Соопштенија

10 ноември 2025

Најдобар научник на УКИМ за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија

На Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот.

Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Наградата претставува признание за нејзините врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот во афирмацијата на Универзитетот. Во текот на 2024 година, проф. Петреска Станоева има објавено 11 научни труда во списанија со фактор на влијание, коавтор е на Хемиската терминологија, а учествувала и на 13 меѓународни конференции, од кои на една како поканет предавач.

Нејзините истражувања се фокусирани на идентификација и карактеризација на биолошки активни соединенија во растителни материјали и природни производи, контрола на квалитет и автентичност на храна и пијалаци, како и мониторинг на органски загадувачи во амбиентален и внатрешен воздух.


06 ноември 2025

Повторен оглас за избор на демонстратори во учебната 2025/2026 година на Природно-математичкиот факултет - Скопје

Огласот трае 5 дена од објавувањето, односно до 10.11.2025 година (понеделник).

Линк до документите


24 октомври 2025

Студентски конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија

 

Почитувани колеги,
Научниот и Организацискиот одбор на 16-тиот Студентски конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија ве поканува на на свеченото отворање на Конгресот, кое ќе се одржи на 27 октомври 2025 година на Технолошко-металуршкиот факултет.

Целта на овој Конгрес е да се овозможи размена на знаења и идеи, претставување на истражувачки трудови и поттикнување на соработка меѓу младите истражувачи во областа на хемијата и технологијата.

Ќе ни биде чест и задоволство да присуствувате на настанот и да ги проследите презентациите на студентите од Институтот на хемија.

 


20 октомври 2025

Известување за студентите на втор циклус студии по Хемија

Во вториот семестар од студиите на втор циклус се организира мастер семинар на кој студентите треба да ги изнесат резултатите од истражувањето. Времетраењето на презентацијата е 10 минути, со дополнителни 5 минути за дискусија.
 
Презентациите во рамки на мастер семинарот се реализираат за време на три сесии, а студентите кои нема да ги завршат своите обврски во предвидениот рок, го презапишуваат предметот.
Датумите за учебната 2025/26 година се следниве:
  • Јануарска испитна сесија: 12.02.2026 г. (четврток)
  • Јунска испитна сесија: 11.06.2026 г. (четврток)
  • Августовско-септемвриска испитна сесија: 17.09.2026 г. (четврток)
 
Студентите, по претходна консултација со менторот, задолжително да се пријават кај раководителот на студиската програма во рокот наведен во годишниот календар на активности и да достават информација за наслов на семинарскиот труд и членови на комисијата.
Роковите за пријавување се:
  • Пријавување за јануарска испитна сесија: 22.12.2025-19.01.2026
  • Пријавување за јунска испитна сесија: 11.05.2026-31.05.2026
  • Пријавување за августовско-септемвриска испитна сесија: 11.07.2026-23.08.2026
 
Студентите доставуваат семинарски труд според дадено упатство за изгледот и содржината на семинарскиот труд. Упатството е објавено на веб страната на Институтот за хемија на следниов линк https://ih.pmf.ukim.edu.mk/subjects/view/410
Роковите за доставување на семинарскиот труд се:
  • Јануарска испитна сесија: 05.02.2026 г. (четврток)
  • Јунска испитна сесија: 04.06.2026 г. (четврток)
  • Августовско-септемвриска испитна сесија: 10.09.2026 г. (четврток)

 


17 октомври 2025

Органска хемија 2

Експериментална органска хемија

 Анализа на нафтени деривати и горива

Хемија на природни производи

Основи на органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ)

 Крајниот испит се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: понеделник 03 Ноември (понеделник 10-13h, ИХ АМФ),  07 Ноември (петок, 13-16 h, ИХ АМФ)).  Потврдете го вашето присуство 3 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfJmIL0snpgwrHSdSO2okjsGSQDfbUmuyKHG_hR-PzXSHfZQQ/viewform?usp=header

Проф. д-р Јане Богданов

 

Термини за полагање дополнителна (ноемвриска сесија) 2025/2026  (03 Ноември - 07 Ноеммври, 2025)

Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, имаат потис од асистент/демонстратор,  а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.


16 октомври 2025

Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2025/2026


15 октомври 2025

First US-Macedonian Workshop on Modeling in Chemistry and Biochemistry

На 14 и 15 октомври, на Институтот за хемија се одржа Првата македонско-американска работилница по молекуларно моделирање во хемијата и биохемијата. Преку научно-популарни предавања и инспиративни дискусии, пред студентите се претставија повеќе експерти од оваа област, споделувајќи современи пристапи, резултати и искуства од својата работа.
Ваквите работилници не придонесуваат само за унапредување на научното знаење – тие создаваат простор за соработка, размена на идеи, меѓусебно учење и градење на академски мрежи што ќе ги обликуваат идните истражувања и иновации.
Им благодариме на сите предавачи и учесници за нивниот придонес и со нетрпение ги очекуваме идните заеднички активности.


13 октомври 2025

Академик Глигор Јовановски, редовен професор во пензија при Институтот за хемија и член на МАНУ –ДОБИТНИК на Државната награда „11 Октомври“ за 2025 година

Државната награда „11 Октомври“, како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија, годинава е доделена и на нашиот долгогодишен професор и академик Глигор Јовановски. Тој претставува еден од главните протагонисти во Македонија за развојот на хемијата како и на подрачјето од природно-математичките науки. Со неговото маркантно научно дело, сеопфатната академска, педагошка и научноистражувачка дејност, тој има клучна улога за развојот на Институтот за хемија, а со тоа и на Природно-математичкиот факултет како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на МАНУ.

Академик Јовановски е врвен научник во областа на структурната хемија со меѓународно признат истражувачки опус. Освен тоа, претставува и втемелувач на научни области и методи од полето на хемијата кои претходно не постоеле во Македонија, како што се кристалохемијата и методите за испитување на микроскопскиот свет на цврсти супстанци со дифракција на рендгенски зраци. Преку научноистражувачка дејност изведена според највисоки академски критериуми и етички норми на кои беспрекорно им служи, обемна педагошка работа која покрива десетици научни дисциплини, академик Јовановски напрaви суштествен придонес за развојот на науката во Македонија. Главно, неговите трудови опфаќаат две системски проблематики: структурни истражувања на сахаринот и неговите соедиинеија, како и структурно-спектроскопските студии на минералите од Македонија.

Во неговиот грандиозен академски дострел се вбројуваат авторство и уредништво на десетици монографски публикации, авторството на два универзитетски учебника како и учества во преводи на научна литература. Неговиот опус дополнително вклучува и 235 научни трудови во 62 различни меѓународни списанија ширум светот, од кои 153 се објавени во списанија со фактор на влијание. Овие резултати се цитирани повеќе илјади пати во светската научна литература, со што Јовановски се вбројува во редот на најцитираните научници од Македонија.


10 октомври 2025

Распоред на часови по предметот Спорт и здравје

Универзитет Св.Кирил и Методиј- Скопје
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент
Распоред на часови зимски семестар 2025/26 Природно математички факултет

Термин

Понеделни

Вторник

Среда

Четврток

Петок

 

 

 

 

 

 

8.00

 

 

 

 

 

9.30

 

 

 

 

 

11.00

 

 

 

 

 

12.30

 

 

 

 

 

14.00

 

 

 

 

 

15.30

 

ПМФ

Биологија (Молекуларна биологија со генетика, Наставен кадар)

Географија(Туризам)

 (голема сала)

ПМФ

Хемија+ Биол. (Екологија и живот средина, Биохемија и физиологија 2 г.)

(голема сала)

ПМФ

Математика

Биологија (Нутриционизам, Биохемија и физиологија 1 г.)

(голема сала)

 

 

Наставата по предметот спорт и задравје отпочнува од 13.10.2026 година на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Одговорен Наставник

вон. проф. др. Стаменов Ристо


07 октомври 2025

Термин за консултаци кај проф. Валентин Мирчески

Секој вторник и четврток од 12 до 14 часот во кабинет 238 на Институтот за хемија.


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.