Соопштенија

20 август 2025

Краен испит по предметите:

Органска хемија 1

 Органска хемија 2

Експериментална органска хемија

 Анализа на нафтени деривати и горива

Хемија на природни производи

Органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ)

 Крајниот испит се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: четврток 27 Август (среда 12-15 h, ИХ АМФ),  03 Септември (среда, 12-15 h, ИХ 124), 26 Септември (петок, 12-15 h, ИХ 124).  Потврдете го вашето присуство 3 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScvN8nR_2VNzKNCc4ErkmCe5XZFXN8LJ473EXqF8zHVj-AEEg/viewform?usp=sharing&ouid=109281038926441884069

Проф. д-р Јане Богданов

Термини за полагање Летен семестар 2024/2025  (20 Август - 26 Септември, 2025)

Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, имаат потис од асистент/демонстратор,  а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.


02 јули 2025

Предавање: The Chemical Dance of Air Pollution Shaping Our Climate and Home

Почитувани студенти,
На 02.07.2025 година (среда) во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија проф. д-р Сашо Глигоровски од State Key Laboratory of Organic Geochemistry, Guangzhou Institute of Geochemistry, Chinese Academy of Sciences, Кина, ќе одржи предаавање на тема: The Chemical Dance of Air Pollution Shaping Our Climate and Home. Предавањето е од интердисциплинарен карактер и ги засега сите дисциплини од природните науки, а пред се е наменето за студентите од трите циклуси на студии. Предавањето е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM), со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети. Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието. По предавањето, студентите ќе може да продискутираат со професорот на теми кои се од взаемен интерес. Повелете!


01 јули 2025

СООПШТЕНИЕ за одбрана на дипломска работа

На 1 јули, со почеток во 12 часот, во пред. 124, ќе се одржи јавна одбрана на дипломска работа на

тема "ВАЛИДАЦИЈА НА UV/VIS СПЕКТРОФОТОМЕТРИСКИ МЕТОД ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЦИПРОФЛОКСАЦИН ВО CITERAL® КАПКИ ЗА ОЧИ/УШИ" на кандидат Лина Божиновска 

26.06.2025

проф. Горан Стојковиќ


14 јуни 2025

Термини за полагање на предметот Англиски јазик во втората испитна сесија во учебната 2024/2025 година

2025 ВТОРА (летна) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО  УЧ.2024/2025 ГОДИНА
- надворешни професори -

АНГЛИСКИ ЈАЗИК 
Проф. Солзица Поповска
Институт за  математика
Институт за хемија
solzica_popovska@yahoo.com

 I декада

 16.06.2025 г. на Институтот за хемија, амфитеатар, во 9:00 чaсот 

 II декада

30.06.2025 г. на  Институт за хемија, амфитеатар, во 9.00 часот 

 12.06.2024 г.                                                                                                од деканатот,


02 јуни 2025

Органска хемија 1

 Органска хемија 2

Експериментална органска хемија

 Анализа на нафтени деривати и горива

Хемија на природни производи

Органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ)

 Крајниот испит се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: четврток 5ти Јуни (четврток 12-15 h, ИХ П124),  13ти Јуни (петок, 13-16h, ИХ АМФИТЕАТАР), 20ти Јуни (петок, 12-15 h, ИХ АМФИТЕАТАР)  и 4ти Јули (петок, 12-15 h, ИХ П124),  Потврдете го вашето присуство 2 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_axSh8EplqoLYyp3CyiAy3LxqwOeufjSy9RZOpbpoPzvLOQ/viewform?usp=sharing&ouid=109281038926441884069

Проф. д-р Јане Богданов

 

 Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, имаат потис од асистент/демонстратор,  а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит.

Термини за полагање Летен семестар 2024/2025  (2 Јуни - 4 Јули, 2025)


26 мај 2025

Термини за полагање на предметот ПСИХОЛОГИЈА во втората испитна сесија  во учебната 2024/2025 година 

 

Термини за полагање на предметот  ПСИХОЛОГИЈА
во втората испитна сесија  во учебната 2024/2025 година 
Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет
kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

9.06.2025 г. во 11:00 ч.
во електронска училница при Филозофскиот факултет 

II декада

19.06.2025  во 10:00 ч.
во електронска училница при Филозофскиот факултет

23.05.2025 Од деканатот


22 мај 2025

Термини за полагање на предметот ПЕДАГОГИЈА во втората испитна сесија  во учебната 2024/2025 година

Термини за полагање на предметот   ПЕДАГОГИЈА
во втората испитна сесија  во учебната 2024/2025 година 
Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет
borcekostov@yahoo.com       

I декада

 2 јуни (понеделник) 2025 г. во 10 часот во предавална број 10, на Филозофски факултет

II декада

17 јуни (вторник) 2025 г. во 10 часот во предавална број 10, на Филозофски факултет

21.05.2025 Од деканатот,


08 април 2025

Повик за практикантство во РЕПЛЕК

Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.

Програмата вклучува од еден до три месеци практикантска работа, учење од професионалци – експерти во областа, учење на процесите и вклучување во секојдневните активности во работењето.

Повеќе информации ТУКА.


08 април 2025

ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ

На 14 и 15 април, на кампусот на техничките факултети на УКИМ, ќе се одржи Ден на кариерен развој.

Настанот има цел да ги доближи компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности. Студентите ќе можат да остварат директен контакт со компаниите-учесници и да се информираат за понудите за вработување и практикантство за време на и по завршувањето на студиите.

Настанот е во организација на УКИМ и Центарот за кариера на УКИМ, овојпат во соработка со Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) - Скопје, а по повод нивниот 20-годишен јубилеј.


07 април 2025

Известување за консултациите и презентација на семинарските работи за студентите по предметот Спорт и здравје, кои имаат добиено условен потпис

Се известуваат студентитите од Природно-математичкиот факултет-Скопје,  кои имаат добиено условен потпис за предметот Спорт и здравје дека  консултациите и презентација на семинарските работи за студентите,  ќе се одржат во Среда 09.04.2025год од 9 до 12 часот на ФФОСЗ.

 Студентите кои имаат добиено потпис и го имаат положено предметот, нека не го зимаат во предвид ова известување.

 07.04.2025 г.                                                           Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.