Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година
Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година
Се известуваат студентите на Природно-математичкиот факултет во Скопје дека, Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 г., ќе се одвива во периодот од 19.11.2024 г. до 25.11.2024 г.
Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2024/2025 г., и уредно им е заверен летниот семестар од учебната 2023/2024 г.
Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2023/2024 г. за кој треба да имаат електронски потпис за остварени обврски за предметот.
Во периодот од 01.11.2024 г. до 18.11.2024 г. студентите треба задолжително да:
– преку Модулот документи селектираат Барање дополнителна сесија (од 2024) со што ќе им се овозможи да ја извршат уплатата во износ од 1000,00 денари,
- ја печатат реализарана уплата и ја доставуваат заедно со пријавата за испит (хартија) во одделението за студентски прашања.
Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната ноемвриска (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени на веб страните на институтите на Факултетот.
22.10.2024 година од Деканатот,
Термини за испити во ноемвриска испитна сесија на Институтот за хемија
Термините за испити во ноемвриската испитна сесија (2024/2025) на Институтот за хемија се следните:
Известување за студентите на втор циклус студии по Хемија
Во вториот семестар од студиите на втор циклус се организира мастер семинар на кој студентите треба да ги изнесат резултатите од истражувањето. Времетраењето на презентацијата е 10 минути, со дополнителни 5 минути за дискусија.
Презентациите во рамки на мастер семинарот се реализираат за време на три сесии, а студентите кои нема да ги завршат своите обврски во предвидениот рок, го презапишуваат предметот.
Датумите за учебната 2024/25 година се следниве:
- Јануарска испитна сесија: 23.01.2025 г. (четврток)
- Јунска испитна сесија: 19.06.2025 г. (четврток)
- Августовско-септемвриска испитна сесија: 18.09.2025 г. (четврток)
Студентите, по претходна консултација со менторот, задолжително да се пријават кај раководителот на студиската програма во рокот наведен во годишниот календар на активности и да достават информација за наслов на семинарскиот труд и членови на комисијата.
Роковите за пријавување се:
- Пријавување за јануарска испитна сесија: 23.12.2024-14.01.2025
- Пријавување за јунска испитна сесија: 12.05.2025-01.06.2025
- Пријавување за августовско-септемвриска испитна сесија: 08.07.2025-19.08.2025
Студентите доставуваат семинарски труд според дадено упатство за изгледот и содржината на семинарскиот труд. Упатството е објавено на веб страната на Институтот за хемија на следниов линк https://ih.pmf.ukim.edu.mk/subjects/view/410
Роковите за доставување на семинарскиот труд се:
- Јануарска испитна сесија: 16.01.2025 г. (четврток)
- Јунска испитна сесија: 12.06.2025 г. (четврток)
- Августовско-септемвриска испитна сесија: 11.09.2025 г. (четврток)
Повторен оглас за избор на демонстратори во учебната 2024/25 година
Огласот трае 5 дена од денот на објавувањето, односно до 23.10.2024 година (среда).
Распоред за наставата по предметот Спорт и здравје за зимски семестар 2024/25
Природно математички факултет
Распоред за наставата по предметот Спорт и здравје за зимски семестар 2024/25
|
Час |
Понеделник |
Вторник |
Среда |
Четврток |
Петок |
|
8.00 |
|
|
Молекуларна Биологија |
|
Молекуларна Биологија |
|
14.00 |
|
Нутриционизам |
|
|
|
|
15.30 |
Математика |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Наставата по предметот спорт и здравје ќе се одржува на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.
Распоредот важи од ден 14.10.202 Одговорен проф. д-р. Ристо Стаменов
Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител
Почитувани студенти,
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 293. седница одржана на 20.9.2024 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2024 година Повеќе
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година. Повеќе
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година на Природно-математичкиот факултет-Скопје доставуваат:
– Пријава за учество на Интерниот оглас; Повеќе
– Изјава за број на членови на семејството Повеќе
– Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
Потребната документација, согласно интерниот оглас, се доставува на следнава email адреса: pmf@pmf.ukim.mk , најдоцна до 14.10.2024 год.
Продолжување на рокот за запишување на зимски семестар во учебната 2024/2025 година
Почитувани студенти од прв цикус,
Ве известуваме дека редовниот рок за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година, се продолжува до 04.10.2024 година (петок), без уплата на надоместок за задоцнето запишување на семестар.
Воедно ве потсетуваме дека 14.10.2024 година е крајниот рок за запишување на зимскиот семестар.
Продекан за наставни и студентски прашања, Проф. д-р Валентина С. Стаменковиќ
Tермин за предавањата по предметот Психологија за наставните студиски програми во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година
Почитувани студенти од наставните студиски програми,
Ве известувам дека предавањата од предметот Психологија ќе се одржуваат во терминот - вторник во 16:30 во Предавална 3 на Филозофскиот факултет во Скопје.
Првиот час ќе се одржи на 08.10.2024 година (вторник).
Предметен наставник,
Проф. д-р Калина Сотироска
Термин за првиот час по предметот АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I
Првиот час по предметот Аналитичка хемија I за студентите од втора година ќе се одржи на 07. 10. 2024 година, понеделник, во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева
Термин за првиот час по предметот ВОВЕД ВО НУТРИЦИОНИЗАМ
Првиот час по предметот Вовед во нутриционизам ќе се одржи на 04. 10. 2024 година, петок во 8.00 часот, во предавална 124.
Предметен наставник:
проф. д-р Јасмина Петреска Станоева