница на денот на заверка на семестарот.
12.05.2023 . од Деканатот,
Ден за кариерен развој
Почитувани студенти,
на 11 мај 2023 година, од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи Ден за кариерен развој.
Настанот е во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Центарот за кариера на УКИМ, а со цел да ги доближиме компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности. На овој настан, компаниите имаат можност за остварување на директен контакт со студентите и презентирање на своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што ќе ги мотивираме и поттикнеме студентите во нивниот понатамошен кариерен развој.
Ве очекуваме!