Соопштенија

28 септември 2024

Предавање на професор Leonardo Lari од University of York (UK)

Почитувани,

На ден 30.09.2024 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, професор Leonardo Lari од University of York, UK, ќе одржи предавање под наслов:

„Seeing the oxidation and reduction on atomic scale: Transmission electron microscopy on 3d metal oxides“

Предавањето ќе се одржи во предавална 124 на Институтот за хемија.


28 септември 2024

Прв академски час во учебната 2024/2025 година

Почитувани,
На ден 01.10.204 година (вторник)  ќе се одржи првиот академски час во учебната 2024/2025 година, во амфитеатарот "проф. д-р Ордан Печијаре"- (приземје во горната зграда на Факул­тетот).
Со свеченоста  ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.
Настанот ќе се одвива во два дела:
Свечeност на УКИМ
10:00 Плато на УКИМ (покана 
Свечeност на ПМФ
13:00 часот, обраќање на деканот на Факултетот, Проф. д-р Даворин Трпески
13:30 часот, врачување на индекси на Институтот за хемија (долна зграда, амфитеатар)


18 септември 2024

Рокови и начин на упис на зимски семестар 2024/25 година (од втора година нагоре)

Соопштение за упис на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година за студентите од прв циклус

Се известуваат редовните и вонредните студенти на прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет - Скопје, дека уписот на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година ќе се одвива како целосно дигитализиран процес од 18.09.2024 до 30.09.2024 година, согласно упатството/пораката која веќе ви е испратена од iknow администраторот.
„Оn-line" уписот на предмети од зимски семестар е задолжителен, следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство.
Студентите треба да ги извршат уплатите под реден број 1, 2, 3 и 4 електронски, со платежна картичка, директно од профилот на студентот во iKnow-системот.
1. уплатени средства за упис на зимскиот семестар во учебна 2024/2025 година, се уплаќа на жиро-сметката на Факултетот, за студентите запишани во една од квотите:
- редовни со партиципација (*државна квота) или
- редовни со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање – кофинансирање) или
- вонредни со школарина (*со поднесување на трошоците за студирање - кофинансирање).

2. уплатени средства во износ 1500,00 денари за материјални трошоци поврзани со реализација на студиската програма, се уплаќа на жиро-сметката на Факултетот;
- назив и седиште на примач ПМФ – СКОПЈЕ
- банка на примач НБРСМ
- трансакциска сметка 100000000063095
- сметка на буџетскикорисник на ПМФ 1600110804788 19
За точка 1
- приходна шифра програма начин 723012 - 41 – 2
- цел на дознака (упис на зимски семестар во уч.2024/2025 г. студиска програма ____)
За точка 2
- приходна шифра програма начин 723019 - 41 – 2
- цел на дознака (за материјални трошоци поврзани со реализација на студиската програма).

3. уплатени средства во износ од 750,00 денари се уплаќа на жиро сметка на Универзитетот, за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Овој надоместок, студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
4. Уплатени средства во износ од 100,00 денари за електронско запишување и заверување на семестар, се уплаќа на жиро-сметката на Универзитетот:
на жиро-сметката 100000000063095
депонент: НБРСМ,
со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
За точка 3
приходна шифра програма начин 723012 - 41 – 2
цел на дознака за (ИКСССА–ПМФ)
За точка 4
приходна шифра програма начин 723019 - 41 – 2
- цел на дознака (за електронско запишување и заверување на семестарот)

Студентите ќе бидат дополнително известени во кој период ќе треба да ги достават во Одделението за студентски прашања:
• Пријавниот лист за прв циклус од Државниот завод за статистика на РСМ (образец ВОИ.20) и
• Индексот, за да биде потврден уписот со печати на страницата за семестарот. Студентите задолжително да ги впишат предметите кои ќе се запишат во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година.

Подршка и начин на комуникација со студентите со Одделението за студентски прашања
Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, до одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси:
-lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (Институтот за биологија, студиски програми: биологија-наставни кадри за средно образование, биохемија и физиологија, нутриционизам, екологија и животна средина и двопредметни студии по биологија–хемија);
-elenat@pmf.ukim.mk (Институтот за биологија, студиската програма: молекуларна биологија со генетика);

-ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтите за: математика, физика, географија и двопредметни студии по математика-физика)
-elenad@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтот за хемија, сите студиски програми на Институтот за етнологија и антропологија),
-keti@pmf.ukim.mk Раководител на Одделението за студентски прашања
17.09.2024 год. од Деканатот

 

Важни напомени кон соопштението за упис (ТУКА)

Упатство за електронско заверување и запишување семестри (ТУКА)

Барање за делумно ослободување со просек

Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС кредити

Барање за стекнување со статус на особено успешен студент

Услови и постапка за стекнување на статус на особено успешен студент

Делумно ослободување од партиципација на особено успешен студент

Барање за замена на изборен предмет

Барање за плаќање на рати

Општо барање

Одлука за запишување 36-40 ЕКТС

Одлука за ослободување од 50 % од партиципација за студенти со меѓународни дипломи/признанија од спортски натпревари


16 септември 2024

Оглас за избор на демонстратори во учебната 2024/2025

Почитувани, 
Природно-математичкиот факултет - Скопје распишува оглас за избор на демонстратори во учебната 2024/2025 година.
Институтот за хемија има потреба од 4 демонстратори.

Повеќе детали ТУКА.


16 септември 2024

Известување за роковите и начинот на упис на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година

Почитувани студенти,
Ве известуваме дека запишување на зимскиот семестар во учeбната 2024/2025 година, ќе започне од 18.09.2024 г. наместо од 16.09.2024 година (табела) и истото ќе се одвива како целосно дигитализиран процес на Универзитетот.
Почнувајќи од зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година, запишувањето и заверувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци ( образец за запишување на семестар и образец за заверување на семестар) на шалтерите на Одделението за студентски прашања. Уплатите, исто така ќе се одвиваат по електронски пат, преку Iknow системот.
Поради технички усогласувања во системот, новите функционалности ќе бидат набрзо достапни за користење од страна на студентите, а  соопштението за запишување на семестарот и постапката ќе биде објавена на 17.09.2024 година.
Во табелата  се дадени роковите за упис на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година.

 Редовен рок

 18.09.2024 до 30.09.2024 г

 /

 Запишување на семестар по истекот на рокот

  01.10.2024 г. до 14.10.2024 г.

со поднесено барање со образложение и уплата  на надоместок за задоцнето запишување во износ од 1.500 денари, при поднесување на барањето

 Мирување на студиите

 до 14.10.2024 г.

со поднесено барање со образложение и соодветна документација, како доказ, за причините на мирувањето и уплата  на надоместок за мирување во износ од 2.000 денари, при поднесување на барањето

 Рокови за одбрана на дипломска работа

 до 14.10.2024 г.

студентите се ослободуваат од запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година

 13.09.2024 г.                                                                                                               од деканатот,


02 септември 2024

Термини за испити по предметот Англиски јазик

2024  ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2023/2024 ГОДИНА

 АНГЛИСКИ ЈАЗИК, за студентите од Институтите за хемија и за математика
Проф. д-р Солзица Поповска -  Филолошки  факултет 
solzica_popovska@yahoo.com 

I декада

4.09. 2024 во 11.15 ч. во Сала за толкување на Филолошки факултет

II декада

17.09.2024 во 11.15 ч. во Сала за толкување на Филолошки факултет 


22 август 2024

Термини за испити по предметите Педагогија, Психологија и Македонски јазик 

2024  ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО  УЧ.2023/2024 ГОДИНА

 ПСИХОЛОГИЈА
Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет
kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

26.8.2024 од 10.00 часот во Големиот амфитеатар  на Филозофскиот факултет во Скопје.

II декада

10.9.2024 од 10.00 часот во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје.

 ПЕДАГОГИЈА
Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет
borcekostov@yahoo.com 

I декада

26.08. (понеделник) во 11 часот во предавална 10 на Филозофскиот факултет во Скопје.

II декада

03.09. (вторник) во 11 часот во предавална 10 на Филозофскиот факултет во Скопје.

 МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 
 s.sazdov@yahoo.com 

      I декада

13.9.2024 во 9 часот во амфитеатар А1 на Филолошки факултет

II декада

24.9.2024 во 9 часот во амфитеатар А1 на Филолошки факултет


19 јули 2024

Институтот за хемија успешно се претстави на саемот на универзитети УНИКОМПАС

На 06.07.2024 се одржва најголемиот саем на универзитети во Македонија - УНИКОМПАС. Претставници од Институтот за хемија успешно го промовираа нашиот институт, преку изведба на интерактивни експерименти и споделување на информации во врска со уписните рокови, студиите и студентскиот живот. Успешно беа претставени и можностите кои Институтот за хемија ги нуди за учество во научно-истражувачки активности, како и можностите за вработување на идните хемичари.


19 јули 2024

Johnson Matthey објавува повик за стипендии за магистерски и докторски студии по хемија

Johnson Matthey објавува повик за стипендирање на студенти за магистерски и докторски студии по хемија. За повеќе детали посетете го линкот: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/452981/MasterPhD-Stipend/
Повикот трае до 15 август.


10 јули 2024

Термини за полагање на практичниот дел од испитите на Катедрата за општа физиологија и имунологија, Институт за биологија

Практичниот дел од испитите по предметите:

Општа физиологија 1, Општа физилогија 2, Имунохемија со имунологија за АБХ
ќе се реализираат во термините:

11.09.2024 год, 12-14 часот и
25.09.2024 год., 12-14 часот.

Студентите имаат право да полагаат во еден од наведените термини и треба задолжително да се запишат во списокот:

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1oRdURZ2tquWwirlI01TO09Qc8_gHXE-C_TwTu06hLgo/edit?gid=0#gid=0


| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.