Соопштенија

17 јануари 2025

Краен Испит

Експериментална органска хемија

Анализа на нафтени деривати и горива

Хемија на природни производи

Органска хемија (нутриционизам, Инст. за Биологија, ПМФ)

 Крајниот испит се полага во заеднички термин и просторија со останатите групи на Институтот за хемија.Термините за полагање се: петок 17ти Јaнуари,  24ти Јануари, 31ви Јануари  и 7ми Февруари. од 12-15 часот во Амфитеатар на ИХ. Потврдете го вашето присуство 2 дена пред датумот за полагање преку регистрација на Google form:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdl5YcfyrvgjK6aXY1xU1VrDtXQv7_Gn8nng-sENz8wA71bAw/viewform?usp=sharing

Проф. д-р Јане Богданов

Право на полагање на испит ќе имаат САМО оние студенти кои уредно го имаат пријавено испитот на iknow, имаат потис од асистент/демонстратор,  а на полагањето ќе носат индекс и хартиена пријава за испит


14 јануари 2025

Конкурс за запишување студенти на втор циклус во академската 2024/2025 година

Почитувани студенти,
На следниот ЛИНК може да го најдете конкурсот за запишување студенти на втор циклус во академската 2024/2025 година (втор рок).
Рокови за пријавување и запишување:

- 3-14.02.2025 - пријавување на кандидатите
- 20-21.02.2025 - запишување на кандидатите

На следниов ЛИНК можете да најдете информација за слободните места за запишување студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2024/2025 година.
ВАЖНО: За запишување на втор циклус студии по хемија, кандидатот мора да поседува писмена согласност од менторот.


14 јануари 2025

Известување за термини за консултации и давање потписи по предметот Спорт и здравје за студентите од прва година

Почитувани студенти,

Ве известувам дека термините за консултации и давање потписи (за реализирани обврски) по предметот Спорт и здравје,  слушан во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година е даден во следнава табела: 

Понеделник

Вторник

Час

13.01.2025

 14.01.2025

14:00

20.01.2025

 21.01.2025

14:00

 

 

 

 

Консултациите ќе се одржуваат на  Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети.

Од одговорниот професор, проф. д-р Ристо Стаменов


03 јануари 2025

Термини за првата испитна сесија во учебната 2024/2025 година од надворешните професори

Термини за првата испитна сесија во  уч.2024/2025 година од надворешните професори

ПСИХОЛОГИЈА
Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет
kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

20.01.2025 понеделник
Психологија за ПМФ 10:00 часот, електронска училница, Филозофски факултет во Скопје

II декада

31.01.2025 петок
Психологија за ПМФ 11:00 часот, Електронска училница во Филозофски факултет

ПЕДАГОГИЈА
Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет
borcekostov@yahoo.com     

I декада

20 јануари 2025, понеделник во 11 часот, во предавална број 10 на Институтот за педагогија

II декада

 27 јануари 2025, понеделник во 11 часот, во предавална број 10 на Институтот за педагогија

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 
  s.sazdov@yahoo.com 

I декада

28.1.2025 во 10 часот во П4 на Филолошки факултет  

II декада

10.2.2025 во 10 часот во А1 на Филолошки факултет


11 декември 2024

Програма за одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на свеченостите по повод одбележувањето на Денот на Природно-математичкиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 16-ти декември, со следната

 П Р О Г Р А М А

16.12.2024 г. (понеделник),
Природно-математички факултет-Скопје

 11:00 часот
   Свеченоста ќе се одржи во амфитеатарот „Ордан Печијаре“- горна зграда 
            - Обраќањe на Деканот на Факултетот проф. д-р Даворин Трпески
            - Доделување признанија на пензионирани вработени на Природно-мате­мати­чкиот факултет - Скопје во 2024 година, за нивниот придонес во работата и развојот на Факултетот
            - Доделување признанија за 20 - години непрекината работа на Факултетот
            - Промоција на магистри
            - Доделување на награди на најдобро дипломирaните студенти

 11:45 часот
   Промоција на дипломираните студенти на соодветните институти

12 :30 часот
            - 
Коктел во холот во горната зграда на Факултетот

 Со почит,
            Д Е К А Н
Проф. д-р Даворин Трпески


04 декември 2024

Пофалници и награди за најуспешните студенти

Почитувани студенти,

Во рамки на активностите по повод 16-ти Декември патрониот празник на Факултетот, се доделуваат дипломи за дипломираните студенти и пофалници за постигнат успех и најдобри студенти по години (прва, втора и трета).

Критериумите за доделување пофалница се: просек над 8,50 и да бидат положени сите предмети од претходните години заклучно со дополнителната ноемвриска сесија.

Сите студенти кои ги исполнуваат наведените критериуми имаат право да се пријават, најдоцна до 11.12.2024 год.

Заради евалуација и рангирање потребно е да прикачите документ со скенирани страници од вашиот индекс. До пријавата можете да пристапите на следниот ЛИНК.

Од Раководител на Институт за хемија


02 декември 2024

Промоција на терминолошки речник: хемија

Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ при МАНУ
и
Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
имаат чест да Ве поканат на промоцијата на терминолошкиот речник:
ХЕМИЈА
во рамките на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија
Промоцијата ќе се одржи во Амфитеатарот на МАНУ, на 4 декември (среда) 2024 година, во 12 ч.
Обраќање на акад. Живко Попов, претседател на МАНУ
Обраќање на акад. Витомир Митевски, раководител на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија
Обраќање на проф. д-р Валентин Мирчески, промотор на изданието
Обраќање на акад. Глигор Јовановски, раководител на проектот Хемиска терминологија

 ***

Коктел

 


30 ноември 2024

Отворен ден на УКИМ

Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“, којшто ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина:
11 – 13 часот и 13 – 15 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера и сите останати можности.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности.
Посетете ги факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните просторни капацитети, амфитеатри и лаборатории.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 5 декември!


30 ноември 2024

Предавање на професор Кирил Христовски од Arizona State University (USA)

Почитувани колеги, 

На ден 05.12.2024 година (четврток), со почеток во 11.00 часот, професор Кирил Христовски од Arizona State University, USA, ќе одржи предавање под наслов: 

Are living organisms nothing more than sophisticated Carnot engines? The use of microbial potentiometric sensors to assess the thermodynamics of life. 

Предавањето ќе се одржи во предавална 101 на Институтот за хемија.


20 ноември 2024

Термини за испити по предметот Македонски јазик во ноемвирска испитна сесија

НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во
учебната 2024/2025 година 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 
  s.sazdov@yahoo.com 

22 ноември 2024 г. во 9:15 часот А3 (Голем амфитеатар) на
Филолошкиот факултет


| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.