Проф. д-р Трајче Стафилов избран за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)
На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), проф. д-р Трајче Стафилов, редовен професор во пензија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е избран за почесен член на Академијата во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.
Ова престижно признание претставува потврда на повеќедеценискиот научен, образовен и општествен придонес на проф. Стафилов, кој со својата работа оставил длабока трага во македонската и меѓународната научна заедница.
Проф. д-р Трајче Стафилов е роден во с. Чемерско, Кавадарци, во 1949 година. Дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1972 година како најдобар студент во генерацијата, магистрирал во 1977, а докторирал во 1985 година. Својата академска кариера ја развива на Институтот за хемија, каде што напредува од помлад асистент до редовен професор, а од 2017 година е во пензија, и активно продолжува со научноистражувачка и менторска работа.
Неговата научна дејност е насочена кон аналитичката хемија и хемијата на животната средина, со особен фокус на развој на методи за определување елементи во траги во различни примероци. Објавил 531 научен труд, од кои 274 во списанија со фактор на влијание, со над 7580 цитати во базата SCOPUS. Автор е на 25 научни монографии, 34 поглавја во книги, 7 универзитетски учебници, како и 10 монографии од системски карактер.
Проф. Стафилов бил ментор на 21 докторанд, 45 магистранти и над 150 дипломци, учествувал во повеќе од 110 научноистражувачки проекти, а во над 30 од нив имал улога на раководител. Добитник е на бројни признанија, меѓу кои и две државни награди „Гоце Делчев“ (2009, 2017), како и плакети за придонес во афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Со својот научен опус, професионална етика и лична посветеност, проф. д-р Трајче Стафилов претставува извонреден пример за научник, педагог и човек кој со својот труд ја афирмира македонската наука во светски рамки.
Честитки за изборот и признанието!
Најдобар научник на УКИМ за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија
На Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот.
Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Наградата претставува признание за нејзините врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот во афирмацијата на Универзитетот. Во текот на 2024 година, проф. Петреска Станоева има објавено 11 научни труда во списанија со фактор на влијание, коавтор е на Хемиската терминологија, а учествувала и на 13 меѓународни конференции, од кои на една како поканет предавач.
Нејзините истражувања се фокусирани на идентификација и карактеризација на биолошки активни соединенија во растителни материјали и природни производи, контрола на квалитет и автентичност на храна и пијалаци, како и мониторинг на органски загадувачи во амбиентален и внатрешен воздух.
Повторен оглас за избор на демонстратори во учебната 2025/2026 година на Природно-математичкиот факултет - Скопје
Огласот трае 5 дена од објавувањето, односно до 10.11.2025 година (понеделник).
Линк до документите
Студентски конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија
Известување за студентите на втор циклус студии по Хемија
Органска хемија 2 Експериментална органска хемија Анализа на нафтени деривати и горива Хемија на природни производи Основи на органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ) Крајниот испит се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: понеделник 03 Ноември (понеделник 10-13h, ИХ АМФ), 07 Ноември (петок, 13-16 h, ИХ АМФ)). Потврдете го вашето присуство 3 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfJmIL0snpgwrHSdSO2okjsGSQDfbUmuyKHG_hR-PzXSHfZQQ/viewform?usp=header Проф. д-р Јане Богданов
Термини за полагање дополнителна (ноемвриска сесија) 2025/2026 (03 Ноември - 07 Ноеммври, 2025)
Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, имаат потис од асистент/демонстратор, а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.
Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2025/2026
First US-Macedonian Workshop on Modeling in Chemistry and Biochemistry
Академик Глигор Јовановски, редовен професор во пензија при Институтот за хемија и член на МАНУ –ДОБИТНИК на Државната награда „11 Октомври“ за 2025 година
Државната награда „11 Октомври“, како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија, годинава е доделена и на нашиот долгогодишен професор и академик Глигор Јовановски. Тој претставува еден од главните протагонисти во Македонија за развојот на хемијата како и на подрачјето од природно-математичките науки. Со неговото маркантно научно дело, сеопфатната академска, педагошка и научноистражувачка дејност, тој има клучна улога за развојот на Институтот за хемија, а со тоа и на Природно-математичкиот факултет како дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на МАНУ.
Академик Јовановски е врвен научник во областа на структурната хемија со меѓународно признат истражувачки опус. Освен тоа, претставува и втемелувач на научни области и методи од полето на хемијата кои претходно не постоеле во Македонија, како што се кристалохемијата и методите за испитување на микроскопскиот свет на цврсти супстанци со дифракција на рендгенски зраци. Преку научноистражувачка дејност изведена според највисоки академски критериуми и етички норми на кои беспрекорно им служи, обемна педагошка работа која покрива десетици научни дисциплини, академик Јовановски напрaви суштествен придонес за развојот на науката во Македонија. Главно, неговите трудови опфаќаат две системски проблематики: структурни истражувања на сахаринот и неговите соедиинеија, како и структурно-спектроскопските студии на минералите од Македонија.
Во неговиот грандиозен академски дострел се вбројуваат авторство и уредништво на десетици монографски публикации, авторството на два универзитетски учебника како и учества во преводи на научна литература. Неговиот опус дополнително вклучува и 235 научни трудови во 62 различни меѓународни списанија ширум светот, од кои 153 се објавени во списанија со фактор на влијание. Овие резултати се цитирани повеќе илјади пати во светската научна литература, со што Јовановски се вбројува во редот на најцитираните научници од Македонија.
Распоред на часови по предметот Спорт и здравје
Универзитет “Св.Кирил и Методиј” - Скопје
Факултет за физичко образование, спорт и здравје
Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент
Распоред на часови зимски семестар 2025/26 Природно математички факултет
|
Термин |
Понеделни |
Вторник |
Среда |
Четврток |
Петок |
|
|
|
|
|
|
|
|
8.00 |
|
|
|
|
|
|
9.30 |
|
|
|
|
|
|
11.00 |
|
|
|
|
|
|
12.30 |
|
|
|
|
|
|
14.00 |
|
|
|
|
|
|
15.30
|
ПМФ Биологија (Молекуларна биологија со генетика, Наставен кадар) Географија(Туризам) (голема сала) |
ПМФ Хемија+ Биол. (Екологија и живот средина, Биохемија и физиологија 2 г.) (голема сала) |
ПМФ Математика Биологија (Нутриционизам, Биохемија и физиологија 1 г.) (голема сала) |
|
|
Наставата по предметот спорт и задравје отпочнува од 13.10.2026 година на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.
Одговорен Наставник
вон. проф. др. Стаменов Ристо